Маркиф Морис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маркиф Морис

Markieff Morris 2017.jpg

Лични информации
Роден на 2 септември 1989 (1989-09-02) (32 г.)
Роден во Филаделфија, Пенсилванија
Националност САД САД
Висина 2,03 м
Тежина 111 кг
Позиција крилен центар
Информации за кариерата
Колеџ Канзас (2011–2013)
Драфт 2011 / Рунда: 1 / Пик: 13
Избран од:
Финикс Финикс Санс
Проф. кариера 2011—
Моментален клуб
Клуб Л.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс
Број 88
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2011—2016
2016—2019
2019
2019—2020
2020—
Финикс Финикс Санс
Вашингтон Вашингтон Визардс
Оклахома Оклахома Тандер
Детроит Детроит Пистонс
Л.А. Лејкерс Л.А. Лејкерс


Маркиф Морис (роден на 2 септември 1989 година) е американски кошаркар, крилен центар на Лос Анџелес Лејкерс во НБА.

Животопис[уреди | уреди извор]

Морис е роден во Филаделфија, Пенсилванија. Тој има четири браќа Донте, Блејк, Дејвид и близнакот Маркус, кој исто така е кошаркар и моментално игра за Лос Анџелес Клиперс.[1]

Колеџ[уреди | уреди извор]

Морис се запишал на Универзитетот во Канзас, каде што завршил американски студии.[1] За време на студиите тој играл колеџ кошарка за Канзас Џејхокс, станувајќи член на почетната постава дури во неговата трета сезона која му била и најдобрата на колеџот со просек од 13.6 бода и 8.3 скока по натпревар.

Тој и неговиот брат Маркус потпишале договор со спортски агент од Лос Анџелес и најавиле дека ќе конкурираат на НБА драфтот во 2011 година.[2]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Финикс Санс[уреди | уреди извор]

Морис со Санс во 2012

Морис бил избран од Финикс Санс како 13-ти пик на НБА драфтот 2011, додека неговиот брат Маркус бил избран од Хјустон Рокетс како 14-ти пик само 5 минути подоцна.[3] Своето НБА деби го имал на 26 декември 2011, на возраст од 22 години, во натпреварот на домашен терен против Њу Орлеанс Хорнетс кој сонцата го загубиле со 84-85; Морис играл безмалку 25 минути, забележувајќи 7 бода, 9 скока, 2 асистенции, 2 украдени топки и 1 загубена топка. На 18 јануари 2012, го имал својот прв старт во НБА во натпреварот против Њујорк Никс, но поради стомачен вирус одиграл само 5 минути во кои постигнал 3 бода. Во февруари 2012, тој учествувал на НБА натпреварот на ѕвездите во подем, што го направило првиот играч на Санс кој учествувал во овој натпревар од Амаре Стадемаер. Морис забележал 12 бода и 6 скокови за тимот на Шек. На 25 март, Морис ги постигнал највисоките за својата руки сезона 22 бода во победата со 108-83 над Кливленд Кавалирс.[4]

Во февруари 2013, неговиот брат Маркус бил трејдуван во Финикс Санс, каде повторно бил обединет со Маркиф по две години играње за одделни тимови. Со тоа тие станале само вторите браќа кои играле за Санс по Дик и Том ван Арсдејл. Исто така, тие станале првите браќа кои започнале за ист тим во еден НБА натпревар.

Својата најдобра сезона во дресот на Финикс Морис ја имал за време на сезоната 2014-2015. Пред почетокот на оваа сезона тој потпишал продолжување на својот договор со клубот.[5] На 17 ноември 2014 година, тој го имал својот прв натпревар во НБА со 30+ бодови, забележувајќи 30 бода во победата над Бостон Селтикс од 118-114.[6] Интересен момент се случил на 2 јануари 2015, кога тој и Маркус, заедно со соиграчите Горан и Зоран Драгиќ, сите четворица накратко играле заедно за „сонцата“ во текот на четвртата четвртина од победата со 112–96 над Филаделфија Севентисиксерс. Тоа било прв пат во историјата на НБА лигата два различни парови на браќа да играат заедно за ист тим истовремено.[7] На 13 јануари 2015 година, тој постигнал 35 бода во кариерата, со шут од игра 15 од 21, во победата над Кливленд Кавалирс од 107-100.[8] Тој ги започнал и одиграл сите 82 натпревари на Финикс во регуларниот дел од сезоната, забележувајќи просек од 15.3 бода, 6.2 скока и 2.3 асистенции по натпревар.

Неговата последна сезона во Финикс била облелжена со скандали, поради што била многу послаба од претходната. Тој најпрво бил казнет со 10.000 американски долари за штетно однесување на лигата со јавно барање за трејд еден месец порано.[9] Подоцна тој го загубил местото во почетната петорка на Санс, поради што влегол во кавга со тренерот Џеф Хорначек, па бил казнет со два натпревари суспензија од клубот.[10] Конечно, за време на неговиот последен натпревар со Санс на 10 февруари против Голден Стејт Вориорс, Морис и неговиот соиграч Арчи Гудвин влегле во физичка расправија на клупата и биле снимени како се расправаат за време на тајмаут. Расправијата ескалирала во туркање меѓу двајцата играчи, поради што соиграчите морале брзо да интервенираат и да ги разделат Морис и Гудвин.[11]

Вашингтон Визардс[уреди | уреди извор]

Морис забива во натпреварот против Детроит Пистонс во 2016.

На 18 февруари 2016 година, Морис бил трејдуван во Вашингтон Визардс во замена за ДеХуан Блер, Крис Хамфрис и заштитен топ 9 пик на НБА драфтот 2016.[12] Следниот ден, тој дебитирал за Визардси во победата со 98–86 над тимот на неговиот брат, Детроит Пистонс, запишувајќи шест бода и два скока за 22 минути.[13] На 29 февруари 2016 година, тој го забележа својот прв дабл-дабл како играч на Визардс со 16 бода и 13 скока во победата над Филаделфија Севентисиксерс од 116-108.[14]

Следната сезона, Морис одиграл 76 натпревари со просек од 14 бода и 6.5 скокови по натпревар помагајќи им на Визардс со скор од 49-33 да се пласираат во плејофот како четврти носители на истокот. Тие исто така ја освоиле својата прва титула во Југоисотчната дивизија од сезоната 1978-1979. Во своето НБА плејоф деби, Морис забележал 21 бод во поразот со 114-107 од Атланта Хокс.[15]

На 7 февруари 2019 година, Морис бил трејдуван со избор од вториот круг на драфтот во 2023 година во Њу Орлеанс Пеликанс во замена за Весли Џонсон.[16] Следниот ден тој бил отпуштен од Пеликанс.[17]

Оклахома Сити Тандер[уреди | уреди извор]

На 20 февруари 2019 година, Морис потпишал со Оклахома Сити Тандер.[18]

Откако одиграл само 24 натпревари со најниска минутажа дотогаш во кариерата, Морис одлучил да не го продолжи својот договор со Тандер за сезоната 2019-2020.[19]

Детроит Пистонс[уреди | уреди извор]

На 6 јули 2019, Морис потпишал за Детроит Пистонс.[20] Тој бил доведен како замена за почетниот крилен центар на Пистонс, Блејк Грифин, кој сезоната ја започнал повреден. Своето деби го имал против Индијана Пејсерс во победата со 110-119, завршувајќи го натпреварот со 8 бода, 3 скока и 2 асистенции. На 21 февруари 2020 година, Морис и Пистонс се согласиле за раскинување на договорот.[21]

Лос Анџелес Лејкерс[уреди | уреди извор]

Морис беше потпишан од Лос Анџелес Лејкерс на 23 февруари 2020 година.[22] Лејкерси се пласирале во плејофот, каде во полуфиналето на конференцијата играле против Хјустон Рокетс. Во победата во натпреварот број 2, влегувајќи од клупата, ветеранот придонел со 16 бода за 23 минути со шут од поле 6 од 8 и 4 од 5 од зад линијата 6,25. Во втората половина од натпреварот број 3, главниот тренер на Лејкерс Френк Фогел им се спротиставил на ниската постава на Рокетс стартувајќи со Морис на местото на Џавал МекГи и со поместување на Ентони Дејвис на позицијата центар.[23][24]

Статистика[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

НБА[уреди | уреди извор]

2019-2020

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 University of Kansas. „Player Bio Markieff Morris“. Kansas Athletics. Архивирано од изворникот на May 18, 2013. Посетено на May 3, 2011.
  2. „Morris twins sign with agent, will declare for draft“. Lawrence Journal-World. April 7, 2011. Посетено на May 3, 2011.
  3. Devine, Dan (June 23, 2011). „Twins Markieff and Marcus Morris go back-to-back in NBA draft“. Sports.Yahoo.com. Посетено на February 20, 2016.
  4. „Streaking Suns put away Cavs early to continue playoff push“. ESPN.com. March 25, 2012. Посетено на February 20, 2016.
  5. „Suns Sign Marcus and Markieff Morris to Extensions“. NBA.com. September 29, 2014. Посетено на December 25, 2015.
  6. „Morris, Suns pull out 118–114 win over Celtics“. NBA.com. November 17, 2014. Архивирано од изворникот на November 19, 2014. Посетено на December 25, 2015.
  7. „Green helps Suns pull away from 76ers, 112–96“. NBA.com. January 3, 2015. Архивирано од изворникот на September 1, 2017. Посетено на December 25, 2015.
  8. „James' 33 in return not enough, Cavs lose sixth straight“. NBA.com. January 14, 2015. Посетено на December 25, 2015.
  9. Stein, Marc (September 8, 2015). „Sources: Markieff Morris tweet clinched NBA's decision on $10K fine“. ESPN.com. Посетено на December 25, 2015.
  10. „Suns Suspend Morris“. NBA.com. December 24, 2015. Посетено на December 25, 2015.
  11. „Markieff Morris, Archie Goodwin in shoving match during timeout“. ESPN.com. February 11, 2016. Посетено на March 9, 2016.
  12. „WIZARDS ACQUIRE MARKIEFF MORRIS“. MonumentalNetwork.com. February 18, 2016. Посетено на February 18, 2016.
  13. „Wall scores 22 points to help Wizards beat Pistons 98–86“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. February 19, 2016. Посетено на February 20, 2016.
  14. „Wall scores 37 as Wizards rally to beat 76ers 116–108“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. February 29, 2016. Архивирано од изворникот на October 11, 2016. Посетено на March 1, 2016.
  15. „Wall scores playoff-best 32 as Wizards beat Hawks in Game 1“. ESPN.com. April 16, 2017. Посетено на April 16, 2017.
  16. „Wizards acquire Johnson from Pelicans“. NBA.com. February 7, 2019. Посетено на February 7, 2019.
  17. „Pelicans waive Markieff Morris“. NBA.com. February 8, 2019. Посетено на February 8, 2019.
  18. „Thunder Signs Markieff Morris“. NBA.com. February 20, 2019. Посетено на February 20, 2019.
  19. „Markieff Morris Won't Return to Thunder Next Season Without More Playing Time“. bleacherreport. Посетено на 4 јануари 2021.
  20. „Detroit Pistons Sign Free Agent Markieff Morris“. NBA.com. July 6, 2019. Посетено на July 6, 2019.
  21. „Detroit Pistons and Markieff Morris Reach Buyout Agreement“. NBA.com. February 21, 2020. Посетено на February 22, 2020.
  22. „Lakers Sign Markieff Morris“. NBA.com. February 23, 2020. Посетено на February 23, 2020.
  23. Ganguli, Tania (September 13, 2020). „No small feat: Five takeaways from Lakers' Game 5 win over Rockets“. Los Angeles Times. Посетено на September 14, 2020.
  24. McMenamin, Dave (September 13, 2020). „LeBron James leads dominant Los Angeles Lakers into Western Conference finals“. ESPN.com. Посетено на September 14, 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]