Есик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Есик
Eсik
Амблем на Есик
Амблем
Есик се наоѓа во Казахстан
Есик
место во Казахстан
Координати: 43°21′ СГШ 77°28′ ИГД / 
Земја Казахстан
Област Алмати
Првпат населен XIX
Основан 1858
Град 1968
Површина
 • Вкупна 25,8 км2
Надм. вис. 1.214 м
Население (2009)
 • Вкупно 34.355
Часовен појас UTC (UTC+6)
поштенски код 040400 (град)
Повик. бр. +7 72775
регистарска табличка 05, B

Есик (казашки: Есік, понекогаш запишано и како Исик, Јесик) е град во покраината Алмати во Казахстан, административен центар на округот Енбекшиказах . Сместен е на реката Исик, на подножјето на Тјеншан, 53 км источно од Алмати и 112 км од езерото Исик Ќол. Население: 34.355 (резултати од пописот во 2009 година);[1] 31.254 (резултати од пописот во 1999 година).[1]

Основан е од козаците во 1858 под името Надеждинскаја станица. Исик Курган и познатиот „златен човек“ се во близина.

Параден оклоп катафракт со златни крлушки од кралот на саките пронајден во Исик во Казахстан во 1970 година[2]

Блиското езеро Исик (не е големото езеро Исик Ќол во Киргистан) е познато по тоа што е создадено како резултат на лизгање на земјиштето кое ја преградило долината, за подоцна да биде уништено од уште едно лизгање на земјиштето во 1963 година, при што последици имали самиот град Есик, за повторно да биде создадено од човекот.

Американски мировни сили[уреди | уреди извор]

Есик бил домаќин на 20-тата група на Американските мировни сили OCAP (Organization and Community Assistance Program), доброволци во Казахстан кои тука го имале почетниот тренинг. 20 семејста ги здомиле доброволците за периодот од 3 месеци, почнувајќи од нивното пристигнување во земјата во август 2008 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Население Республики Казахстан“ (на russian). Департамент социальной и демографической статистики. http://stat.gov.kz/faces/wcnav_externalId/p_perepis?_afrLoop=303109293876207&_afrWindowMode=0&_afrWindowId=4kbaul183_104#%40%3F_afrWindowId%3D4kbaul183_104%26_afrLoop%3D303109293876207%26_afrWindowMode%3D0%26_adf.ctrl-state%3D4kbaul183_137. посет. 8 декември 2013 г. 
  2. K.A.Akishev "Issyk Mound, The art of Saka in Kazakhstan", Moscow Isusstvo Publishers 1978