Википедија:WikiGap Skopje 2020

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
SKOPJE EMBASSY OF SWEDEN RGB.jpg
Шведска Sverige.png
UN Women English No Tag Blue.png
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки маратони.svg

„WikiGap edit-a-thon Skopje 2020“ — локален настан во вид на уредувачки маратон на глобалната шведска иницијатива WikiGap со цел надминување на родовиот јаз, кој постои на самата Википедија и општо на семрежниот простор, кој е во организација на шведската амбасада во Скопје, здружението Споделено знаење, канцеларијата на Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) во Скопје, како и други партнери од невладиниот сектор за збогатување на Википедија на македонски јазик со статии за познати жени од Македонија. Овој настан се одржува трета година по ред по првото издание на истиот во 2018 година и одржаното второ издание во 2019 година. Овој пат настанот ќе биде спроведен без физичко присуство на уредниците, поради распространетоста на пандемијата на коронавирус. Настанот ќе биде посветен на влијателните жени низ историјата кои работеле на полето на медицината.

Настанот ќе се одржи на 30 септември 2020 година со почеток од 17:00 часот. На настанот учесниците ќе бидат воведени во работилницата, основите на уредувањето на Википедија и слободните лиценци, за потоа да следи уредувачки маратон.

Позадина[уреди извор]

Анимирано лого за настани за надминување на родовиот јаз

Википедија е најголемата и најкористена светска онлајн енциклопедија, чија содржина се создава од бројни доброволци. Од нејзиното создавање во 2001 година има околу 47 милиони статии на 299 јазици, а македонското јазично издание има над 107.000 статии и целта е да го собере целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.

Но, како и во други делови на општеството, постои родова нееднаквост на самата Википедија во однос на застапеност на статии за жени и за прашања поврзани со женските права или родовата еднаквост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е создавана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите.

Затоа, шведската амбасада со поддршка на Споделено знаење (Википедија на македонски јазик), ќе организира WikiGap уредувачки маратон за зголемување на бројот на текстови за влијателни жени од Македонија или од светот.

Што е WikiGap?[уреди извор]

Wikigap е всушност глобална шведска иницијатива со идеја за премостување на овие разлики и родови нееднаквости кои опстојуваат во онлајн светот, која до сега генерираше околу 13.000 нови или проширени биографии на жени на Википедија. Повеќе од 1.600 учесници во педесетина земји до сега беа вклучени во пишување статии за жени на повеќе од 30 јазици.

Што е уредувачки маратон?[уреди извор]

Уредувачките маратони (edit-a-thons) се настани на коишто заедниците, од типот на Википедија и други партнерски организации уредуваат содржини или подобруваат специфични теми или содржини.

Групна фотографија од учесниците на првиот уредувачкиот маратон посветен за надминување на родовиот јаз на Википедија на македонски јазик

Пред настанот[уреди извор]

Логото за претстојниот настан во Скопје

Ви благодариме што ни се придружувате заедно да придонесеме за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во интернет енциклопедијата Википедија на македонски јазик.

Корисни информации[уреди извор]

Искусните уредници на Википедија разбираат пред сè една работа: Википедија е соработка. Нема потреба да се грижите, бидејќи ја имате поддршката на целата заедница од истражувачи, прегледувачи и проверувачи на факти. На самиот настан, присутен ќе биде тимот на Споделено знаење одговорен за Википедија на македонски јазик, кои ќе помогнат со техничките аспекти и со секое ваше прашање.

Основни столбови на Википедија[уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Википедија:Пет столба.

Петте основни столбови на Википедија се:

  1. Википедија е енциклопедија;
  2. Википедија има неутрална гледна точка;
  3. Википедија е со бесплатна содржина која секој може да ја користи, уредува и дистрибуира;
  4. Википедија има кодекс на однесување со почит помеѓу сите википедијанци; и
  5. Википедија нема цврсти правила освен овие 5 принципи.

Пишување статии[уреди извор]

Создавањето на статија на Википедија е многу слично на пишување есеј, бидејќи вклучува наслов и поднаслови, текст и извори. Википедија има енциклопедиски стил на пишување и статиите се со формален начин на нарација, со конкретни реченици изградени од факти, а не мислења.

Веродостојност[уреди извор]

Кога го пишувате текстот и насловите, мислете на тоа што е битно, а што не, и користете што е можно повеќе веродостојни извори. Сите информации треба да се лесно проверливи. Наведете ги вашите извори за други да можат да ја проверат и прошират вашата статија.

Кога додавате информации во статиите, бидете сигурни дека се напишани со свои зборови. Запомнете дека сите информации најдени на интернет се заштитени освен ако вебсајтот специфично не го тврди спротивното.

Фотографии[уреди извор]

Најголемиот дел од фотографиите кои се најдени на интернет се заштитени со авторски права и не можат да бидат користени на Википедија. Фотографиите кои се користат најдобро би било да се преземени од Заедничката Ризница (сестрински проект на Википедија), складиште на слободни фотографии поради услови за фер користење.

Категории[уреди извор]

Поврзување со други статии кои се на слична тема како за таа која пишувате е исто така пожелно. Секоја статија би требала да биде поврзана со најмалку една категорија (на пр. Борки од Втората светска војна).

Извори[уреди извор]

Организаторите ќе обезбедат некои релевантни извори и книги, но доколку имате ваши извори земете ги со вас. Печатените извори (и семрежните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, како и онлајн извори. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор.

Друштвени медиуми[уреди извор]

Слободно споделувајте го настанот на друштвените медиуми пред, за време и по настанот со тарабната ознака #WikiGap и #WikiGapSkopje. Можете да го користите логото прикаченo на оваа страница.

WikiGap Skopje 2020[уреди извор]

На овој настан ќе се подобруваат теми и содржини на тема „Влијателните жени низ историјата кои работеле на полето на медицината“, односно ќе се обидеме да ја унапредиме родовата еднаквост и да ја подобриме застапеноста на жените на онлајн светот.

Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа:

  1. преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик;
  2. статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде создадена врз основа на стручна литература и сигурни и веродостојни извори.

Распоред[уреди извор]

Ден Активност Опис Место Време
30 септември Воведен дел вклучување на учесниците на платформата Zoom Zoom 16:45 - 17:00 ч.
Поздравно обраќање кратки поздравни обраќања на претставници од организаторите 17:00 - 17:30 ч.
Почетен курс за уредување како се уредуваат содржини на Википедија 17:30 - 18:00 ч.
Уредувачки маратон уредување статии 18:00 - 21:00 ч.

Zoom[уреди извор]

Најава на платформава преку следнава врска: тука (Meeting ID: 841 157 4792; Passcode: 888).

Содржина за уредување статии[уреди извор]

Кратко видео-упатство за тоа како се користи алатката за превод на статии на Википедија (видеото е на англиски јазик)

Подолу следи список на предложени теми за уредување статии на биографии на жени, составен од наслови кои ги нема на Википедија на македонски јазик, како и додатен список на статии кои се оскудни и треба да се подобрат. Волонтерите можат да изберат од овие два списока, но и да уредуваат статии за жени по свој избор, за кои имаат релевантни извори.

Најдолу на оваа страница е достапна и предлог-структура за изглед на биографска статија, која ќе го олесни уредувањето.

Пред уредувањето[уреди извор]

Задолжително: Секој учесник на маратонот да се пријави на следнава врска со своето корисничко име за да може да се следат неговите придонеси.

Одберете си статија[уреди извор]

За создавање или подобрување на статиите на биографии на жени може да се користат другите јазични изданија на Википедија, како и дигитализирани и други материјали.

Википедија на англиски јазик
Архива на Собрание

Списокот на статии кои може да се уредуваат е составен користејќи ја архивата на Собранието на Македонија, од која се извадени одредници за кои нема статии на Википедија на македонски јазик или пак истите може да се дополнат. (архива на пратеници во Собранието)

Македонска енциклопедијa

Списокот на статии кои може да се уредуваат е составен користејќи ја Македонската енциклопедија (не сите статии се од полето на медицината), од која се извадени одредници за кои нема статии на Википедија на македонски јазик. (книгите може да се најдат тука)

Предложени статии

Следува список на статии предложени од партнерските организации и самите учесници.

Алатка WikiGapFinder

Користете ја алатката WikiGapFinder за да најдете предлози за жени кои ги нема достапни на македонски јазик, доколку преведувате статии од друг јазик.

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 AnamarijaIvanova
2 Мартин Анѓелов
3 Teodora Mileska
4 Dandarmkd
5 Naumovska
6 Тамара Стаменковска
7 Borjanaarsova
8 ElenaSaveska
9 Bisera Samardjieva
10 Ssstanisha
11 Sara-Milenkovska94
12 Jesuisenchante
13 Mukaetova
14 Marija Bosh
15 Милица Папучиева
16 NikolinaRA 1
17 Monamirus
18 Ehrlich91
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија
  • 1 Статијата била избришана поради немање никакви извори подолго време, ниту личноста била доволно значајна.

Уредувачка седмица за родов јаз[уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Википедија:Родов јаз 2020.

По завршувањето на настанот следува отпочнување на седмица посветена за надминување на родовиот јаз. Оваа уредувачка седмица ќе отпочне во среда (30 септември 2020) во 21:00 часот и ќе трае до наредната среда (7 октомври 2020) во 21:00 часот.

За највредните корисници ќе следуваат награди обезбедени од шведската амбасада и од партнерската организација МладиХаб.

Прочитајте ги правилата и земете учество!

Костур на статија[уреди извор]

{{Инфокутија за личност
| име             = 
| портрет         = 
| опис            = 
| родено-име      = 
| роден-дата      = <!-- {{роден на|20|јуни|1920}} -->
| роден-место     = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.-->
| починал-дата    = <!-- {{починал на и возраст|df=yes|гггг|мм|дд|гггг|мм|дд}} (прво дата на смрт, а потоа дата на раѓање) -->
| починал-место   = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.-->
| починал-причина = 
| националност    = 
| познат          = <!-- овде треба да стои по што е позната личноста -->
| наставка        = а
| занимање        = 
| сопружник       = 
| татко           = 
| мајка           = 
| родители        = 
| роднини         =
| деца            = 
}}

'''име''' ({{родена на|дд|јуни|гггг}}, во {{родена во|град}} — {{почината на|дд|октомври|гггг}}, {{почината во|град}}) — [[Македонија|македонска]] .<ref>{{МакЕнц|231|Бучим|I}}</ref><!-- (каде „231“ е бројот на страницата и „Бучим“ е насловот на статијата, а томот е I) -->

== Биографија ==

== Наводи ==
{{наводи}}

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:презиме, име}}
[[Категорија:Луѓе од град]]
[[Категорија:Македонски ]]

Поврзано[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]