Википедија:WikiGap Skopje 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
SKOPJE EMBASSY OF SWEDEN RGB.jpg
Шведска Sverige.png
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки маратони.svg

„WikiGap edit-a-thon Skopje 2019“ — локален настан во вид на уредувачки маратон на глобалната шведска иницијатива WikiGap со цел надминување на родовиот јаз, кој постои на самата Википедија и општо на семрежниот простор, кој е во организација на шведската амбасада во Скопје и здружението Споделено знаење. Овој настан се одржува втора година по ред по успешното прво издание на истиот во 2018 година. Овој пат настанот ќе биде посветен на влијателните жени низ историјата кои работеле на развојот и унапредувањето на демократијата и човековите права.

Настанот ќе се одржи на 16 октомври 2019 година во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ; видете карта) во Скопје. На настанот учесниците ќе бидат воведени во работилницата, основите на уредувањето на Википедија и слободните лиценци, за потоа да следи уредувачки маратон за влијателните жени низ историјата кои работеле на развојот и унапредувањето на демократијата и човековите права, кои не се видливи на интернет-просторот.

Позадина[уреди извор]

Анимирано лого за настани за надминување на родовиот јаз

Википедија е најголемата и најкористена светска онлајн енциклопедија, чија содржина се создава од бројни доброволци. Од нејзиното создавање во 2001 година има околу 47 милиони статии на 299 јазици, а македонското јазично издание има над 102.000 статии и целта е да го собере целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.

Но, како и во други делови на општеството, постои родова нееднаквост на самата Википедија во однос на застапеност на статии за жени и за прашања поврзани со женските права или родовата еднаквост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е создавана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите.

Затоа, шведската амбасада со поддршка на Споделено знаење (Википедија на македонски јазик), ќе организира WikiGap уредувачки маратон за зголемување на бројот на текстови за влијателни жени од Македонија или од светот.

Што е WikiGap?[уреди извор]

Wikigap е всушност глобална шведска иницијатива со идеја за премостување на овие разлики и родови нееднаквости кои опстојуваат во онлајн светот, која до сега генерираше околу 13.000 нови или проширени биографии на жени на Википедија. Повеќе од 1.600 учесници во педесетина земји до сега беа вклучени во пишување статии за жени на повеќе од 30 јазици.

Што е уредувачки маратон?[уреди извор]

Уредувачките маратони (edit-a-thons) се настани на коишто заедниците, од типот на Википедија и други партнерски организации уредуваат содржини или подобруваат специфични теми или содржини.

Групна фотографија од учесниците на првиот уредувачкиот маратон посветен за надминување на родовиот јаз на Википедија на македонски јазик

Пред настанот[уреди извор]

Логото за претстојниот настан во Скопје

Ви благодариме што ни се придружувате заедно да придонесеме за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во интернет енциклопедијата Википедија на македонски јазик.

Подготовка[уреди извор]

  • Пријавете се како волонтер за настанот на следниот формулар за учество (доколку веќе не сте го направиле тоа);
  • Регистрирајте се на Википедија до еден ден пред настанот - многу е едноставно;
  • Погледнете го списокот на предложени теми за уредување статии;
  • Размислете дали вие имате предлог за жени за кои треба да има статија на Википедија, а недостига или е оскудна;
  • Размислете од каде може да најдете извори на информации кои би се користеле за некоја биографска статија;
  • Вежбајте како се прават Википедија статии, на „песокот“, страница на која можете да правите тест-уредувања без да ги објавите; и

Корисни информации[уреди извор]

Искусните уредници на Википедија разбираат пред сè една работа: Википедија е соработка. Нема потреба да се грижите, бидејќи ја имате поддршката на целата заедница од истражувачи, прегледувачи и проверувачи на факти. На самиот настан, присутен ќе биде тимот на Споделено знаење одговорен за Википедија на македонски јазик, кои ќе помогнат со техничките аспекти и со секое ваше прашање.

Основни столбови на Википедија[уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Википедија:Пет столба.

Петте основни столбови на Википедија се:

  1. Википедија е енциклопедија;
  2. Википедија има неутрална гледна точка;
  3. Википедија е со бесплатна содржина која секој може да ја користи, уредува и дистрибуира;
  4. Википедија има кодекс на однесување со почит помеѓу сите Википедијанци; и
  5. Википедија нема цврсти правила освен овие 5 принципи.

Пишување статии[уреди извор]

Создавањето на статија на Википедија е многу слично на пишување есеј, бидејќи вклучува наслов и поднаслови, текст и извори. Википедија има енциклопедиски стил на пишување и статиите се со формален начин на нарација, со конкретни реченици изградени од факти, а не мислења.

Веродостојност[уреди извор]

Кога го пишувате текстот и насловите, мислете на тоа што е битно, а што не, и користете што е можно повеќе веродостојни извори. Сите информации треба да се лесно проверливи. Наведете ги вашите извори за други да можат да ја проверат и прошират вашата статија.

Кога додавате информации во статиите, бидете сигурни дека се напишани со свои зборови. Запомнете дека сите информации најдени на интернет се заштитени освен ако вебсајтот специфично не го тврди спротивното.

Фотографии[уреди извор]

Најголемиот дел од фотографиите кои се најдени на интернет се заштитени со авторски права и не можат да бидат користени на Википедија. Фотографиите кои се користат најдобро би било да се преземени од Заедничката Ризница (сестрински проект на Википедија), складиште на слободни фотографии поради услови за фер користење.

Категории[уреди извор]

Поврзување со други статии кои се на слична тема како за таа која пишувате е исто така пожелно. Секоја статија би требала да биде поврзана со најмалку една категорија (на пр. Борки од Втората светска војна).

Извори[уреди извор]

Организаторите ќе обезбедат некои релевантни извори и книги, но доколку имате ваши извори земете ги со вас. Печатените извори (и семрежните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, како и онлајн извори. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор.

Социјални медиуми[уреди извор]

Слободно споделувајте го настанот на социјални медиуми пред, за време и по настанот со хаштагот #WikiGap и #WikiGapSkopje. Можете да го користите логото прикачени на оваа страница.

WikiGap Skopje 2019[уреди извор]

На овој настан во Скопје ќе се подобруваат теми и содржини на тема „Влијателни жени“, односно ќе се обидеме да ја унапредиме родовата еднаквост и да ја подобриме застапеноста на жените на онлајн светот.

Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа:

  1. преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик;
  2. статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде создадена врз основа на стручна литература и сигурни и веродостојни извори.

Распоред[уреди извор]

Ден Активност Опис Место Време
16 октомври Воведен дел пристигнување на учесниците и неформално дружење и запознавање ФИНКИ 17:00 - 17:30 ч.
Поздравно обраќање кратко поздравно обраќање на амбасадорката на Шведска во Македонија и организаторите 17:30 - 17:45 ч.
Почетен курс за уредување како се уредуваат содржини на Википедија 17:45 - 18:00 ч.
Уредувачки маратон уредување статии со пауза за храна и дружење 18:15 - 21:30 ч.

Содржина за уредување статии[уреди извор]

Кратко видео-упатство за тоа како се користи алатката за превод на статии на Википедија (видеото е на англиски јазик)

Подолу следи, список на предложени теми за уредување статии на биографии на жени, составен од наслови кои ги нема на Википедија на македонски јазик, како и додатна листа на статии кои се оскудни и треба да се подобрат. Волонтерите можат да изберат од овие две листи, но и да уредуваат статии за жени по свој избор, за кои имаат релевантни извори.

На настанот ќе има достапна литература којашто ќе им послужи на учесниците во маратонот за уредување на статиите, а волонтерите да работат и со свои извори на информации.

На настанот ќе биде достапна и предлог-структура за изглед на биографска статија, која ќе го олесни уредувањето.

Списокот на статии кои може да се уредуваат е составен користејќи ја Македонската енциклопедија, од која се извадени одредници за кои нема статии на Википедија на македонски јазик. (книгите може да се најдат тука)

Исто така обезбедена е и достатна литература којашто ќе им послужи на учесниците во маратонот за уредување на статиите, а изработен и предлог-структура за изглед на биографска статија.

Македонска енциклопедија[уреди извор]

Предложени статии[уреди извор]

  • ВАЖНО: Секој учесник на маратонот задолжително да го внесе своето корисничко име во полето „учесник“ пред уредувањето на некоја статија. Доколку страницата ја уредува некој друг, системот ќе ви прати порака за спротивставено уредување, поради што обидете се повторно да го внесете вашиот податок.

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 P.dina06
2 Oliveradimovska2001
3 AnamarijaIvanova
4 Milica Papuchieva
5 MonikaRizovska
6 Domnikajs
7 Davidoff57
8 Stojkovskib12
9 Katerina Ivanova 00
10 Ivanebulae
11 Aurora Octavian
12 Мартин Анѓелов
13 Penchova
14 BiljanaJosifoska
15 DarkoCski
16 Teodora Mileska
17 Karafatska Kristina
18 Itisd
19 Ollie.kr87
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

Костур на статија[уреди извор]

{{Инфокутија за личност
| име             = 
| портрет         = 
| опис            = 
| родено-име      = 
| роден-дата      = <!-- {{роден на|20|јуни|1920}} -->
| роден-место     = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.-->
| починал-дата    = <!-- {{починал на и возраст|df=yes|гггг|мм|дд|гггг|мм|дд}} (прво дата на смрт, а потоа дата на раѓање) -->
| починал-место   = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.-->
| починал-причина = 
| националност    = 
| познат          = <!-- овде треба да стои по што е позната личноста -->
| наставка        = а
| занимање        = 
| сопружник       = 
| татко           = 
| мајка           = 
| родители        = 
| роднини         =
| деца            = 
}}

'''име''' ({{родена на|дд|јуни|гггг}}, во {{родена во|град}} — {{почината на|дд|октомври|гггг}}, {{почината во|град}}) — [[Македонија|македонска]] .<ref>{{МакЕнц|231|Бучим|I}}</ref><!-- (каде „231“ е бројот на страницата и „Бучим“ е насловот на статијата, а томот е I) -->

== Биографија ==

== Наводи ==
{{наводи}}

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:презиме, име}}
[[Категорија:Луѓе од град]]
[[Категорија:Македонски ]]

Поврзано[уреди извор]

Надворешни врски[уреди извор]