Епса Урумова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Епса Урумова
Родена Епса Димкова Урумова
14 октомври 1922
Велес, Кралство Југославија
Починала 21 декември 2013
Националност Македонка
Занимање докторка и професорка

Епса Урумова (р. 14 октомври 1922 во Велес) — македонска докторка, специјалист по патолошка анатомија и универзитетски професор на Медицинскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Таа е родена на 14 октомври 1922 година во Велес. Студирала медицина во Белград и во Софија, каде што и дипломирала (1948). Хабилитирала со трудот за Pneumocystis Carinii.

Се усовршувала во Загреб, Диселдорф, Келн и Базел, а за судска медицина во центрите во Љубљана, Загреб и Белград. Изведувала настава по патологија на новоформираниот Медицински факултет во Ниш. Била директор на Институтот за патолошка анатомија и шеф на Катедрата (1972–1981). Вовела експериментална патологија на очното јаболко, примена на диференцијални боења за специфични ткива во светлосната микроскопија и клиничко-патолошките научни конфронтации. Публикувала над 100 труда. Била претседател на Друштвото на патолозите на Југославија и го организирала 4. конгрес на патолозите на Југославија (1983).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Урумова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1535. Text "series " ignored (help)