Ратка Куљан-Зографска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ратка Куљан Зографска)
Ратка Куљан-Зографска
Пратеничка на Собранието на Македонија
Лични податоци
Роден(а) Ратка Куљан-Зографска
1951 (воз. 72–73 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Државјанство Македонија
Националност Македонка
Партија СДСМ
Занимање гинеколог

Ратка Куљан-Зографска (р. 1951 во Скопје) — македонска докторка и поранешен пратеник во Собранието на Македонија од страна на СДСМ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Медицинскиот Факултет во Скопје и работела како гинеколог-акушер. Била директорка на Гинеколошко-акушерската болница „Чаир“ во Скопје. До 2006 година била секретар во Министерството за здравство. По политичката кариера живее и работи во Скопје.

Член е на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ратка Куљан-Зографска“. www.sobranie.mk. Посетено на 2021-01-26.