Вера Долгова-Корубин

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вера Долгова - Корубин)
Вера Долгова-Корубин
Родена Вера Рампова
9 ноември 1925(1925-11-09)(98 г.)
Прилеп, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање патофизиолог
Сопружник Миле Корубин
Роднини Михаил Корубин Лиле Корубин, Дамјан Корубин
Деца Рубенс Корубин

Вера Долгова-Корубин (р. 9 ноември 1925 во Прилеп) — македонска докторка, универзитетски професор по медицина и патофизиолог.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград, Србија. Од 1953 до 1988 година работела во Институтот за патофизиологија и јадрена медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1982 до 1986 година е директор и шеф на Катедрата. Има објавено 127 труда и раководела повеќе научни проекти.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Доко“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 480. Text "series " ignored (help)