Метродора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Современ приказ на Метродора

Метродора (околу 200-400 г. н.е.) била грчки лекар и автор на најстариот медицински текст за кој се знае дека е напишан од жена, За болестите и лековите за жените (Περὶ τῶν Γυναικείων παθῶν τῆς μἠτρας).[1] Нејзиниот медицински трактат опфаќа многу области на медицината, вклучувајќи гинекологија, но не и акушерство . Многу медицински писатели во Стара Грција и Рим ја користеле оваа книга. Исто така, книгата била преведувана и објавувана во средовековна Европа. Ништо не е познато за Метродора освен нејзиното име.[2] Сепак, познато е дека неколку жени лекари постоеле во античкиот грчко-римски свет, и таа генерално се смета за првата жена која пишувала во полето на медицината.

За болестите и лековите на жените[уреди | уреди извор]

За болестите и лековите на жените преживува во два тома, и содржи 63 поглавја. Пристапот на Метродора бил под силно влијание на работата на Хипократ и Хипократскиот корпус, како и повеќето лекари од нејзината ера, таа ги споделувала теориите на Хипократ во врска во хистеријата. Метродора пишувала за контроверзни теми, вклучувајќи симптомтологија и етиологија ; на пример воспаление на матката. Таа дала свој уникатен придонес за унапредување на разбирање на медицинската теоријата и етиологијата.[3]

Иако женските лекари биле активни во гинекологијата и акушерството во Стара Грција и Рим, ретко се случувало жените лекари да се занимаваат со други области на медицината. Породувањето и акушерството во антиката биле сметани за прифатливи области на медицинска пракса за жени кои биле во можност да се здобијат со медицинска обука како лекари, во најголем дел поради античката традиција на акушерство. Метродора пишува за многу области на медицината во „ За болестите и лековите на жени“, вклучително и за сите аспекти на гинекологијата, но таа не се занимава со акушерството. Хируршката интервенција обично не се практикувала во Стара Грција или Рим, затоа таа не е опфатена во нејзиниот трактат. Ова е во спротивност со пишувањето на друга жена-лекар, лекарот Аспасија, кое опфаќа гинеколошка хирургија, вклучително и абортус. Голем број на лекари, како што се Аатиумс и Соран, се повикуваат на делото на Аспасија.[3] Метродора не се занимавала со акушерство, таа била фокусирана на патологијата, истиот пристап го користат машките лекари под влијание на Хипократ. Таа се разликувала од многу други машки писатели на медицина од нејзината ера бидејќи ги анализирала и се повикувала директно на пишувањата на Хипократ, наместо да се користи со секундарни извори .[4]

Влијание[уреди | уреди извор]

Првите преводи на латински на нејзиното дело „За болестите и лековите на жените“ се појавиле во периодот помеѓу 3 и 5 век.[5] Најстариот познат ракопис од делото на Метродора се наоѓа во Фиренца, Италија .[6] На трудот на Метродора се повикувале други писатели-лекари, а исто така нејзиното дело се објавувало и во извадоци.

Научните текстови од Стара Грција и Рим биле дел од темелот на западните истражувања за време на средниот век во Европа. Делото на Метродора циркулирало и во овој период.

Метродора очигледно била многу искусна во клиничката пракса. Нејзините дела спомнуваат дигитални прегледи, т.е. со рака и прегледи со употреба на спекулум. Делата на Метродора покажуваат и детално познавање на физиологијата. Нејзиното творештво, исто така, ја вклучува и првата позната алфабетизирана медицинска енциклопедија, користејќи азбучни заглавија за полесно упатување, иако таа постои во нецелосен ракопис што завршува со епсилон.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. For the Greek text and Italian translation, see Giorgio Del Guerra, Il Libro di Metrodora, Milan 1953.
  2. Cancik, Hubert; Helmuth Schneider & David E. Orton. Brill's New Pauly Antiquity, Volume 8. Brill, 2006; digitized by University of Michigan, 2010. стр. 219. ISBN 9789004122710.
  3. 3,0 3,1 James, Sharon L. & Sheila Dillon (2012). A Companion to Women in the Ancient World. John Wiley and Sons. стр. 123. ISBN 9781444354805.
  4. Furst, Lilian R. (1999). Women Healers and Physicians: Climbing a Long Hill. University Press of Kentucky. стр. 138. ISBN 9780813109541.
  5. Miles, Margaret M. (2011). Cleopatra: A Sphinx Revisited. University of California Press. стр. 141. ISBN 9780520243675.
  6. Howard, Sethanne (2008). Hidden Giants, 2nd Edition. Lulu.com. стр. 29. ISBN 9781435716520.
  7. Hallett, Judith P., 1944-; Skinner, Marilyn B. (1997). Roman sexualities. Princeton: Princeton University Press. ISBN 0-691-01179-6. OCLC 36640758.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)