Милка Христова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милка Христова
Пратеничка на Собранието на Македонија
Лични податоци
Роден(а) Милка Христова
8 декември 1948(1948-12-08)(75 г.)
Делчево, СФРЈ СФР Југославија
Државјанство Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Занимање доктор по медицина

Милка Христова (р. 8 декември 1948 во Делчево) — македонски доктор по медицина и поранешен пратеник во Собранието на Македонија од страна на ВМРО-ДПМНЕ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Милка Христова дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје како докторка на медицина и станала специјалист по училишна медицина во Делчево.

Христова во два мандати ја извршувала и функцијата советник од редовите на советничкиот список на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Делчево. Таа е дел од Комисијата за здравство при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево. Истовремено, Милка Христова е и член на претседателството на Унијата на жени во Делчево.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Милка Христова“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2020-10-27.