Милка Шопова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милка Шопова
Родена 1924
Дебар, Кралство Југославија
Починала 2012(2012-00-00) (возр. 87–88)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање гинеколог-акушер, универзитетски професор

Милка Шопова ( 1924 во Дебар2012) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Милка Шопова докторирала во 1961 година во Скопје. Нејзиниот истражувачки потенцијал ја однел на специјализација во институтот Џон Инс Хартворд Хертс во Англија, кај прочуениот научник и предавач, цитогенетичарот Дарлингтон. Своето знаење по цитогенетиката го поткрепува со студискиот престој на Институт за генетика при Универзитетот во Бирмингем.

Држела предавања од областа на цитогенетиката на Универзитетот во Мериленд, САД, и на Универзитетот во Краков, Полска.

Шопова има објавено над 130 научни трудови, воглавно од областа на цитогенетика, мутагенеза и анатомија на растенијата. Нејзините трудови освен во домашните (СФРЈ), биле објавувани и во меѓународни, престижни списанија и други публикации. Оставила длабока трага со своите залагања и тридови за развој на Институтот за биологија при Биолошкиот факултет во Скопје.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шопова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1657. Text "series " ignored (help)
  2. 70 години ПМФ Скопје
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-15. Посетено на 2020-12-09.