Нина Чундева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нина Чундева
Родена 12 април 1936
Бендер, Молдавија
Починала 12 јуни 2023(2023-06-12) (возр. 87)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Позната русист, славист
Занимање филолог, универзитетска професорка

Нина Чундева (12 април 1936 во Бендер12 јуни 2023 во Скопје) — македонски филолог, русист и универзитетска професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за славистика.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Чундева на Филолошкиот факултет била најпрвин лектор, а на крај стигнала до звањето редовна професорка.

Автор е на повеќе десетици статии од областа на русистиката и славистиката. Докторирала на темата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“, која најпрвин не била објавена. Соавтор е на руско-македонскиот речник од 1997 година.

Докторската теза била објавена како посебна книга во 2017 година.[2]

Награди[уреди | уреди извор]

Професорката го има добиено медалот „Пушкин“ за трајни вредности во образованието и руската култура, високо државно одликување на Руската Федерација за странски државјани. Медалот го доделува претседателот на Русија, а професорката Чундева го добила од страна на рускиот амбасадор во Македонија на самата промоција на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 „Промоција на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик" на професорката Нина Чундева - НУБ „Св. Климент Охридски" - Скопје“. nubsk.edu.mk. Посетено на 2023-01-15.