Сања Шојлевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сања Шојлевска
Родена 26 јуни 1964 (1964-06-26) (58 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање пијанистка, музиколог

Сања Шојлевска (мажена Хендерсон; р. 26 јуни 1964 во Скопје) — македонска пијанистка и музиколог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала во 1987 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што и магистрирала во 1991 година. Докторирала во 2000 година во Нови Сад, каде што работела како наставник на Уметничката академија во периодот 1989-1995.

Од 1993 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.

Авторка е на монографија за истакнатиот американски композитор на филмска музика Александар Норт, издадена во 2003 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Школска“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1656. Text "series " ignored (help)