Јан Беднарек (фудбалер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јан Беднарек
Jan Bednarek WC 2018.jpg
Лични податоци
Полно име Јан Кацпер Беднарек[1]
Роден на 12 април 1996 (1996-04-12) (24 г.)[1]
Роден во Слупца, Полска
Држава Полска Полска
Висина &100000000000001890000001,89 м[1]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 35
Младинска кариера
Лех Познањ Лех Познањ
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2017 Лех Познањ Лех Познањ 31 (1)
2015-2016Горњик Лечна Горњик Лечна 17 (0)
2017- Саутхемптон Саутхемптон 53 (2)
Репрезентација
2010 Полска Полска 16 1 (0)
2012-2013 Полска Полска 17 8 (0)
2013-2014 Полска Полска 18 8 (0)
2014-2015 Полска Полска 19 6 (0)
2015-2016 Полска Полска 20 4 (0)
2016-2017 Полска Полска 21 8 (0)
2017- Полска Полска 21 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Јан Беднарек (роден на 12 април 1996, во Слупца) — полски фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон и на полската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Физички многу силен централен дефанзивец, со силен карактер, вешт во борбата за ничија топка и во поставувањето во одбрана пред противничките напаѓачи.

Поради неговите карактеристики често е споредуван со Милан Шкриниар.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Лех Познањ[уреди | уреди извор]

Беднарек со Лех Познањ во 2014.

Својата кариера Беднарек ја започнал во екипата на Лех Познањ, за која дебитирал во полската Екстракласа во 2013 година на возраст од само 17 години, во победата со 2-0 на домашен терен над Пјаст Гливице. Сезоната 2013-2014 ја завршил со вкупно 2 настапи за првиот тим на Лех, додека следната сезона забележал 4 (2 во првенството и уште 2 во купот).

Во летото 2015 година, Бендарек бил позајмен на Горњик Лечна до крајот на сезоната 2015-2016. Тој забележал 17 настапи во првенството и еден во купот и бил стандарден првотимец во завршницата на сезоната играјќи во средниот ред.

За време на сезоната 2016-2017, Беднарек се вратил во Лех и го постигнал својот прв погодок како професионалец во својот прв натпревар за сезоната во кој Лех ја победил Краковија на домашен терен со 2-1. На 2 мај 2017, Беднарек го започнал натпреварот и ги одиграл сите 120 минути во финалето на Купот на Полска, во кое неговиот тим бил поразен по продолженија од Арка Гдиња со 1-2.

Вкупно во сите натпреварувања за Лех одиграл 40 натпревари и постигнал 1 гол.

Саутхемптон[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2017 година, Беднарек потпишал петгодишен договор со англискиот Саутхемптон,[3][4] во трансфер вреден 5 милиони фунти.[5] Своето деби во Премиер лигата го направил на 14 април 2018 година, против Челси во поразот со 2-3 на домашен терен, и во истиот натпревар го постигнал својот прв гол за Саутхемптон.[6]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 4 септември 2017 година, Беднарек го направил своето репрезентативно деби за сениорската репрезентација на Полска во победата со 3-0 победа над Казахстан.[7]

Во мај 2018 година, тој бил избран во прелиминарниот список од 35 играчи на полскиот селектор Адам Навалка за Светското првенство 2018 во Русија.[8] Подоцна тој се нашол и во конечниот список од 23 играчи за турнирот. На 28 јуни 2018, тој го постигнал својот прв гол за Полска, единствениот во натпреварот против Јапонија со кој неговата репрезентација победила со 1–0.[9] Беднарек ги одиграл сите три натпревари за Полска на турнирот, но и покрај победата во натпреварот против јапонците тие биле елиминирани уште во групната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 23 јануари 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Полска Лех Познањ Е 2 0 КП - - ЛЕ - - - - - 2 0
2014-2015 Е 2 0 КП 2 0 ЛЕ 0 0 - - - 4 0
2015-2016 Полска Горњик Лечна Е 17 0 КП 1 0 - - - - - - 18 0
2016-2017 Полска Лех Познањ Е 27 1 КП 7 0 - - - - - - 34 1
Вкупно Лех Познањ 31 1 9 0 0 0 - - 40 1
2017-2018 Англија Саутхемтпон ПЛ 5 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 8 1
2018-2019 ПЛ 25 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 27 0
2019-2020 ПЛ 23 1 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 26 1
Вкупно Саутхемтпон 53 2 8 0 - - - - 61 2
Вкупно кариера 101 3 18 0 0 0 - - 119 3

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 19 ноември 2019
Репрезентација Година Наст Гол
Полска Полска 2017 1 0
2018 11 1
2019 9 0
Вкупно 21 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „FIFA World Cup Russia 2018: List of players: Poland“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 22. Посетено на 13 April 2019.
  2. Un talento al giorno, Jan Bednarek: il futuro è coi Santi tuttomercatoweb.com
  3. „Saints sign Bednarek“. Southampton F.C. 1 July 2017. Посетено на 1 July 2017.
  4. „Jan Bednarek: Southampton sign Polish defender from Lech Poznan“. BBC Sport. 1 July 2017. Посетено на 1 July 2017.
  5. Leitch, Adam (1 July 2017). „Southampton sign Jan Bednarek from Lech Poznan for around £5m“. Daily Echo. Southampton. Посетено на 28 August 2017.
  6. Sutcliffe, Steve (14 April 2018). „Southampton 2–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 14 April 2018.
  7. „Bednarek makes senior Poland bow“. Southampton F.C. 4 September 2017. Посетено на 18 May 2018.
  8. „Revealed: Every World Cup 2018 squad“. Goal.com. Посетено на 18 May 2018.
  9. Hafez, Shamoon (28 June 2018). „Japan 0 Poland 1“. BBC Sport. Посетено на 28 June 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]