Шаховска олимпијада 1972

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шаховска олимпијада 1972
Skopjeso72.jpg
Официјалниот логотип на шаховската олимпијада во 1972
 
Град-домаќин Скопје
Држава СР Македонија СР Македонија
Дата 18 септември - 13 октомври
Место Скопски саем
Победник СССР СССР
Второ место  Унгарија
Трето место СФРЈ СФР Југославија
Главен судија Александар Котов
Екипи 63
Натпреварувачи 373 (35 велемајстори и 68 меѓународни мајстори)
Партии 2728 [1]
Турнирски систем Бергеров систем
Критериуми
за делба на места
број на освоени поени по партија
Темпо на игра 2,5 часа за првите 40 потези со додаток од еден час за следните 16 потези
Надворешна врска извештај од Олимпијадата

Јубилејната 20. шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ, која содржела натпреварувања во машка[2] и женска конкуренција, како и неколку настани кои биле одржани со цел да се промовира играта се одржала од 18 септември до 13 октомври 1972 во Скопје.

На Олимпијадата зеле учество рекордни 373 натпреварувачи, меѓу кои 35 велемајстори и 68 интернационални мајстори, од вкупно 63 земји. Натпреварот бил организиран во Бергеров систем, а на настанот биле одиграни вкупно 2728 партии, со темпо на игра од 2,5 часа за првите 40 потези, со додаток од еден час за следните 16. Претседател на организациониот комитет бил Драгољуб Ставрев, а директор на турнирот бил Јордан Ивановски. Контролен судија бил Макс Еве, а главен судија Александар Котов.

Сите натпревари и главни настани, кои биле предвидени во програмата на Олимпијадата се одржале на Скопскиот саем.

Воведни настани[уреди]

Приказ на слоганот „Скопје 1972“ претставен со комбинации на шаховски дијаграми од страна на велемајсторот Пал Бенко, кој покажал многу нови шаховски проблеми за време на Олимпијадата

Градот-домаќин на Олимпијадата, Скопје, бил силно потресен од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963, по што голем дел од градот бил под урнатини, што придонело за негово обновување во наредните години. Организацијата на овој голем настан била одлична, што оставило одличен впечаток пред светската јавност поради краткото време за обнова на градот, но и краткото време за организација на овој настан. За време на одржувањето на Олимпијадата за прв пат биле преземени дополнителни безбедносни мерки поради стравувањето од нов терористички напад, по оној само неколку седмици пред почетокот на Олимпијадата, случен за време на одржувањето на летните олимписки игри во Минхен, кога 11 израелски спортисти биле киднапирани, од кои 9 убиени од страна на палестински напаѓачи. На олимпијадата бил ограничен бројот на земји-учеснички на 60, но уште три репрезентации допатувале во Скопје. На олимпијадата за прв пат учествувале: Велс, Малезија и Ирак. Родезија и Јужноафриканската Република, кои исто така требало да учествуваат на настанот не добиле југословенски визи. По овој проблем, на следниот конгрес на ФИДЕ било одлучено, на ниту една шаховска олимпијада во иднина да не им се гарантира учество на земји кои нема да ветат дека ќе учествуваат, а при тоа имаат проблеми.

Фаворити за медали[уреди]

Несомнено најголем фаворит за освојување на златниот медал била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која го освоила златниот медал на претходните 10 шаховски олимпијади (1952-1970). Но, сепак на шаховската олимпијада, Советите дошле без Борис Спаски, кој истата година ја загубил титулата светски првак од Боби Фишер, кој пак не дошол во Скопје поради неговите неприфатливи барања да игра шах во посебна просторија. Репрезентацијата на САД била ослабена и со неиграњето на Решевски, Еванс и Ломбарди. За Данска не настапил Бент Ларсен, а Западна Германија била ослабена без Унцикер и Шмид. Велемајсторот Николас Росолимо на оваа шаховска олимпијада настапувал за Франција. Грумер, која настапила за Девствените Острови била единствената жена која настапила во натпреварите во машка конкуренција.

Учесници[уреди]

На шаховската олимпијада во Скопје, своето прво учество на шаховските олимпијади го забележале репрезентациите на Велс, Малезија и Ирак.

Список на земји-учеснички

Натпревари[уреди]

За разлика од претходните две шаховски олимпијади, на шаховската олимпијада во 1972 не било почитувано правилото две репрезентации да не се соочат по втор пат во текот на натпреварите. Новина на олимпијадата било тоа што за прв пат остварувањата на учесниците биле оценувани според Ело рејтинг системот. Екипите биле поделени во 8 квалификациони групи, при што во завршниот дел се формирале 4 групи од по 16 екипи, при што групата Д имала 15 екипи.

Група 1[уреди]

Во првата група, репрезентацијата на Советскиот Сојуз надмоќно го освоила првото место. Втората замена во репрезентацијата на СССР, Владимир Савон загубил на време од кубанскиот шахист Естевез, но тоа не ѝ помогнало многу на неговата репрезентација, бидејќи репрезентацијата на Куба загубила катастрофално во претпоследниот круг од репрзентацијата на Белгија. Во последниот круг на натпревари, Кубанците морале да ја победат Данска со 3-1 да би обезбедиле место понатаму, но одличната Данска, покрај отсуството на најдобриот шахист Ларсен која претходно ги победила Финска и Белгија, одиграла реми 2-2, по што Куба и Белгија продолжиле во утешната група Д. Финска, која завршила трета во групата продожила во групата Ц, а во завршната фаза продолжиле првопласираните репрезентации на Советскиот Сојуз и Данска.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 + = Поени од табла Поени
1 СССР СССР А Chess kdl44.png 4 4 4 4 6 0 0 22 12
2  Данска А ½ Chess kdl44.png 3 2 3 4 4 1 1 15 9
3  Белгија Б 0 1 Chess kdl44.png 3 3 4 0 2 14 8
4  Куба Б 2 1 Chess kdl44.png 3 1 2 13 7
5  Финска Ц 0 1 Chess kdl44.png 4 2 0 4 11½ 4
6 Доминиканска Република Доминиканска Република Ц 0 1 ½ 0 Chess kdl44.png 3 1 0 5 6 2
7  Луксембург Д 0 0 ½ ½ ½ 1 Chess kdl44.png 0 0 6 0

Група 2[уреди]

Во групата 2, најголем фаворит била репрезентацијата на земјата-домаќин СФР Југославија. Уште во првиот круг, Југославија ја победила репрезентацијата на Англија, која се очекувало да го освои второто место во групата. Но, попобедата над опасната репрезентација на Бразил во вториот круг, Англичаните загубиле од Јапонија во третиот, но во истиот круг на натпревари нивниот конкурент Швајцарија, со реми против изненадувачки добрата млада екипа на Перу ги искомпликувала работите во групата. Во четвртото коло, Англија ја победила Швајцарија и се чини дека со оваа победа нивниот пласман во завршната фаза е осигуран, но во наредниот петти круг загубиле од репрезентацијата на Перу, која имала рејтинг од 2268 пред почетокот на Олимпијадата. Изненадувањето, Перу имало 2 поени предност пред Швајцарија, но во наредниот круг, Перуанците се соочиле со Југославија. Во истиот круг, Швајцарија го победила Бразил минимално со 2½-1½, а Перуанците биле среќни поради освоениот ½ против големиот противник. Англија го победила Кипар со максимални 4-0, но оваа победа била „Пирова“, бидејќи на конечниот изглед на табелата завршиле со ½ поен зад Перу и Швајцарија, која поминала благодарение на нерешниот резултат во мечот против Југославија, што било според прописите на Бергеровиот систем.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла Поени
1 СФРЈ СФР Југославија А Chess kdl44.png 2 3 3 4 3 4 6 1 0 22½ 13
2  Швајцарија А 2 Chess kdl44.png 2 4 4 2 1 19 10
3  Перу Б ½ 2 Chess kdl44.png 2 4 4 4 4 2 1 19 14
4  Англија Б 1 2 Chess kdl44.png 3 4 5 1 1 18½ 11
5  Бразил Ц 1 1 Chess kdl44.png 4 3 3 0 4 15½ 6
6 Flag of Japan (bordered).svg Јапонија Ц 0 ½ 0 ½ Chess kdl44.png 3 2 0 5 8 4
7 Сирија Сирија Д 1 ½ 0 ½ 0 Chess kdl44.png 0 0 7 5 0
8  Кипар Д 0 0 0 0 1 1 Chess kdl44.png 1 0 6 2

Група 3[уреди]

Во третата група, најголеми фаворити за освојување на првите две места во групата биле силните репрезентации на Унгарија и Полска. Единствена закана за овие две репрезентации била незгодната репрезентација на Норвешка, која откако загубила од Унгарија, со победи во останатите мечови била веднаш зад Полска, која ја направила решавачката предност со нерешениот резултат против Унгарија. По ова, Норвежаните морале да ги победат Полјаците, како би го освоиле второто место во групата. Но, тоа не се случило, а Јачек Беднарски ја добил одлучувачката партија, одигрувајќи комбинација со жртва на топ.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла Поени
1  Унгарија А Chess kdl44.png 2 3 3 4 4 4 6 1 0 23½ 13
2  Полска А 2 Chess kdl44.png 3 4 3 4 6 1 0 22 13
3  Норвешка Б 1 Chess kdl44.png 3 4 5 0 2 20 10
4 Индонезија Индонезија Б ½ ½ Chess kdl44.png 3 4 3 4 0 3 15½ 8
5  Шкотска Ц 1 0 1 ½ Chess kdl44.png 3 3 0 4 11½ 6
6  Боливија Ц 0 1 ½ 1 ½ Chess kdl44.png 2 3 1 1 5 8 3
7 Мароко Мароко Д 0 0 ½ 0 2 Chess kdl44.png 1 1 5 3
8 Либан Либан Д 0 ½ 0 1 1 1 ½ Chess kdl44.png 0 0 7 5 0

Група 4[уреди]

Репрезентациите на Аргентина и Западна Германија биле фаворити во групата 4, но биле ослабени поради тоа што на Олимпијадата не играле нивните најдобри шахисти. Во нивниот меѓусебен меч уште во првиот круг, победиле Германците со максимални 4-0. Репрзентацијата на Исланд, која се чини била најголем конкурент на Аргентина загубила исто така со 4-0 во следното коло од Западна Германија. Во третиот круг, Аргентинците загубил премногу поени против Грција, што било вистинска сензација, бидејќи во екипата на Аргентина, двајца шахисти тој ден имале оценет рејтинг 2296. Лошите игри на Аргентина продолжиле со едвај извлеченото реми против Нов Зеланд во четвртиот круг, кога аргентинскиот велемајстор Хектор Росето загубил од новозеланѓанскиот меѓународен мајстор со естонско потекло Ортвин Сарапу. Но, и покрај овие лоши игри, во одлучувачкиот меч од петтиот круг, Аргенитна го победила Исланд со што обезбедила пласман во завршницата. Исланд и Грција продолжиле во групата Б, за сметка на Нов Зеланд кој загубил од репрезентациите на Грција и Западна Германија во последните два круга на натпревари. Сепак оваа група ја обележал и ужасно лошиот настап на репрезентацијата на Франција, која предводена од велемајсторот Николас Росолимо завршила на последното место на конечната табела во групата, со што не обезбедила пласман ниту меѓу најдобрите 48 екипи, продолжувајќи ги натпреварите во групата Д.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла Поени
1 Flag of Germany.svg Западна Германија А Chess kdl44.png 4 4 3 3 4 7 0 0 25 14
2  Аргентина А 0 Chess kdl44.png 3 2 4 3 4 5 1 1 18½ 11
3  Исланд Б ½ 1 Chess kdl44.png 3 5 0 2 17½ 10
4  Грција Б 0 Chess kdl44.png 3 4 3 0 4 14 6
5 Нов Зеланд Нов Зеланд Ц 1 2 ½ 1 Chess kdl44.png 2 3 4 2 2 3 13½ 6
6  Мексико Ц ½ 0 1 2 Chess kdl44.png 2 3 2 2 3 11 6
7  Франција Д 1 1 ½ 1 2 Chess kdl44.png 1 1 5 10½ 3
8 Flag of Guernsey.svg Гернзи Д 0 0 ½ 0 0 1 ½ Chess kdl44.png 0 0 7 2 0

Група 5[уреди]

Репрезентацијата на Чехословачка била одлично подготвена за шаховската олимпијада. Во нвната петта група се наоѓала и Шпанија, која на претходните неколку олимпијади, редовно ги продолувала натпреварите во завршницата. Во вториот круг, во оваа група се случиле две големи изненадувања. Репрезетатацијата на Шпанија загубила од Ирска, а чехословачките шахисти само со реми успеале да ја запрат одличната тој ден репрезентација на Португалија. Во овој меч, чехословачкиот шахист Јан Смејкал го претрпел единствениот пораз на олимпијадата, губејќи против Жоаки Дурао. Во третиот круг, Чехословачка без проблеми го победила Израел, а Шпанија ја поминала Монголија во борбата за второто место во групата. Португалија остварила уште еден одличен резултат, играјќи нерешено во мечот против Израел, со што продолжиле со добрата игра на оваа шаховска олимпијада. Шахистите од Шпанија ги победиле своите противници од Израел во многу важниот меч од четвртиот круг, но сепак Шпанците дефинитивно се ослободиле од заканите на противниците за второто место групата во претпоследното коло, кога со максимални 4-0 ја победиле Португалија, а Монголија загубила ½ поен од непредвидливата Ирска. Во последниот круг, Шпанија лесно го победила Хонгконг и завршила на второто место во групата, веднаш зад фаворизираната репрезентација на Чехословачка, а пред Израел и Монголија. Португалија ги продолжила натпреварите во групата Ц.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла Поени
1 Чешка Чехословачка А Chess kdl44.png 3 3 2 4 4 4 6 1 0 23½ 13
2  Шпанија А 1 Chess kdl44.png 4 4 4 5 0 2 19½ 10
3  Монако Б ½ Chess kdl44.png 2 4 4 1 2 17½ 9
4 Израел Израел Б 1 2 Chess kdl44.png 2 3 4 3 2 2 17 8
5  Португалија Ц 2 0 ½ 2 Chess kdl44.png 3 3 2 2 13½ 8
6  Ирска Ц 0 1 Chess kdl44.png 3 3 3 0 4 12 6
7 Flag of Hong Kong 1959.svg Хонгконг Д 0 0 0 ½ ½ 1 Chess kdl44.png 1 0 6 2
8 Малезија Малезија Д 0 0 ½ 0 1 1 ½ Chess kdl44.png 0 0 7 3 0

Група 6[уреди]

Шестата група била една од поинтересните, бидејќи во неа се чини имало изедначен натпревар на 3 екипи за првите две места. Меѓу нив, се чини Источна Германија била фаворит, но се очекувала интересна борба меѓу репрезентациите на Канада и Шведска. Шведска загубила 2 поена против Италија во вториот круг, но ни Канада не завршила подобро, бидејќи 3 партии во овој меч завршиле реми. Мечот за второто место меѓу Шведска и Канада се одиграл во третиот круг, во кој победиле Швеѓаните со 2½-1½ иако Канада имала за 70 поено поголем рејтинг од својот противник. Во следниот круг, Шведска загубила од Источна Германија, а Канада не успеала да ја победи Италија со значителна разлика, па така единствената шанса за Канда за освојување на второто место била победа над Источна Германија во петтиот круг, што не успеале да ја искористат. Шведска завршила на второто место во групата, благодарение и на одличната игра на младиот велемајстор Улф Андерсон.


Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла Поени
1 Flag of East Germany.svg Источна Германија А Chess kdl44.png 3 3 4 4 7 0 0 23½ 14
2  Шведска А 1 Chess kdl44.png 2 4 3 4 5 1 1 20 11
3  Канада Б Chess kdl44.png 4 5 0 2 18 10
4  Италија Б 1 2 Chess kdl44.png 2 3 4 3 2 2 17 8
5 Flag of Wales.svg Велс Ц ½ ½ Chess kdl44.png 3 3 3 0 4 11½ 6
6  Турција Д ½ 0 Chess kdl44.png 1 0 6 10 2
7 Сингапур Сингапур Д 0 1 0 1 Chess kdl44.png 3 2 0 5 10 2
8  Малта Д 0 0 0 ½ 1 ½ 1 Chess kdl44.png 0 0 7 3 0

Група 7[уреди]

Во оваа група, фаворити на хартија биле репрезентациите на Холандија и Бугарија, пред Колумбија и Австралија, која била предводена од велемајсторот Валтер Браун. И Бугарија и Холандија ги победиле Колумбија, однсоно Австралија со по 2½-1½ во вториот круг, но изненадување била репрезентацијата на Албанија, која во наредниот круг неочекувано ја победила репрезентацијата на Колумбија, а во истиот круг на натпревари, Холандија ја победила Бугарија, па борбата за второто место продолжила меѓу шахистите од Бугарија и Албанија. Во четвртиот круг, Бугарија ја остварила решавачката победа над Албанија, а Холандија ја победила Австралија. Во наредниот круг, Албанија безмилосно ја победила Австралија, препуштајќи ѝ само половина поен. Албанија одиграла изненадувачки 2-2 со Холандија, што било потврда за нивното продолжување на натпреварите во групата Б. Во последит круг, Холандија брзо ремизирала против Порторико, а ним им останале доследни и шахистите од Бугарија, кои ремизирале против Колумбија, со што јужноамериканската репрезентација продолжила во групата Б, за сметка на Австралија која морала да се задоволи со продолжување на натпреварите во групата Ц.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла Поени
1  Бугарија А Chess kdl44.png 3 2 4 4 5 1 1 20½ 11
2  Холандија А Chess kdl44.png 2 3 2 4 4 5 2 0 20 12
3  Албанија Б 1 2 Chess kdl44.png 4 3 5 1 1 19½ 11
4  Колумбија Б 2 Chess kdl44.png 2 3 3 2 2 16 8
5 Австралија Австралија Ц 1 ½ 2 Chess kdl44.png 4 3 4 3 1 3 16 7
6 Flag of Puerto Rico.svg Порторико Д ½ 2 ½ ½ 0 Chess kdl44.png 4 3 2 1 4 10½ 5
7 Ирак Ирак Д 0 0 0 1 0 Chess kdl44.png 3 1 0 6 2
8  Андора Д 0 0 1 1 0 1 1 Chess kdl44.png 0 0 7 4 0

Група 8[уреди]

Во осмата група, многу мечеви завршиле нерешено. Најголеми фаворити за освојување на првите две места биле репрезентациите на САД и Романија, но репрезентацијата на Филипини претставувала вистинска закана за нив иако во првите два круга ремизирале со Иран и потоа со Австрија. Мечот САД-Романија завршил нерешно. Во петтото коло, Романија ремизирала со Австрија, а на шахистите од Филипините им претстоеле мечевите против Романија и САД во последните два круга. И двата меча завршиле реми, а мечот Филипини-САД бил особено возбудлив, во кој американскиот шахист со чешко потекло Љубомир Кавалек го победил Еугенио Торе. САД и Романија продолжиле во главната група А во завршницата, а Филипините како трети и Австрија како четврта во утешната група Б. Првите 3 репрезентации во оваа група на конечната табела немале пораз.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла Поени
1 Flag of the United States.svg САД А Chess kdl44.png 2 2 3 3 4 4 5 2 0 21½ 12
2  Романија А 2 Chess kdl44.png 2 2 3 4 4 4 3 0 20½ 11
3 Филипини Филипини Б 2 2 Chess kdl44.png 2 2 4 4 3 4 0 19½ 10
4  Австрија Б 1 2 2 Chess kdl44.png 2 3 3 3 1 16½ 9
5 Тунис Тунис Д ½ 1 ½ ½ Chess kdl44.png 4 3 4 3 0 4 13½ 6
6 Иран Иран Ц 1 ½ 2 2 Chess kdl44.png 0 4 2 2 3 13 6
7 Flag of the Faroe Islands.svg Фарски острови Д 0 0 0 1 0 Chess kdl44.png 4 1 0 6 2
8 Flag of the British Virgin Islands.svg Flag of the United States Virgin Islands.svg Девствени острови Д 0 0 0 ½ 0 ½ 0 Chess kdl44.png 0 0 7 1 0

Завршни натпревари[уреди]

Група А[уреди]

Во пресрет на натпреварите во новоформираните четврти групи, особено во групата А, каде продолжиле најдобрите 16 екипи, според ЕЛО рејтинг системот, далеку во водство со најголем оценет рејтинг била репрезентацијата на Советскиот Сојуз (2626), пред СФР Југославија (2528), Унгарија (2509), Чехословачка (2481) и Источна Германија (2458). Унгарските шахисти оствариле одличен резутат, победувајќи ги по втор пат во својата историја шахистите од надмоќниот Советски Сојуз со 2½-1½, при што клучна била победата на Билек над Корчној. Во следниот круг, Јогославија загубила од Чехословачка, а Советскиот Сојуз ја победил ападна Германија. Но, и покрај оваа победа, во редовите на Советскиот Сојуз, Тигран Петросјан го претрпел единствениот пораз на шаховските олимпијади, губејќи против велемајсторот Роберт Хибнер. Во следниот круг на натпревари. Унгарија ја победила Источна Германија, а Чехословачка и САД ремизирале. И покрај одличната игра и победата на Падевски над Карпов, Бугарија загубила од СССР, а Унгарија по долгочасовен притисок едвај успеала да ја победи Полска со 3-1. Чехословачка сензационално загубила од Шпанија, па во водство на табелата била Југославија со 12 поени, пред Унгарија со 11½ и Чехословачка со 9½. Но советските шахисти ја засилиле својата игра и ја уништиле Источна Германија во петтиот круг, додека Унгарија лошо загубила од Шведска, во очетничкиот дебакл на Портиш против Андерсон. Шпанија изненадувачки се нашла на третотот место, но ова не било толку големо изненадување со оглед на тоа дека оваа репрезентација сè уште не играла со најдобрите репрезентации. Два круга подоцна, Унгарија остварила значајна победа над Чехословачка, а Југославија лесно ја надиграла Аргентина. Шахистите од Источна Германија, кои биле сметани за сериозна закана дури и за освојување на медал, го загубиле шестиот последователен меч, по што останале заковани на претпоследното место. На половина од натпреварите во оваа завршна група, Западна Германија ја победила Чехословачка, а во следниот круг водечката Југославија загубила од Унгарија, со што водството му го препуштила на Советскиот Сојуз кој ремизирал со Чехословачка. Унгарија била втора со половина поен заостанување зад Советскиот Сојуз, а Западан Германија загубила 2 поени против Данска, со што го загубила чекорот. На шахистите од Западна Германија им била потребна победа над Југославија во десеттиот круг, доколку сакале да останат со реални шанси за медал, но само ремизирале. Во единаесеттиот круг, Советскиот Сојуз ја победила Југославија, благодарение на победата на ветеранот Смислов над младиот Љубоевиќ. Унгарија убедливо ја победила Шпабија со 3½-½, а потоа и деморализираната Аргентина со 4-0, за која ова не бил прв пораз од овој вид во Скопје. Југославија ја победила Бугарија, а Советскиот Сојуз бил поуспешен од САД, по што на 3 круга до крајот, СССР и Унгарија биле на делба на првотот место со 3½ предност пред Југославија, која била сигурна на третото место. Советите направиле предност од еден поен по 13. круг со убедливата победа над Шпанија, но потоа ја преполовиле против Аргентина, додека Унгарија ја победила Холандија. Во пресрет на последниот круг на натпревари, сè уште ништо не се знаело околу освојувачот на златниот медал. Ова се случило за прв пат, откако СССР учествувал на шаховските олимпијади. Унгарија заостанувала за половина поени и играла против Западна Германија, која се сметала за посилна од Романија, против која играле советските шахисти. Западна Германија во своите редови го немала Роберт Хибнер, кој веќе го имал обезбедено златниот медал во поединачна конуренција на прва табла. Но, Хелмут Флегер моралда победи велемајстор, како и тој би ја добил истата титула. За време на одигрувањето на мечевите од последниот круг, СССР бил во водство со 41½ поен и уште една партија која се играла, а во која Таљ имал тешка позиција, а Унгарија имала уште две партии во тек. Но, во двете партии, Унгацрите не оствариле ниту една победа (Чом загубил, а Портиш ремизирал против Флегер, кој поради тоа не станал велемајстор), по што репрезентацијата на Советскиот Сојуз го освоила 11. последователен златен медал на шаховските олимпијади. Репрезентацијата на земјата-домаќин, СФР Југославија го освоила бронзениот медал.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 + = Поени од табла Поени
1 СССР СССР Chess kdl44.png 2 3 3 3 2 3 4 12 2 1 42 26
2  Унгарија Chess kdl44.png 2 3 2 4 12 2 1 40½ 26
3 СФРЈ СФР Југославија Chess kdl44.png 2 2 2 3 3 3 3 3 4 9 3 3 38 21
4 Чешка Чехословачка 2 Chess kdl44.png 2 4 3 9 2 4 35½ 20
5 Flag of Germany.svg Западна Германија 2 2 Chess kdl44.png 2 2 3 2 2 9 5 1 35 23
6  Бугарија 2 Chess kdl44.png 3 2 2 2 7 4 4 32 18
7  Романија 1 2 Chess kdl44.png 2 2 3 2 6 4 5 31½ 16
8  Холандија 1 1 2 Chess kdl44.png 3 3 2 2 5 3 7 29 13
9 Flag of the United States.svg САД 1 1 2 2 Chess kdl44.png 3 3 2 5 3 7 29 13
10 Flag of East Germany.svg Источна Германија ½ ½ 1 1 Chess kdl44.png 2 2 3 4 5 2 8 27½ 12
11  Шпанија ½ ½ 1 2 1 1 Chess kdl44.png 2 3 3 4 2 9 26 10
12  Полска 1 1 1 2 2 1 2 2 Chess kdl44.png 2 2 2 2 0 8 7 24½ 8
13  Данска ½ 2 ½ ½ 2 2 ½ 2 Chess kdl44.png 2 2 5 8 23 9
14  Аргентина 2 0 1 1 2 ½ 1 1 2 2 Chess kdl44.png 2 2 5 8 22½ 9
15  Шведска 1 0 2 2 2 0 2 Chess kdl44.png 1 2 4 9 22½ 8
16  Швајцарија 0 ½ 0 1 1 2 2 1 2 2 3 Chess kdl44.png 2 4 9 21½ 8

Конечен пласман[уреди]

Група А
Место Земја Поени
1
Flag of the Soviet Union.svg
СССР
42
2
Flag of Hungary.svg
Унгарија
40½
3
Flag of SFR Yugoslavia.svg
СФР Југославија
38
4 Чешка Чехословачка 35½
5 Flag of Germany.svg Западна Германија 35
6  Бугарија 32
7  Романија 31½
8  Холандија 29
9 Flag of the United States.svg САД 29
10 Flag of East Germany.svg Источна Германија 27½
11  Шпанија 26
12  Полска 24½
13  Данска 23
14  Аргентина 22½
15  Шведска 22½
16  Швајцарија 21½
Група Б
Место Земја Поени
17  Англија 37
18 Израел Израел 36½
19  Канада 33
20 Филипини Филипини 31½
21  Норвешка 30½
22  Куба 30
23  Австрија 30
24  Исланд 29
25  Колумбија 27
26 Индија Индија 25½
27  Италија 25
28  Монако 24½
29  Грција 21
30  Белгија 20½
31  Перу 19
 Албанија
Група Ц
Место Земја Поени
32 Австралија Австралија 45
33  Финска 42
34  Шкотска 39
35 Иран Иран 37½
36  Бразил 35½
37  Португалија 32½
38  Турција 31
39  Ирска 28½
40 Flag of Puerto Rico.svg Порторико 28½
41  Мексико 26½
42 Тунис Тунис 26½
43 Flag of Wales.svg Велс 26½
44 Нов Зеланд Нов Зеланд 25
45 Доминиканска Република Доминиканска Република 21½
46  Боливија 19
47 Flag of Japan (bordered).svg Јапонија 15½
Група Д
Место Земја Поени
48  Франција 46½
49 Сингапур Сингапур 42½
50  Малта 32
51 Flag of Hong Kong 1959.svg Хонгконг 30½
52 Либан Либан 30
53  Луксембург 29½
54 Flag of the Faroe Islands.svg Фарски Острови 29
55 Сирија Сирија 28
56  Кипар 27½
57 Мароко Мароко 26
58  Андора 24
59 Малезија Малезија 23
60 Flag of Guernsey.svg Гернзи 20½
61  Белгија 20½
62 Ирак Ирак 20½
63 Flag of the British Virgin Islands.svg Flag of the United States Virgin Islands.svg Британски Девствени Острови 10½

Освојувачи на медали[уреди]

Екипно[уреди]

Место Држава Состав
1 СССР СССР Тигран Петросјан, Виктор Корчној, Василиј Смислов, Михаил Таљ, Анатолиј Карпов, Владимир Савон
2  Унгарија Лајош Портиш, Иштван Билек, Ѓеза Форинтош, Золтан Рибли, Иштван Чом, Ѓула Сакс
3 СФРЈ СФР Југославија Светозар Глигориќ, Борислав Ивков, Љубомир Љубоевиќ, Александар Матановиќ, Милан Матуловиќ, Јосип Рукавина

Поединечно[уреди]

Прва табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1. Flag of Germany.svg Роберт Хибнер А 15 18 83,3
2. Flag of Czechoslovakia.svg Властимил Хорт А 14½ 18 80,6
3. Flag of Australia.svg Валтер Браун Ц 17½ 22 79,5

Втора табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of the Soviet Union.svg Виктор Корчној А 11 15 73,3
2 Flag of Czechoslovakia.svg Иштван Билек А 11½ 16 71,9
3 Flag of England.svg Вилијам Хартстон Б 12 17 70,6

Трета табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of SFR Yugoslavia.svg Љубомир Љубоевиќ А 15½ 19 81,6
2 Flag of the Soviet Union.svg Василиј Смисолов А 11 14 78,6
3 Flag of Colombia.svg Карлос Куартас Б 13 18 72,2

Четврта табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of the Soviet Union.svg Михаил Таљ А 14 16 87,5
2 Flag of Israel.svg Аврам Калдор Б 12½ 16 78,1
3 Flag of Canada.svg Питер Бијасас Б 11½ 15 76,7

Прва резервна табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of the Soviet Union.svg Анатолиј Карпов А 13 15 86,7
2 Flag of Israel.svg Амикам Балшон Б 13 16 81,3
3 Flag of Iran.svg Масуд Савадуки Ц 12 15 80,0
3 Flag of Finland.svg Ирјо Рантанен Ц 12 15 80,0

Втора резервна табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of France.svg Алдо Хаик Б 11 12 91,7
2 Flag of Australia.svg Јан Шо Ц 11 15 73,3
3 Flag of Germany.svg Јирген Дојбал А 9 13 69,7

Награда за најдобра партија[уреди]

Chess zhor 26.png
Chess zver 26.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess kdl44.png Chess d44.png
Chess pdd44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess qdl44.png Chess pdd44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess pdd44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess l44.png
Chess l44.png Chess d44.png Chess pll44.png Chess pld44.png Chess ndl44.png Chess d44.png Chess pdl44.png Chess pld44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess qll44.png Chess nld44.png Chess l44.png Chess rdd44.png Chess l44.png
Chess pll44.png Chess pld44.png Chess l44.png Chess d44.png Chess pll44.png Chess rdd44.png Chess l44.png Chess d44.png
Chess d44.png Chess l44.png Chess rld44.png Chess rll44.png Chess d44.png Chess l44.png Chess bld44.png Chess kll44.png
Chess zver 26.png
Chess zhor 26.png
Завршната позиција во партијата


На шаховската олимпијада била доделена и наградата за најдобра партија. Оваа награда ја добила партијата меѓу швајцарскиот меѓународен мајстор Вернер Хуг (2475) и чехословачкиотн велемајстор Властимил Хорт (2600) одиграна на прва табла во мечот Швајцарија-Чехословачка на 11 октомври, во рамките на претпоследниот 14. круг од групата А во завршните натпревари.

Партијата го имала следниот тек:

1.c4 Sf6 2.Sf3 e6 3.g3 b6 4.Lg2 Lb7 5.0-0 Le7 6.d4 0-0 7.Sc3 Se4 8.Sxe4 Lxe4 9.Lf4 d6 10.Dd2 Sd7 11.Tfd1 h6 12.Se1 f5 13.Lxe4 dxe4 14.Dc2 Sf6 15.f3 g5 16.Le3 De8 17.Kg2 Dh5 18.h3 Dg6 19.Tac1 Tf7 20.fxe4 g4 21.h4 e5 22.Dd3 Sxe4 23.Sc2 Taf8 24.Lg1 Lxh4 25.gxh4 Tf3 26.Se3 Tg3+ 27.Kh1 Tf2 0-1

Женска шаховска олимпијада[уреди]

Шаховска олимпијада 1972
Дата 18 септември - 13 октомври
Победник СССР СССР
Второ место  Романија
Трето место  Унгарија
Главен судија Вера Тихомирова
Екипи 23
Натпреварувачи 69
Партии 264
Турнирски систем Бергеров систем
Критериуми
за делба на места
број на освоени поени по партија
Темпо на игра 2,5 часа за првите 40 потези со додаток од еден час за следните 16 потези

За време на шаховската олимпијада во Скопје се одржала и 5. женска шаховска олимпијада[3]. Тоа била првата женска шаховска Олимпијада која се одржала за време на одржувањето на главниот настан во машка конкуренција[4]. На настанот земале учество 69 шахистки од 23 земји. Темпото на игра било идентично како и во машка конкуренција. Главен судија била Вера Тихомирова.

Натпревари[уреди]

За разлика од натпреварите во машка конкуренција, женски екипи се сосотоеле од по две шахистки. Репрезентациите биле поделени во 4 групи од по 6 екипи, при што групата 1 имала 5 екипи. Во вториот круг, во зависност од остварените резултати, се формирале 3 нови групи од по 8 екипи, при што во најслабата група Ц, натпреварите ги продолжиле 7 екипи.

Група 1[уреди]

Во првата група, најголеми фаворити за пласман во главната група од завршните натпревари биле репрезентациите на Советскиот Сојуз и Источна Германија. Со победите уште во првиот круг со по 2-0 над Австралија, однсоно Ирска, ја потврдиле улогата на фаворити која им била дадена. Репрезентацијата на Холандија, која можеби била единствената друга екипа, која би можела да им попречи на фаворизираните Советки и Германки била слободна во првиот круг. Во третиот круг на натпревари, шахистките на од Советскиот Сојуз ги победиле своите противнички од Источна Германија со максимални 2-0, а со истиот резултат во наредниот круг ја совладале и Холандија, со што го обезбедиле провот место во групата, а во неизвесна трка за второто место биле Источна Германија и Холандија кои во пресрет на последниот круг и меѓусебниот меч имале по 3½ освоени поени. Во решавачкиот меч, Источна Германија победила со 1½-½ и со тоа го освоила второто место во групата. Австралија завршила како четврта, а Ирска која завршила последна, единствениот половина поен го освоила против Советскиот Сојуз, кој во тој меч го загубил единствениот половина поен.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 + = Поени од табла
1 СССР СССР А Chess kdl44.png 2 2 2 4 0 0
2 Flag of East Germany.svg Источна Германија А 0 Chess kdl44.png 2 3 0 1 5
3  Холандија Б 0 ½ Chess kdl44.png 2 2 0 2 4
4 Австралија Австралија Б 0 ½ ½ Chess kdl44.png 2 1 0 3 3
5  Ирска Ц ½ 0 0 0 Chess kdl44.png 0 0 4 ½

Група 2[уреди]

Во втората група имало 3 рамноправни репрезентации (Англија, Чехословачка и СФР Југославиоја) кои биле во конкуренција за првите две места, кои водат во главната група во завршницата. Англија уште во првиот круг ја совладала СФР Југославија со 1½-½, а во истиот круг Чехословачка ја победила Шкотска со максимални 2-0, по што репрезнтацијата на земјата-домаќин заостанувала „цел поен“ зад Англија, а поен и половина зад водечките Чехословачка и Австрија. Во вториот круг, трите фаворизирани репрезентации оствариле максимални победи, па разликата останала иста, а СФР Југославија била на третата позиција. Во третиот круг, шахистките од Југославија ремизирале против Чехословачка, па Англија била на прагот од обезбедување на првото место во групата. Четвртиот круг на натпревари поминал идентично како и вториот, па единствената шанса за пласман во главната група од завршницата за домашните шахистки бил пораз на Чехословачка од Англија, но првопласираните репрезентација одиграле 1-1, со што ги заземале првите две места во групата.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 + = Поени од табла
1  Англија А Chess kdl44.png 1 2 2 2 4 0 1
2 Чешка Чехословачка А 1 Chess kdl44.png 1 2 2 2 3 0 2 8
3 СФРЈ СФР Југославија Б ½ 1 Chess kdl44.png 2 2 2 3 1 1
4  Австрија Б 0 0 0 Chess kdl44.png 2 2 3 0
5  Шкотска Ц 0 0 0 ½ Chess kdl44.png 1 4 0 2
6 Flag of Japan (bordered).svg Јапонија Ц 0 0 0 0 ½ Chess kdl44.png 0 5 0 ½

Група 3[уреди]

Репрезентацијата на Романија несомнено била една од најдобрите репрезентации пред почетокот на олимпијадата. Романките биле во група со конкурентната репрезентација на Бугарија. Уште по првите три круга, со по 3 победи (две од по 2-0 и една со 1½-½), репрезентациите на Романија и Бугарија имале 2½ поени предност пред најблискиот конкурент Монголија. Со нереениот резултат меѓу водечките репрезентации во четвртиот круг и нерешениот резултат на Монголија против Бразил, предноста останала недостижна во пресрет на последниот круг.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 + = Поени од табла
1  Романија А Chess kdl44.png 1 2 2 4 1 0 8
2  Бугарија А 1 Chess kdl44.png 2 2 4 1 0 8
3  Монако Б 0 ½ Chess kdl44.png 1 1 2 1 2 2
4  Бразил Б 0 ½ 1 Chess kdl44.png 1 1 2 2 4
5 Израел Израел Ц ½ 0 1 ½ Chess kdl44.png 1 0 2 3 3
6  Швајцарија Ц ½ 0 0 1 1 Chess kdl44.png 0 2 3

Група 4[уреди]

Слично како и втората група и во четвртата група, репрезентациите на Унгарија, Западна Германија и Полска биле трите фаворити за двете места кои водат во главната група. Сите 3 мечеви меѓу посочените фаворизирани репрезентации завршиле нерешно, но дополнителниот нерешен резултат на шахистките од Полска против нивните противнички од Шведска во претпоследниот четврти круг ја одалечил оваа репрезентација од едно до првите две места во групата, Унгарија и Западна Германија ја совладале Шведска, со што освоиле и поголем број поени од табала и се пласирале на првите две места во групата.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја Продолжува во група 1 2 3 4 5 6 + = Поени од табла
1  Унгарија А Chess kdl44.png 1 1 2 2 2 3 2 0 8
2 Flag of Germany.svg Западна Германија А 1 Chess kdl44.png 1 2 2 3 2 0
3  Полска Б 1 1 Chess kdl44.png 1 2 2 2 3 0 7
4  Шведска Б 0 0 1 Chess kdl44.png 1 2 1 2 2 4
5  Финска Ц 0 ½ 0 1 Chess kdl44.png 1 0 2 3
6 Сингапур Сингапур Ц 0 0 0 0 1 Chess kdl44.png 0 1 4 1

Завршни натпревари[уреди]

Група А[уреди]

Уште во првиот круг во главната група од новоформираните групи во завршниот дел од натпреварите, репрезентациите на Советскиот Сојуз и Унгарија ги заземале првите две места со по максимални 2 поена. Но, како поминувал секој нареден круг, предноста на надмоќните советски шахистки над нивните противнички одн Унгарија постојано растела, па по нерешениот резултат на Унгарија со Западна Германија во третиот круг, нивното заостанување од второто место било 1½ поен. По третиот круг, изненадувачки на третото место се нашла репрезентацијата на Источна Германија, но во наредните 3 круга на натпревари им претстоеле мечевите против Бугарија, Советскиот Сојуз и Унгарија. Репрезентацијата на Англија била закована на дното, а Романија која била веднаш над неа започнала да го прави големиот пробив на табелата веќе во наредниот круг со победата од 2-0 над Унгарија. Репрезентацијата на Чехословачка била специјализирана за нерешни резултати, па од вкупно седумте круга, дури во 5 одиграле 1-1, меѓу кои во четвртиот круг против Советскиот Сојуз. Во пресрет на последниот круг, советските шахистки веќе го имале обезбедено златниот медал, па мечот против Унгарија во последниот круг немал никакво значење. Но, Унгарките, кои успеале да се вратат на второто место по шестиот круг морале да не загубат доколку сакале да го обезбедат сребрениот медал. Но, шахистките од старо-новиот олимписки првак, Советскиот Сојуз завршиле победнички, допуштајќи им само половина поен на своите противнички од Унгарија. Бугарија, која се наоѓала на третото место ремизирала со Чехословачка, а во ваквиот сплет на настани, најмногу добила репрезентацијата на Романија, која со победата над Западна Германија ја потиснала Унгарија од второто место.

Ова била конечната табела во групата:

Место Земја 1 2 3 4 5 6 7 8 + = Поени од табла
1 СССР СССР Chess kdl44.png 2 1 2 2 6 1 0 11½
2  Романија 0 Chess kdl44.png 2 1 1 2 1 1 2 4 1 8
3  Унгарија ½ 0 Chess kdl44.png 1 1 2 2 3 2 2 8
4  Бугарија ½ 1 1 Chess kdl44.png 1 ½ 2 2 3 2
5 Чешка Чехословачка 1 1 ½ 1 Chess kdl44.png 1 1 1 5 1 7
6 Flag of Germany.svg Западна Германија 0 0 1 1 Chess kdl44.png ½ 2 2 3
7 Flag of East Germany.svg Источна Германија ½ 1 0 0 1 Chess kdl44.png ½ 1 2 4
8  Англија 0 1 0 ½ ½ ½ Chess kdl44.png 1 1 5 4

Конечен пласман[уреди]

Група А
Место Земја Поени
1 СССР СССР 11½
2  Романија 8
3  Унгарија 8
4  Бугарија
5 Чешка Чехословачка 7
6 Flag of Germany.svg Западна Германија
7 Flag of East Germany.svg Источна Германија
8  Англија 4
Група Б
Место Земја Поени
9  Полска 10½
10 СФРЈ СФР Југославија
11  Австрија 7
12  Холандија 7
13  Шведска
14  Бразил 6
15  Монако
16 Австралија Австралија 5
Група Ц
Место Земја Поени
17  Швајцарија 9
18 Израел Израел
19 Сингапур Сингапур 6
20  Ирска
21  Финска
22  Шкотска
23 Flag of Japan (bordered).svg Јапонија 3

Освојувачи на медали[уреди]

Екипно[уреди]

Место Држава Состав
1 СССР СССР Нона Гаприндашвили, Ала Кушнир, Ирина Левитина
2  Романија Елизабета Полихронијаде, Александра Николау, Гертруда Баумштарк
3  Унгарија Марија Иванка, Жужа Вероци, Ѓулана Крижан

Поединечно[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1. Flag of the Soviet Union.svg Нона Гаприндашвили А 8 81,3
2. Flag of Hungary.svg Марија Иванка А 10 75,0
3. Flag of Poland.svg Валтер Браун Б 9 72,2

Втора табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of the Soviet Union.svg Ала Кушир А 7 8 87,5
2 Flag of Czechoslovakia.svg Хана Еренска-Раџевска Б 9 83,3
3 Flag of Israel.svg Лидија Гал Ц 4 5 80,0

Резервна табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of Singapore.svg Јане Тан Ц 5 5 100,0
2 Flag of the Soviet Union.svg Ирина Левитина А 6 91,7
3 Flag of SFR Yugoslavia.svg Хенриета Конарковска-Соколов Б 7 64,3

Освојувачи на медали[уреди]

Екипно[уреди]

Место Држава Состав
1 СССР СССР Нона Гаприндашвили, Ала Кушнир, Ирина Левитина
2  Романија Елизабета Полихронијаде, Александра Николау, Гертруда Баумштарк
3  Унгарија Марија Иванка, Жужа Вероци, Ѓулана Крижан

Поединечно[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1. Flag of the Soviet Union.svg Нона Гаприндашвили А 8 81,3
2. Flag of Hungary.svg Марија Иванка А 10 75,0
3. Flag of Poland.svg Валтер Браун Б 9 72,2

Втора табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of the Soviet Union.svg Ала Кушир А 7 8 87,5
2 Flag of Czechoslovakia.svg Хана Еренска-Раџевска Б 9 83,3
3 Flag of Israel.svg Лидија Гал Ц 4 5 80,0

Резервна табла[уреди]

Место Име и презиме Завршна група Поени Одиграни партии %
1 Flag of Singapore.svg Јане Тан Ц 5 5 100,0
2 Flag of the Soviet Union.svg Ирина Левитина А 6 91,7
3 Flag of SFR Yugoslavia.svg Хенриета Конарковска-Соколов Б 7 64,3

Интересно[уреди]

  • Велемајсторот Николас Росолимо бил единствениот шахист во историјата, кој настапил за една иста иста репрезентација два пати на шаховските олимпијади, по пауза од подолг временски период, во кој настапил за друга репрезентација на истото натпреварување. Во 1950, тој настапувал за Франција, а во 1958, 1960 и 1966 за САД, по што во 1972 повторно за Франција.
  • Меѓународниот мајстор Владимир Савон бил единствениот шахист кој не бил велемајстор, а настапувал за репрезентацијата на Советскиот Сојуз на една шаховска олимпијада.
  • Јенс Еневолдсен од Данска одиграл партија на шаховските олимпијади по пауза од 39 години. Со ова, тој станал шахист со најдолга пауза меѓу две одиграни партии на шаховските олимпијади.
  • Австралискиот велемајстор Валтер Браун поставил три рекорди: тој бил единствениот шахист којшто освоил 17½ поени, единствениот шахист којшто одиграл 22 партии и единствениот шахист којшто победил во 15 или повеќе партии.
  • Алдо Хаик од Франција бил најуспешниот шахист на Олимпијадата, остварувајќи 11 победи од 12 партии со успешност од 91,7%. Единствената партија којашто ја загубил ја загубил од шахист со рејтинг. Но, и покрај ова достигнување, неговиот резултат се сметал за негативен.

Книги за Олимпијадата[уреди]

Ова се сите книги, чија содржина е напишана врз основа на шаховската олимпијада одржана во 1972 во Скопје:

  • Flesch & Florian (1973), Ezustermes Sakk-Olimpia Skopje 1972, Budapest, 310pp
  • Keene & Levy (1973), Chess Olympiad Skopje 1972, Batsford, 240pp, E.L.
  • Matanovic (1972), Chess olympiad skopje 1972, Belgrade, 212pp, E.L.

Наводи[уреди]

  1. Репрезентацијата на Албанија се откажала на 5 круга до завршувањето на натпреварите 5 и ги откажала четирите партии против Израел. Албанските шахисти требале да одиграле 40 партии во групата Б од завршницата, кои биле сметани како пријателски, без натпреварувачко значење. Освен тоа уште 8 друи партии биле откажани. Всушност, околу 2600 партии навистина биле одиграни.
  2. Иако е наведено само машка дивизија, оваа секција се наведува и за натпреварите во машка и женска конкуренција.
  3. Во Скопје се одржала официјално петтата женска шаховска олимпијада, но ова ретко се употребува, бидејќи најзачестена е употребата на „натпревари во женска конкуренција на дваесеттата шаховска олимпијада“.
  4. На почетокот на одржувањето на шаховските Олимпијада, за време на нивното одржување се одржувале светски првенства во женска конкуренција. Првите четири шаховски олимпијади се одржале одделно од главниот настан во машка конкуренција, но петтата женска шаховска Олимпијада се одржала како дел од 20. шаховска олимпијада, по што оваа традиција продолжила, а трае и денес.

Видете исто така[уреди]

I неофицијална шаховска Олимпијада (Париз 1924)
II неофицијална шаховска Олимпијада (Будимпешта 1926)
III неофицијална шаховска Олимпијада (Минхен 1936)

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Шаховска олимпијада 1972“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).