Округот бил создаден во 1815 година, кога пруската покраина Саксонија била создадена. Областа Лора-Клетенберг (поранешниот војводски округ Хонштајн) и поранешниот слободен царски град Нордхаузен биле заедно администрирани. Во 1882/83 градот Нордхаузен го напуштил округот, кое довело до преименување на округот во „Грофовија Хоенштајн“ (Kreis Grafschaft Hohenstein) во 1888 година. По Втората светска војна, округот бил повторно преименуван во Нордхаузен (Landkreis Nordhausen), а во 1950 година градот Нордхаузен повторно се приклучил на округот. Со административната реформа во 1952 година, неколку општини го напуштиле округот, додека пак некои општини биле додадени на округот.
Округот се наоѓа на јужните падини на планините Харц. Највисока точка е Гросе Еренберг (Große Ehrenberg) со височина од 635,3 метри надморска височина. Главна река во округот е Цорге. На југ се наоѓаат ридските масиви Дин, Хајнлајте и Виндлајте.
Црвено-сребрената шаховница на грбот потекнува од грбот на грофовијата Хоенштајн, историска територија во областа на округот. Стеблото на дрвото го претставува уништувањето на градот Нордхаузен во текот на Втората светска војна, додека новото дрво кое расте во златниот дел ја претставува обновата на градот и светланата иднина.