Меркур (планета): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: kv:Меркурий
с r2.7.1) (Бот Менува: xal:Үлмҗ һариг
Ред 185: Ред 185:
[[gan:水星]]
[[gan:水星]]
[[gu:બુધ (ગ્રહ)]]
[[gu:બુધ (ગ્રહ)]]
[[xal:Үлмҗ]]
[[xal:Үлмҗ һариг]]
[[ko:수성]]
[[ko:수성]]
[[haw:Ukaliali‘i]]
[[haw:Ukaliali‘i]]
Ред 253: Ред 253:
[[rm:Mercur (planet)]]
[[rm:Mercur (planet)]]
[[qu:Qatuylla]]
[[qu:Qatuylla]]
[[ru:Меркурий (планета)]]
[[rue:Меркур (планета)]]
[[rue:Меркур (планета)]]
[[ru:Меркурий (планета)]]
[[sah:Меркурий]]
[[sah:Меркурий]]
[[se:Merkurius]]
[[se:Merkurius]]

Преработка од 14:09, 26 март 2011

Меркур Astronomical symbol of mercury
Меркур
Меркур
Ознаки
Орбитални особености
Епоха J2000
Афел69,816,900 km
0.466 697 AU
Перихел46,001,200 km
0.307 499 AU
57,909,100 km
0.387 098 AU
Занесеност0.205 630[1]
87.969 1 d
(0.240 846 a)
115.88 d[1]
47.87 km/s[1]
174.796°
Наклон7.005° to Ecliptic
3.38° to Sun’s equator
6.34° to Invariable plane[2]
48.331°
29.124°
Познати сателитинема
Физички особености
Среден полупречник
2,439.7 ± 1.0 km[3][4]
0.3829 Earths
Сплеснатост< 0.0006[4]
7.48×107 km²
0.108 Earths[3]
Зафатнина6.083×1010 km³
0.054 Earths[3]
Маса3.3022×1023 kg
0.055 Earths[3]
Средна густина
5.427 g/cm³[3]
3.7 m/s²
0.38 g[3]
4.25 km/s[3]
58.646 day
1407.5 h[3]
Екваторска вртежна брзина
10.892 km/h (3.026 м/с)
2.11′ ± 0.1′[5]
Северенополна ректасцензија
18 h 44 min 2 s
281.01°[1]
Северенополна деклинација
61.45°[1]
Албедо0.119 (bond)
0.106 (geom.)[1]
Површинска темп. најм сред најг
0°N, 0°W 100 K 340 K 700 K
85°N, 0°W 80 K 200 K 380 K
up to −1.9[1]
4.5" – 13"[1]
Атмосфера
Површински притисок
trace
Состав по зафатнина42% Molecular oxygen
29.0% натриум
22.0% водород
6.0% хелиум
0.5% калиум
Trace amounts of аргон, nitrogen, carbon dioxide, water vapor, ксенон, криптон, & неон[1]

Меркур е најблиската планета до Сонцето. Неговата орбита има изразен елипсоиден облик. Kога се наоѓа во точката кога е најблиску до Сонцето (перихел), тој е оддалечен 46 милиони киломерти (0,308 AU), а кога е во најоддалечената (афел), оддалечен е 70 милиони километри (0,467 AU).

Според големината, Меркур е најмала планета. Дијаметарот му е 40% од Земјиниот, односно за 40% поголем од оној на Месечината.


Орбита на Меркур

Наклонетоста на оската на ротација на Меркур во однос на рамнината на која орбитира околу Сонцето е само 2°. Постои чуден однос помеѓу времето на ротација на Меркур околу својата оска и времето на револуција околу Сонцето. Потребни му се 59 земјини денови еднаш да се заврти околу својата оска, што е точно 2/3 од 88 дена, колку што изнесува една негова година. Заради чудниот однос на Меркуривиот ден и година, кога астронаут би стоел на Меркур, за него времето помеѓу две изгрејсонца би било 176 земјини денови. Ако се земе предвид и елипсоидната патека едно деноноќие би изгледало вака: Сонцето изгрева на исток и додека се движи кон зенитот станува cè поголемо. Тука ќе застане и ќе почне да се движи наназад, кон исток, за потоа пак да застане и да продолжи да се движи кон запад. Притоа сè до заоѓањето тоа станува сè помало и помало. Просечната големина на сончевиот диск е 2,5 пати поголема од сончевиот диск гледан од Земјата.

До почетокот на 20 век Меркур им создавал проблеми на астрономите, бидејќи неговата орбита не можела да се објасни со помош на Њутновата механика. Постоеле мали, но недозволливи разидувања меѓу пресметаните и набљудувание резултати. Еден можен одговор кој бил во оптек во тоа време бил дека постои уште една планета која орбитира уште поблиску до Сонцето - планетата Вулкан (дури и добила име пред да биде откриена). Сепак вистинскиот одговор го дал Алберт Ајнштајн со општата теорија на релативноста, која потполно го објаснувала движењето на Меркур без никакви непостоечки планети. Движењето на Меркур бил првиот практичен доказ за Општата теорија на релативноста.

Површина и атмосфера на Меркур

Меркур нема атмосфера. Поради својата мала маса, а следствено и мала гравитација тој не успеал во текот на историјата да ја задржи. Единствено нешто што може да се забележи налик на атмосфера се локални слаби концентации на натриум (Na), резултат на сончевиот ветар кој ги избива од површината на Меркур. Ова не значи дека натриумот е најзастапен елемент на површината. Таа главно е составена од силикатни карпи. Во внатрешноста се наоѓа јадро од железо и никел поради што Меркур има магнетно поле кое е само 1% од јачината на земјиното магнетно поле, и е наклонета 7° во однос на оската на ротација.

Споредба меѓу Меркур и Земјата

Површината на Меркур многу наликува на површината на Месечината. Изрешетана од безбројни кратери кои се резултат од интензивното бомбардирање со астероиди во раната историја на Сончевиот систем, пред 4,5 до 3,5 милијарди години. Но за разлика од Месечината, заради нешто поголемиот дијаметар, дебелината на литосферата е потенка (потребно е подолго време да се излади), а исто така може да се забележат рамнини од лава и гребени кои се резултат на вулканската историја на Меркур.

Дневната температура на површината на Меркур е над 500 K (227 °С), а ноќе може да падне до 100К (-173 °С). Големите дневни температури се резултат на фактот што Меркур се наоѓа многу близу до Сонцето, а додека студените ноќи се должат на отсуството на атмосфера или друг флуид (како што се океаните на Земјата) кои во текот на ноќта ја оддаваат топлината која ја акумулирале тој ден. Во некои региони, во зависност од типот на почвата, температурата може да достигне и до 600 К (327 °С). Заради изолаторскиот ефект на горниот слој на почвата, веднаш под површината температурата се движи од 314 К до 446 К.

Басенот Рембрант

MESSENGER во својот втор прелет на планетата Меркур откри ударен басен стар 3.9 милиони години. Ова е и прв пат да се научниците да видат басен со добро откриено дно на Меркур, бидејќи повеќето се покриени од лава. Басенот е наречен Рембрант, по истоимениот холандски сликар Рембрант ван Рејн.[6]


Меркур кај старите народи

Најстарите набљудувања на Мекур се направени највероватно од асирски астроном, некаде во 14 век п.н.е.. Неговите набљудувања се најдени на таканаречените "МULAPIN" табли. Според преводот од клинестото писмо, планетата била наречена УДУ.ИДИМ.ГУ,УД, или во превод "планета што скока". Вавилонците за неа првпат пишувале во првиот милениум пред наша ера, и тие ја нарекле планетата Набу, според нивниот бог - гласник.

Во античка Кина, планетата била позната како Ч'ен-Хсинг (Часовна Ѕвезда). Била поврзувана со правецот на север и фазата на водата во Ву Ксинг (што ги претставува Петте Фази на водата, преведени и како Петте елементи.)

Во Хинду митологијата Меркур бил наречен Буда, и се мислело дека богот претседавал во среда.

Во германската паганска митологија, богот Один (уште познат како Водeн (Woden)) бил поврзуван со Меркур, а англиското име за среда (Wednesday) е деривирано од денот на Воден (Woden's Day)

Во Мајанската култура, Меркур е најверојатно претставен како утка (или четири утки, две за одсабајле, две за навечер) која служела како гласник на подземјето.

Античките Грци за оваа планета имале две имиња: кога се појавувала како утринска ѕвезда била позната како Аполо, а навечер ја нарекувале Хермес. Второто име го добил бидејќи се движи многу брзо по небото, токму како брзиот Хермес, гласникот на боговите. Самите астрономи од тоа време знаеле дека двете имиња се однесуваат на едно исто нешто. Денешното име нешто подоцна му го дале Римјаните. Меркур, според нивната митологија, бил бог на трговијата, патувањето, крадењето... (пандан на Хермес во грчката митологија).

Набљудувања на Меркур во поново време

Првите телескопски набљудувања на Меркур ги има направено Галилео Галилеј во 17 век. Иако ги забележал фазите кај Венера, неговиот телескоп не бил доволно јак истото да го забележи и кај Меркур. Во 1963 година, Пјер Гасенди ги направил првите набљудувања на транзитот на планетата преку Сонцето кога го забележал транзитот предвиден од Јохан Кеплер. Во 1939 година, Ѓовани Цупи со својот телескоп конечно покажал дека Меркур има свои фази гледано од Земјата, слично како Венера и Месечината.

Во 1962 година советските научници водени од Владимир Котелников станаа првите што пратија радарски сигнал до Меркур и го фатија назад по одбивањето од неговата површина. Три години подоцна, американските научници Гордон Петенгил и Р. Дајс покажале со помош на набљудување со радар дека периодот на револуција на Меркур е 58 дена.

Мисии до Меркур

Поглед кон Меркур од Маринер 10.

Меркур досега е посетен од две летала. Првото е Маринер 10, кое во текот на 1974 и 1975 три пати пролета покрај планетата. Успеа да сними 45% од површината, процент кој до денес не е зголемен заради блискоста на Меркур до Сонцето, што го отежнува неговото фотографирање. Месенџер (MESSENEGER) леталото е вотор, и тоа за време на пролетувањето во 14 јануари 2008 сними 30% од површината, а уште еднаш ќе помине покрај Меркур во 2009 година, по што ќе следи влегување во орбита во 2011, кога и се планира да сними карта на целата површина од оваа планета.

Набљудување

Планетата Меркур е видлива и со голо око. Можеме да ја набљудуваме дваесеттина дена во текот на годината и тоа или веднаш по зајдисонце или пред изгрејсонце. Бидејќи се наоѓа близу до Сонцето, никогаш не може да го забележиме искачен повеќе од дваесеттина степени над хоризонтот. Како последица на тоа што Меркур е поблиску до Сонцето во однос на Земјата, Меркур гледан гледан од Земјата пројавува мени, слично како Месечината.

Привидната магнитуда на Меркур варира меѓу -2,0 (посветло од Сириус) и 5,5. Хабловиот телескоп не може да гледа во Меркур, заради сигурносниот систем кој му забранува да набљудува блиско до Сонцето.

Надворешни врски

Наводи

Предлошка:Сончев систем

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA