Порто (португалски: Porto, Порту) — втор најголем град во Португалија по Лисабон и еден од големите урбани области на Пиринејскиот Полуостров. Урбаната област на Порто, која се претега преку административните граници на градот, има население од 1,4 милиони жители (2011) [4] на површина од 389 км2,[1] со што е втора најголема урбана област во Португалија. Метрополитенската област на Порто, пак, вклучува приближно 1,8 милиони жители.[5][6][7]
Со местоположба на устието на реката Дуеро на северот на Португалија, Порто е еден од најстарите европски градови, и историскиот центар на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО од 1996 година. Западниот дел од урбаната област на градот се протега до крајбрежјето на Атлантскиот Океан. Населбата датира од пред многу векови, кога била бастион на Римското Царство. Комбинираното келтско-латинско име, Портус Кале,[8] било наведено како потекло на името „Португалија“, врз основа на транслитерација и усна еволуција од латински јазик. На португалски јазик името на градот се пишува со одрреден член („о Порто“ што означува пристаништето).
Redacção Quidnovi, com coordenação de José Hermano Saraiva, História de Portugal, Dicionário de Personalidades, Volume VIII, Ed. QN-Edição e Conteúdos,S.A., 2004
Smith, Digby, The Napoleonic Wars Data Book Greenhill, 1998.
↑ITDS, Rui Campos, Pedro Senos. „Statistics Portugal“. Instituto Nacional de Estatística. Посетено на 15 September 2011.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)