Кантони во Швајцарија
Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од Вестфалскиот мир (1648), па сè до основањето на сојузна Швајцарија (1848), секој кантон бил наполно суверена држава[1] со своја царина, војска и валута. Најнов кантон е Јура, кој се одделил од Берн во 1979 г.[2]
Поимот „кантон“ (германски: Kantone, француски: cantons, италијански: cantoni, реторомански: chantuns) е од француско потекло и значи „агол“ или „околија“.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XVI век, стариот Швајцарски сојуз (Eidgenossenschaft) се состоел од 13 суверени држави: шест краински (или шумски) и седум градски. Иако сите технички биле дел од Светото Римско Царство, независноста де факто ја стекнале во 1497 г. кога извојувале победа над царот Максимилијан.[4] Шесте шумски кантони биле демократски републики, додека пак седумте градски кантони олигархиски републики под власта на благородниците.
Устав
[уреди | уреди извор]Секој кантон има свој устав, законодавство, влада и судство.[5] Највеќето законодавни домови се еднодомни парламенти, со по 58 до 200 пратеници. Неколку од нив се народни собори (Landsgemeinden). Кантонските влади имаат по 5 до 7 члена, зависно од кантонот.[6]
Според Сојузниот устав на Швајцарија, кантоните се суверени за сето она што не е во надлежност на централната власт.[5] Меѓу самостојните надлежности спаѓаат и здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, како и даночењето. Уставите на поединечните кантони го уредуваат степенот на самоуправа што го уживаат општините, кој се разликува од случај до случај, но секогаш подразбира право на даночење и носење на општински закони. Според големината, кантоните се движат од 37 км2 до 7.105 км2, а според населението, од 15.471 до 1.244.400 жители.
Список
[уреди | уреди извор]Грб | Крат. | Кантон | Изворно име | Создаден | Админ. центар | Население (2009) | Површина (км2) | Густина (жит/км2) | Општини[7] | Службени јазици |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
AR | Апенцел Аусероден | Appenzell Ausserrhoden | 1513 [8] | Херизау[1] | 53.313 | 243 | 220 | 20 | германски | |
AI | Апенцел Инероден | Appenzell Innerrhoden | 1513[8] | Апенцел | 15.789 | 172 | 87 | 6 | германски | |
AG | Аргау | Aargau | 1803 | Арау | 627.893 | 1,404 | 388 | 220 | германски | |
BS | Базел-град | Basel-Stadt | 1501[9] | Базел | 194.090 | 37 | 5.072 | 3 | германски | |
BL | Базел-краина | Basel-Landschaft | 1501/1833[10] | Листал | 277.973 | 518 | 502 | 86 | германски | |
BE | Берн | Bern | 1353 | Берн | 985.046 | 5,960 | 158 | 383 | германски, француски | |
VS | Вале | Valais | 1815 | Сион | 317.022 | 5,224 | 53 | 143 | француски, германски | |
VD | Во | Vaud | 1803 | Лозана | 725.944 | 3,212 | 188 | 339 | француски | |
GL | Гларус | Glarus | 1352 | Гларус | 39.217 | 685 | 51 | 3 | германски | |
GR | Граубинден | Graubünden | 1803 | Кур | 193.388 | 7,105 | 26 | 180 | германски, реторомански, италијански | |
GE | Женева | Genève | 1815 | Женева | 472.530 | 282 | 1.442 | 45 | француски | |
SO | Золотурн | Solothurn | 1481 | Золотурн | 259.836 | 790 | 308 | 122 | германски | |
JU | Јура | Jura | 1979[11] | Делемон | 70.542 | 839 | 82 | 64 | француски | |
LU | Луцерн | Luzern | 1332 | Луцерн | 381.966 | 1,494 | 233 | 87 | германски | |
NE | Нешател | Neuchâtel | 1815/1857[12] | Нешател | 173.183 | 802 | 206 | 53 | француски | |
NW | Нидвалден | Nidwalden | 1291[13][14] | Штанс | 41.311 | 276 | 138 | 11 | германски | |
OW | Обвалден | Obwalden | 1291[13] или 1315[15] | Зарнен | 35.878 | 491 | 66 | 7 | германски | |
SG | Санкт Гален | St. Gallen | 1803 | Санкт Гален | 486.981 | 2,031 | 222 | 85 | германски | |
TI | Тичино | Ticino | 1803 | Белинцона | 336.943 | 2,812 | 110 | 157 | италијански | |
TG | Тургау | Thurgau | 1803 | Фрауенфелд[2] | 254.528 | 992 | 229 | 80 | германски | |
UR | Ури | Uri | 1291[13] | Алтдорф | 35.382 | 1,077 | 33 | 20 | германски | |
FR | Фрибур | Fribourg | 1481 | Фрибур | 284.668 | 1,671 | 141 | 167 | француски, германски | |
ZH | Цирих | Zürich | 1351 | Цирих | 1.406.083 | 1,729 | 701 | 171 | германски | |
ZG | Цуг | Zug | 1352 | Цуг | 116.559 | 239 | 416 | 11 | германски | |
SH | Шафхаузен | Schaffhausen | 1501 | Шафхаузен | 77.139 | 298 | 246 | 27 | германски | |
SZ | Швиц | Schwyz | 1291[13] | Швиц | 147.904 | 908 | 143 | 30 | германски | |
CH | Швајцарија | Берн | 7.968.705 | 41,291 | 174 | 2.596 | германски, француски, италијански, реторомански |
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Географија на Швајцарија
- Демографија на Швајцарија
- Градови во Швајцарија
- Автомобилски регистарски таблички во Швајцарија
- ISO 3166-2:CH
Белешки
[уреди | уреди извор]- ^ Владата и парламентот се во Херизау, но судството е во Троген
- ^ Парламентот Фрауенфелд и Вајнфелден
Наводи
[уреди | уреди извор]- Bernhard Ehrenzeller, Philipp Mastronardi, Rainer J. Schweizer, Klaus A. Vallender (eds.) (2002). Die schweizerische Bundesverfassung, Kommentar. ISBN 3-905455-70-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link) Cited as Ehrenzeller.
- Häfelin, Ulrich; Haller, Walter; Keller, Helen (2008). Schweizerisches Bundesstaatsrecht (7. изд.). Zürich: Schulthess. ISBN 978-3-7255-5472-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) Cited as Häfelin.
- ↑ „Cantons, In the Old Confederation until 1798“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- ↑ „Jura (Canton)“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- ↑ „кантон“ — Лексикон на македонскиот јазик
- ↑ „Швајцарија“. Енциклопедија „Британика“. 26. 1911. стр. 251. Посетено на 2008-11-11.
- ↑ 5,0 5,1 „Cantons, In the Federal State since 1848“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- ↑ Влада на Швајцарија со врски до секоја кантонска влада Архивирано на 19 декември 2008 г., посет. 11 ноември 2008 г (англиски)
- ↑ Сојузна статистичка служба (2008). „Службен список на општини во Швајцарија“ (Microsoft Excel). Архивирано од изворникот 2008-06-11. Посетено на 11 ноември 2008. (германски)
- ↑ 8,0 8,1 дел од Апенцел сè до 1597/1999 г.
- ↑ како Базел до 1833/1999 г.
- ↑ дел од Базел сè до 1833/1999 г.
- ↑ се отцепил од Берн
- ↑ полагал право прускиот крал Фридрих Вилхелм III сè до Нешателската криза во 1856–1857 г.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 основачки шумски кантон, основано во 1307, 1304 или 1291 г.
- ↑ како Унтервалден
- ↑ Може да се смета за основан во 1315 г. како дел од Унтервалден
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кантони во Швајцарија“ на Ризницата ? |
- Кантони во Швајцарија — swissworld.org
- Сложувалка — составете ги кантоните на карта
|