Уснено-заднонепчена приближна согласка — вид на согласка во некои јазици. Во англискиот, гласот е претставен со ⟨w⟩;[1] и истата буква служи како симбол на гласот во меѓународната фонетска азбука (МФА) и X-SAMPA. Кај највеќто јазици гласот впрочем се јавува како лабијализираната заднонепчена приближна согласка[ɰʷ], а нејзини полусамогласен пандан е затворената задна заоблена самогласка[u]. Бидејќи уснено-задновенечните согласки тешко се вклопуваат табелите што имаат само уснени и заднонепчени колони, [w] може да се смести во заднонепчената или (дво)уснената колона (или во обете), иако вториот случај е редок вон официјалната таблеа на МФА; сместувањето веројатно има повеќе врска со фонолошките критериуми отколку со фонетските.[2]
Звучната лабијализирана заднонепчена приближна согласка ги има следниве особености:
Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
Местото на творба е лабијализирановенечно, што значи дека се создава со задниот дел на јазикот повишен до мекото непце, притоа заоблувајќи ги усните. Некои јазици како јапонскиот и можеби северните ирокески јазици имаат глас што обично се предава со [w] каде усните се стиснати (или барем незаоблени), што претставува вистинска уснено-заднонепчена согласка (наспроти лабијализирана заднонепчена согласка). Местата што го предаваат гласот поблиску го избегнуваат стандардниот симбол или му додаваат подредно надесно опавче [w̜].
Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Неслоговен алофон на /u/ освен по заднонепчени препречни соглсаски. Бразилските наречја што имаат [ʊ] користат [ʊ̯] кога стои на завршницата на слогот.[8]
Barbosa, Plínio A.; Albano, Eleonora C. (2004), „Brazilian Portuguese“, Journal of the International Phonetic Association, 34 (2): 227–232, doi:10.1017/S0025100304001756
Carbonell, Joan F.; Llisterri, Joaquim (1992), „Catalan“, Journal of the International Phonetic Association, 22 (1–2): 53–56, doi:10.1017/S0025100300004618
Fougeron, Cecile; Smith, Caroline L (1993), „Illustrations of the IPA:French“, Journal of the International Phonetic Association, 23 (2): 73–76, doi:10.1017/S0025100300004874
Jassem, Wiktor (2003), „Polish“, Journal of the International Phonetic Association, 33 (1): 103–107, doi:10.1017/S0025100303001191
Martínez-Celdrán, Eugenio; Fernández-Planas, Ana Ma.; Carrera-Sabaté, Josefina (2003), „Castilian Spanish“, Journal of the International Phonetic Association, 33 (2): 255–259, doi:10.1017/S0025100303001373