Баскиска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Баскиска азбукалатинична азбука со која се пишува баскискиот јазик. Се состои од 27 букви.

Букви[уреди | уреди извор]

Азбуката се состои од 26 букви на основната латиница, како и буквите ñç како странска варијанта на c).

Во табелата се претставени сите букви,[1] заедно со нивните гласови претставени по меѓународната фонетска азбука (МФА) и нивните најблиски еквиваленти во македонската фонологија:[2]

Буква Баскиски назив МФА Мак. транс.
A a /a/ а
B be /b/ б
C ze*[3] /s/, /k/ с, к
D de /d/, /d̪/, /ð/ д
E e /e/ е
F efe /f/ ф
G ge /g/, /ɣ/ г
H hatxe ∅, /h/ , х
I i /i/, /i̭/ и
J jota /j/, /x/, /ʝ/, /ɟ/ ј, х, ѓ[4]
K ka /k/ к
L ele /l/ л
M eme /m/ м
N ene /n/ н
Ñ eñe /ɲ/ њ
O o /o/ о
P pe /p/ п
Q ku* /k/ к
R erre /r/, /ɾ/ р
S ese /s̺/ с
T te /t/, /t̪/ т
U u /u/, /u̯/ у
V uve* /b/, /β/ б, в
W uve bikoitza* /u̯/ у
X ixa /ʃ/ ш
Y i grekoa* /i/, /i̭/ и
Z zeta /s̻/ с

* Иако буквите C, Ç, Q, V, W и Y традиционално не му припаѓаат на баскискиот, тие се вклучени во азбуката за пишување на зборови од други јазици кои ги имаат.[1]

Сите букви и двознаци претставуваат посебни фонеми. Исклучок е ситуацијата во највеќето дијалекти, кога пред l и n стои i, истите претрпуваат палатализација, и стануваат /ʎ/ (љ) и /ɲ/ (њ).

Буквата h е нема во највеќето подрачја, но се изговара во многу места на североистокот, па затпа е вклучена во азбуката.

Двознаци[уреди | уреди извор]

Баскиската азбука има неколку двознаци (диграми):

DD /ɟ/ (ѓ), LL /d͡ɮ/, RR /r/ (р), TS /t͡s̺/, TT /c/ (ќ), TX /ʧ͡/, TZ /t͡s̻/

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кралска академија на баскискиот јазик: Правило бр. 17 за стандардниот баскиски јазик: Називи на буквите од баскиската азбука, воведено на 25 ноември 1994 г. (баскиски) посет. 22 октомври 2010 г
  2. „Баскиски јазик, азбука и изговор“. Omniglot.com. конс. 2017-01-03.  (англиски)
  3. варијантата Ç (ze hautsia) се јавува само во заемки.
  4. зависно од дијалектот

Надворешни врски[уреди | уреди извор]