Апхаски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Апхаски јазик
Аԥсуа бызшәа; аԥсшәа
Застапен во Апхазија [1]
Народ Апхази
Говорници 112,74  (1993)e18
Јазично семејство
Дијалекти
абживански
бзипски
саѕиски
Писмо апхаска азбука
Статус
Службен во Апхазија
Јазични кодови
ISO 639-1 ab
ISO 639-2 abk
ISO 639-3 abk
{{{mapalt}}}

Апхаски (Аҧсуа бызшәа) — северозападен кавкаски јазик. Јазикот се зборува во Апхазија и е мајчин јазик на Апхазите. Јазикот е сроден со абазгискиот јазик. Јазикот е службен јазик во Апхазија и го зборуваат околу 100.000 луѓе.

Класификација[уреди | уреди извор]

Апхаскиот е дел од семејството на северозападни кавкаски јазици. Заедно со сродниот абазгиски тие сочинуваат посебна подгрупа на ова јазично семејство. Овие два јазика граматички се многу случно, но постојат одредени мали разлики во поглед на фонологијата.

Распоространетост[уреди | уреди извор]

Апхаскиот се зборува во Апхазија. Покрај Апхазија, јазикот се зборува и меѓу апхаската дијаспора, поточно во Турција, Сирија, Ирак, Јордан, Грузија и делови на поранешен СССР. Сепак бројот на луѓе кои го зборуваат јазикот во дијаспората е непознат.

Дијалекти[уреди | уреди извор]

Апхаскиот е поделен на три главни дијалектни групи:

  • абживански - дијалектот се зборува на Кавказот
  • бзипски - дијалектот се зборува во одредени делови на Кавказот и Турција.
  • саѕиски - дијалектот се зборува во Турција.

Стандардниот апхаски јазик се базира на абживанскиот дијалект.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Апхазија е спорна територија. Таа прогласила самостојност од Грузија, но не е призната од пошироката светска јавност.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Chirikba, V. A. (1996) 'A Dictionary of Common Abkhaz'. Leiden.
  • Chirikba, V. A. (2003) 'Abkhaz'. – Languages of the World/Materials 119. Muenchen: Lincom Europa.
  • Hewitt, B. George (2010) 'Abkhaz: A Comprehensive Self Tutor' Muenchen, Lincom Europa ISBN 978-3-89586-670-8
  • Hewitt, B. George (1979) 'Abkhaz: A descriptive Grammar'. Amsterdam: North Holland.
  • Hewitt, B. George (1989) Abkhaz. In John Greppin (ed.), The Indigenous Languages of the Caucasus Vol. 2. Caravan Books, New York. 39-88.
  • Vaux, Bert and Zihni Psiypa (1997) The Cwyzhy Dialect of Abkhaz. Harvard Working Papers in Linguistics 6, Susumu Kuno, Bert Vaux, and Steve Peter, eds. Cambridge, MA: Harvard University Linguistics Department.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]