Прејди на содржината

Суперлига на Србија во фудбал 2007/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперлига на Србија во фудбал 2007/2008
СпортФудбал
ДржаваFlag of Serbia Србија
Ранг1
Понизок рангПрва лига на Србија
Број на екипи12
Почеток на сезоната11 август 2007
‘‘‘Крај на сезоната’’’25 мај 2008
ШампионПартизан
(1-ва титула)
Најдобар стрелецНенад Јестровиќ (13)
2005/20062008/2009

Суперлига на Србија во фудбал во сезоната 2007-2008 година — 2-ро официјлно натпреварување организирано под тоа име од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија. Сезоната започнала на 11 август 2007 година, а завршила на 25 мај 2008 година[1]

Суперлигата го променил форматот оваа сезона. За разлика од сезоната 2006/07, лигата повеќе не била поделена на плеј-оф и плеј-аут по 22 одиграни кола. Наместо тоа, секоја од 12-те екипи играле меѓусебе трипати, а распоредот за последното трето коло бил одреден според пласманот по првите две кола. Поради спонзорскиот договор со Меридијан банка, лигата и оваа, како и во претходната сезона се викала „Меридијан Суперлига“. Сепак, ова била последната сезона во која Меридијан банка имала спонзорски права на Суперлигата. Спонзорските права на Суперлигата ги купил Апатинска пивара и од сезоната 2008/09, лигата се нарекува „Јелен Суперлига“, по „Јелен пиво“, произведено од таа фабрика.

Учесници

[уреди | уреди извор]
Местоположба на тимовите од Суперлига на Србија во сезоната 2009/10.
Клуб Место Стадион Капацитет
Црвена ѕвезда Белград Стадион Црвена ѕвезда 55.000
Партизан Белград Стадион Партизан 32.710
Војводина Нови Сад Стадион Караѓорѓе 20.000
Банат Зрењанин Стадион Караѓорѓев парк 18.700
ФК Смедерево Смедерево Смедерево 17.200
ОФК Белград Белград Омладински стадион 16.000
Хајдук Кула Кула Стадион Хајдук 12.000
Напредак Крушевац Стадион Младост 10.811
Бежанија Белград Стадион Бежанија 9.350
Младост Лучани Стадион Младост 8.000
Борац Чачак Стадион Борац 6.000
ФК Чукарички Белград Стадион Чукарички 6.000
Место Клуб Натпревари Поб Нер Пор ДГ ПГ ГР Бодови
1Партизан 3324816323+4080
2Црвена ѕвезда 33211206522+4375
3Војводина 3318875333+2062
4Борац Чачак 331210112933-446
5Напредак 33118142533-841
6Чукарички 331010133132-140
7Младост Лучани 33814113241-938
8Хадук Кула 33813122531-637
9ОФК Белград 3399153145-1436
10Смедерево 33106173344-1136
11Банат 33610173457-2328
12Бежанија 3354243158-2719
УЕФА Лига на шампиони - второ коло од квалификации
УЕФА Куп Второ коло квалификација
УЕФА Куп Прво коло од квалификации
УЕФА Интертото куп - второ коло
Плеј-оф за опстанок
Директно испаднува во Втора лига

Место = Место; Клуб = Клуб; Поб = Победа; Н = Нерешено; Пор = Пораз; ДГ = Дадени голови; ПГ = Примени голови; ГР = Гол-разлика; Бодови = Бодови

Правила: 1. бодови; 2. гол-разлика; 3. постигнати голови.

Шампион на Српска Суперлига 2007-2008


Партизан
1-ва титула[2]

Бараж за Суперлига на Србија

[уреди | уреди извор]

Десеттопласираната екипа од Српската Суперлига во сезоната 2007/08. (ФК Смедерево) игра против победникот од плеј-офот за Супер лигата, во кој четирите екипи кои се пласирале од третото до шестото место во сезоната 2007/08.

трето коло
7 јуни, Белград
Рад3
Смедерево1
11 јуни, Смедерево
Смедерево2
Рад1
ФК Рад ќе настапува во Суперлига на Србија следната сезона.
прво коло второ коло
28 мај, Борча
  БСК Борча (пенал) 0 (4)  
  Металац (ГМ) 0 (3)  
 
1 јуни, Борча
      БСК Борча 0 (2)
    Рад (пен) 0 (4)
28 мај, Белград
  Рад (пен) 1 (3)
  Вождовац 1 (1)  

Промовирани тимови

[уреди | уреди извор]

Следните тимови се промовирани во Суперлигата на Србија на крајот од сезоната 2007/08:

Тимови кои испаѓаат

[уреди | уреди извор]

Следните екипи испаднале во Прва лига на крајот од сезоната 2007/08. врз основа на нивниот резултат:

  • Бежанија - Директно иде у нижи ранг зато што је завршио сезону на 12. месту (последње место).
  • Банат – Директно испаѓа во понизок ранг бидејќи сезоната ја завршил на 11 место.
  • Смедерево – Како резултат на тоа што завршиле на 10 место, играле бараж против ФК Рад и го изгубиле, врз основа на кое испаднале во понизок ранг.

Сепак, по шпекулациите од 29 јуни 2008 година, дека седмопласираниот тим од Суперлигата Младост од Лучани размислувал да ја одбие понудата да се натпреварува во Суперлига поради недостаток на средства за да се натпреварува во елитното друштво.[3], официјална потврда дека нивната одлука дошла на 2 јули 2008 година.[4] Отпрвин имало разговор за можноста да се казни Младост со симнување на две нивоа во Српската лига, но клубот сепак бил симнат само едно ниво подолу, каде во сезоната 2008/09 се натпреварувал во Првата лига.

Со одлука на Фудбалскиот сојуз на Србија, екипата која ќе го пополни местото оставено по повлекувањето на Младост ќе биде единаесеттопласираниот Банат, а не десетто место Смедерево. ФСС ја донел таа одлука врз основа на мислењето дека Банат има подобра поддршка од спонзорите и неговата заедница (градот Зрењанин) отколку Смедерево.

Одлуката предизвикала многу полемики и протести кај функционерите на Смедерево кои тврделе дека требало да добијат право да останат во Суперлигата по повлекувањето на Младост. Тие дури упатиле и официјална жалба до УЕФА, но таа била одбиена.[5]

Најдобри стрелци

[уреди | уреди извор]
Место Играч Клуб Голови
1  Србија Ненад Јестровиќ Црвена ѕвезда
13
2  Сенегал Ламине Дијара Партизан
12
 Црна Гора Стеван Јоветиќ Партизан
12
 Србија Предраг РанЃеловиќ Бежанија
12
3  Србија Гојко Качар Војводина
11
4  Србија Ненад Милијаш Црвена ѕвезда
10
5  Србија Дејан Миловановиќ Црвена ѕвезда
9

Резултати на клубовите во европските натпреварувања

[уреди | уреди извор]
МестоКлубДржававкупен резултатДржаваКлуб1. натпревар2. натпревар
Лига на шампиони 2007/08
Второ коло кв.Црвена ѕвезда Србија2:2 ЕстонијаЛевадија Талин1:01:2
Трето коло кв.Ренџерс Шкотска1:0 СрбијаЦрвена ѕвезда1:00:0
УЕФА куп 2007/08
Прво коло кв.Бежанија Србија2:2 АлбанијаБеса Каваја2:20:0
Зрињски Мостар Босна и Херцеговина1:111 СрбијаПартизан1:60:5
Второ коло кв.Атлетико Мадрид Шпанија5:1 СрбијаВојводина3:02:1
Прво колоДискоболија Полска0:2 СрбијаЦрвена ѕвезда0:10:1
Група ФЦрвена ѕвезда Србија2:3 ГерманијаБајерн Минхен2:3-
Арис Солун Грција3:0 СрбијаЦрвена ѕвезда3:0-
Црвена ѕвезда Србија0:1 АнглијаБолтон Вондерерс0:1-
Брага Португалија2:0 СрбијаЦрвена ѕвезда2:0-
Интертото куп 2007.
Второ колоМарибор Словенија2:5 СрбијаХајдук Кула2:00:5
Трето колоХајдук Кула Србија2:4 ПортугалијаЛеирија1:01:4 (Про)

Про - По продолжение 1 УЕФА го исфрли Партизан од Купот на УЕФА таа сезона поради проблеми со навивачите на Партизан на натпревар во Мостар, кога натпреварот бил прекинат на 10 минути. УЕФА ги обвинил навивачите на Партизан дека тие се виновни за неволјите[6], но на Партизан му било дозволено да го игра реваншот додека се разгледувала жалбата[7]. Меѓутоа, жалбата на Партизан била одбиена, па Зрињски отидел во следната рунда а Партизан бил дисквалификуван од Купот на УЕФА[8].

  1. Сезона 2007/08., srbijasport.net, Приступљено 25. 4. 2013.
  2. Вкупно 20 титула на ФК Партизан, сметајќи ги и трофеите од Првите лиги на ФНРЈ, СФРЈ, СРЈ и СЦГ.
  3. Лукан се повлече од МСЛ!?, МТС Мондо, јуни 29, 2008 . Архивирано на 15 јули 2008 г., преземено на 25/04/2013
  4. Младост од Лукан ја напушти Суперлигата, МТС Мондо, 2 јули 2008 година Архивирано на 2 јули 2008 г. { {Wayback|url=http://www.mtsmondo.com/sport/vesti/text.php?vest=101953 Архивирано на 2 јули 2008 г. |date=20080702202823 }}, пристапено на 25/04/2013
  5. УЕФА ја одби жалбата на Смедерево, МТС Мондо, 6 август 2008. Архивирано на 26 август 2008 г., посетено 25. 4. 2013.
  6. „Партизан дисквалификуван од Купот на УЕФА“. uefa.com. Унија на европски фудбалски сојузи. Занемарен непознатиот параметар |датум= (help)
  7. „Partizan decision deferred“. uefa.com. Union of European Football Associations. 31. 7. 2007. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Partizan disqualified from UEFA Cup“. uefa.com. Union of European Football Associations. 7. 8. 2007. Посетено на 8. 8. 2007.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]