Кула (град)
Кула Кула | |
---|---|
град | |
Поглед на тврдината Кастра Мартис | |
Местоположба на Кула во Бугарија | |
Координати: 43°53′14.96″N 22°31′16.82″E / 43.8874889° СГШ; 22.5213389° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Видин |
Општина | Кула |
Управа | |
• Градоначалник | Владимир Владимиров (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 63,74 км2 (24,61 ми2) |
Надм. вис. | 204 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 2.675 |
• Густина | 42/км2 (110/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3800 |
Повик. бр. | +359 0938 |
Мреж. место | obshtina-kula.com |
Кула (бугарски: Кула) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Кула во Видинската Oбласт. Има население од околу 2.675 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа во западниот дел на Дунавската Рамнина, на 33 километри од Видин и на 220 километри од Софија и на 13 километри од границата со Србија, каде што се наоѓа преминот Вршка Чука.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на Римската Империја, градот бил наречен Кастра Мартис. Од 7 век е во границите на средновековната бугарска држава.
За време на османлиското владеење градот се викал Адлије. Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век овде се населиле доселеници од Тетевенско, а и денес локалниот дијалект е под силно влијание на централнобалканскиот говор, спротивно на околниот преоден и северозападен говор.[2]
Во 1858 година дебарските занаетчии ја изградиле црквата „Св. Свети Петар и Павле“.[3] Фреските се од 1902 година — дело на Данаил Несторов, подарок според натписот на ликот на Свети Никола од родот Дичови.[4]
Во 1879 година, Феликс Каниц сведочел за српската окупација на населбата за време на Српско-турската војна (1876), за мешаното население, вклучувајќи Татари и Черкези, и за новите поштенски врски со Видин.[5]
За време на колективизацијата, во градот билo основанo Трудово кооперативно земјоделско стопанство „Мичурин“, именувана по советскиот агроном Иван Мичурин. Во периодот 1950-1951 година за време на Кулските настани, 8 семејства (31 лица) од градот биле насилно иселени од страна на комунистичкиот режим.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Заяков, Нинко (1995). „Исторически причини за формиране на влашкото население във Видинско“. Българска етнология (5): 28–51. Архивирано од изворникот на 2018-07-21. Посетено на 2023-07-11.
- ↑ Гергова, Иванка (2015). „Православно изкуство във Видинско. Предварителни наблюдения“. Проблеми на изкуството. 48 (4): 45. ISSN – 9371 0032 – 9371. no-break space character во
|id=
во положба 80 (help) - ↑ Гергова, Иванка (2015). „Православно изкуство във Видинско. Предварителни наблюдения“. Проблеми на изкуството. 48 (4): 46. ISSN – 9371 0032 – 9371. no-break space character во
|id=
во положба 80 (help) - ↑ Милюков, Павел (2013). Живата истина (Студии за България). София: Изток-Запад. стр. 162. ISBN 978-619-152-162-3.
- ↑ Груев, Михаил (2009). Преорани слогове. Колективизация и социална промяна в Българския северозапад 40-те – 50-те години на XX век. София: Сиела. стр. 123, 205. ISBN 978-954-28-0450-5.