Гоце Делчев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.174.82 (разговор), вратено на последната верзија на Wutsje
Ред 83: Ред 83:


:*„''Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците''.“<ref>Петар Манџуков, Предвесници на бурата</ref>
:*„''Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците''.“<ref>Петар Манџуков, Предвесници на бурата</ref>

:*"...''Треба да се бориме за автономиjата на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина''..."<ref>[http://www.geocities.com/mac_truth/secrets/vmro.html Таjните на Македониjа.Се издава за прв пат, Скопjе 1999.] in Macedonian - Ете како ја објаснува целта на борбата Гоце Делчев во 1901 година: "...Треба да се бориме за автономноста на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина".</ref><ref>[http://www.kroraina.com/knigi/en/mm_gd/mm_21.htm Freedom or Death. The Life of Gotsé Delchev by Mercia MacDermott, The Journeyman Press, London & West Nyack, 1978, p. 322.]</ref><ref>''Идеята за автономия като тактика в програмите на национално-освободителното движение в Македония и Одринско (1893-1941), Димитър Гоцев, 1983, Изд. на Българска Академия на Науките, София, 1983, c. 34.; in English: The idea for autonomy as a tactics in the programs of the National Liberation movements in Macedonia and Adrianople regions 1893-1941", Sofia, Bulgarian Academy of Sciences, Dimitar Gotsev, 1983, p 34.'' Among others, there are used the memoirs of the IMRO revolutionary Kosta Tsipushev, where he cited Delchev, that the autonomy then was only tactics, aiming future unification with Bulgaria. (55. ЦПА, ф. 226); срв. К. Ципушев. 19 години в сръбските затвори, СУ Св. Климент Охридски, 2004, ISBN 954-91083-5-X стр. 31-32. in English: Kosta Tsipushev, 19 years in Serbian prisons, Sofia University publishing house, 2004, ISBN 954-91083-5-X, p. 31-32.</ref><ref>Добрин Мирчев, Трендафил Митев, Антон Първанов - Изследвания по македонския въпрос, София, 1993, Македонски научен институт, стр. 374 ''Затова трябва да се борим за автономия на Македония и Одринско да ги запазим в тяхната цялост, като един етап за бъдещото им присъединяване към общото българско отечество.''</ref><ref>Войн Божинов - Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878 - 1913, София, 1982, Издателство на БАН, стр. 128</ref><ref>Димитър Дончев, Панайот Дражев, Ангел Димитров - Борци за свобода и просвета, София, 1989, Държавно издателство Народна просвета, стр. 463</ref><ref>Съвет за висше образование - Годишник на катедрите по марксизъм-ленинизъм при висшите учебни заведения, София, 1986, стр. 106</ref>


== Галерија ==
== Галерија ==
Ред 101: Ред 103:
*[[Илинденско востание]]
*[[Илинденско востание]]
*[[Катерина Трајкова Нурџиева]]
*[[Катерина Трајкова Нурџиева]]

== Извори ==
{{reflist|2}}


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==

Преработка од 18:07, 23 февруари 2010

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници што треба да се разгледуваат на разговорната страница.
За да ги видите претходните верзии, стиснете на врската историја.

Гоце Делчев
Роден 4 февруари 1872
Кукуш, Егејска Македонија (денес Грција)
Починал 4 мај 1903
краj Баница, Егејска Македонија (денес Грција)

Гоце Делчев (18721903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешнa Македонска Револуционерна Организација (ВМРО)[1].

Биографија и револуционерна дејност

Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (грчки: Килкис, денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894[2] каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". Кон крајот на летото на 1896 година станува главен учител во бугарското[3] православно второкласно училиште во Банско, Разлошко.[4] На 1 ноември истата година поради здравствени проблеми си подава оставка.[5]

На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.


На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

...централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.[6]

Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: "...ВМРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко......кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали - и со децетиците чети и со целиот македонски народ!" [7].


На 19 јануари 1903 година, Гоце Делчев со чета тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието. Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Сер.

Статија на NYT за смртта на Гоце Делчев, 11 мај, 1903

Вечерта на 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.

Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска држава му го донесе ореолот на признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонските народни маси. Неговото име ги возбудуваше македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

Во Бугарија во чест на Гоце Делчев во 1951 година е преименуван градот Неврокоп, а две села го носат името Делчево. Постојат повеќе споменици на Гоце Делчев и исто така еден рид во Антарктикот го носи името Делчев, крстен од бугарската антарктичка експедициjа.

Статија на NYT за Македонија и македонците, Чикаго 6 декември 1903

Бугарите за Гоце Делчев

Во Бугарија[8], се смета дека Гоце Делчев е еден од најголемите бугарски револуционери, кој како водач на ВМОРО се залагал за создавање на автономна власт во Македонија и Одринско. Гоце Делчев бил бугарски учител и плата земал од бугарската егзархија исто како и илјадници други учители и свештеници во Македонија во тоа време.

Мисли на Гоце Делчев

  • Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.[9]
  • Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива."[се бара извор]
  • Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!"[се бара извор]
  • Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“.[се бара извор]
  • Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух".[се бара извор]
  • Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население."[се бара извор]
  • Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница."[се бара извор]
  • „Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце".[се бара извор]
  • Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“.[10]

Мисли припишани на Гоце Делчев

  • Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи.[11]
  • Македонија има свои интереси и своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци; оној што сака да jа присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин или добар Грк, но не е добар Македонец. Таков Бугарин или Грк поддржува и вечниот конфликт меѓу балканските народи, кои требва да живеат во братска дружба, за да бидат посреќни. Македониjа им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религии, нации и jазици, во утрешна слободна Македониjа и преку неjа ќе се здружат сите балкански народи.“ - Мисла од романот "Илинден" на Димитар Талев.[12]
  • Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.“[13]
  • "...Треба да се бориме за автономиjата на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина..."[14][15][16][17][18][19][20]

Галерија

Видете исто така

Извори

  1. Macedonia's heroic struggle for freedom
  2. Кьосев, Д., Гоце Делчев. Писма и други материали, София, 1967, БАН
  3. „Гоце Делчев. Писма и други материали“, Изд. на Българската академия на науките, Институт за история, София 1967 (Писмо до екзарх Йосиф. Подава си оставката като главен учител по здравословни причини) „Кръгъл печат с надпис: Бълг. православно училище Банско (Разложко)“
  4. „Гоце Делчев“ - Ванѓа Чашуле, стр. 18
  5. „Гоце Делчев. Писма и други материали“, Изд. на Българската академия на науките, Институт за история, София 1967 (Писмо до екзарх Йосиф. Подава си оставката като главен учител по здравословни причини)
  6. Macedonia's heroic struggle for freedom
  7. [1](Пејо Јаворов, "Гоце Делчев" стр. 231)
  8. М. Апостолски, Историја на македонскиот народ, III том (период: 1918-1945), Институт за национална историја, Скопје, 1969.
  9. Цитат од писмо на Гоце Делчев до Ефрем Каранов од 17 октомври 1895 година во врска со акциjа на Александар Чакаров, роден во Штип деец на Врховниот македонско-одрински комитет: "Освобождението на Македония лежи в вътрешното въстание. Който мисли другояче да се освободи Македония, той и себе си лъже, и другите." Полн текст на писмото - "Гоце Делчев. Писма и други материали", Изд. на Българската академия на науките, Институт за история, София 1967, документ 203. (бугарски)
  10. Пейо Яворов, "Събрани съчинения", том 2, София, 1977, "Гоце Делчев", стр. 13: Но приспивателните мисионерски средства все бяха подействували върху нервите на "стадото", поне успокоително. И Гоце, роден едновременно с приемането на унията, не дъхва с детински гърди въздух, нажежен от пламнали национални страсти. А образа на "коварния" грък той беше виждал само в далечен изглед, откриван от побледнял бащин и майчин спомен. Донегде затова може би Гоце никога не примеси в постъпките си оня груб шовинизъм, който помрачава и най-светлото дело. "Аз разбирам света – говореше той – единствено като поле за културно съревнование на народите." (бугарски)
  11. "Утрински весник", број 2502, четврток, 04 октомври 2007, говор на Гоце Делчев во Преспа во 1901 година од романот на Димитар Талев "Илинден".
  12. Димитар Талев, "Илинден", Издавачка куќа "Бугарски писател", Софиjа, 1973, стр. 290. (бугарски)
  13. Петар Манџуков, Предвесници на бурата
  14. Таjните на Македониjа.Се издава за прв пат, Скопjе 1999. in Macedonian - Ете како ја објаснува целта на борбата Гоце Делчев во 1901 година: "...Треба да се бориме за автономноста на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина".
  15. Freedom or Death. The Life of Gotsé Delchev by Mercia MacDermott, The Journeyman Press, London & West Nyack, 1978, p. 322.
  16. Идеята за автономия като тактика в програмите на национално-освободителното движение в Македония и Одринско (1893-1941), Димитър Гоцев, 1983, Изд. на Българска Академия на Науките, София, 1983, c. 34.; in English: The idea for autonomy as a tactics in the programs of the National Liberation movements in Macedonia and Adrianople regions 1893-1941", Sofia, Bulgarian Academy of Sciences, Dimitar Gotsev, 1983, p 34. Among others, there are used the memoirs of the IMRO revolutionary Kosta Tsipushev, where he cited Delchev, that the autonomy then was only tactics, aiming future unification with Bulgaria. (55. ЦПА, ф. 226); срв. К. Ципушев. 19 години в сръбските затвори, СУ Св. Климент Охридски, 2004, ISBN 954-91083-5-X стр. 31-32. in English: Kosta Tsipushev, 19 years in Serbian prisons, Sofia University publishing house, 2004, ISBN 954-91083-5-X, p. 31-32.
  17. Добрин Мирчев, Трендафил Митев, Антон Първанов - Изследвания по македонския въпрос, София, 1993, Македонски научен институт, стр. 374 Затова трябва да се борим за автономия на Македония и Одринско да ги запазим в тяхната цялост, като един етап за бъдещото им присъединяване към общото българско отечество.
  18. Войн Божинов - Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878 - 1913, София, 1982, Издателство на БАН, стр. 128
  19. Димитър Дончев, Панайот Дражев, Ангел Димитров - Борци за свобода и просвета, София, 1989, Държавно издателство Народна просвета, стр. 463
  20. Съвет за висше образование - Годишник на катедрите по марксизъм-ленинизъм при висшите учебни заведения, София, 1986, стр. 106
  21. Гордана Петровска, "За Гоце Делчев нема надлежен", весник "Шпиц".
  22. Гордана Петровска, "Какви споменици, таква држава ", весник "Шпиц".
  23. Ѓорче Петров, "Спомени", Глава VII: "Таму се истакна нуждата за устав и правилник. До тогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена, изработен од Дамета (клетвата и др.). Тоа правилниче беше несистематско, литографирано. Се реши да се изработи еден полн правилник, устав. Кога дојдов во Софија тука во Софија го изработив (со Делчев), го напечатив и го испратив."

Надворешни врски

Предлошка:Одбрана