Катерина Трајкова Нурџиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Катерина Трајкова Нурџиева
Роден Катерина Трајкова
18 октомври 1922[1]
Горна Џумаја
Националност Македонка
Познат внука на Гоце Делчев, национален деец, борец во НОВ
Занимање учител, директор, секретар на Методија Андонов- Ченто и борец.
Деца две ќерки


Катерина Трајкова Нурџиева е македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов-Ченто и внука на Гоце Делчев[2]. Катерина Нурџиева е почесен граѓанин на Делчево[3].

Биографија[уреди | уреди извор]

Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Таа е внука на познатиот македонски револуционер и национален деец Гоце Делчев. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.[4]

„Да бидеме верни на Македонија и да дадеме сè од себе, во името на тоа да ја имаме таа наша земја целосно во најблиско време“

—Катерина Трајкова Нурџиева[5]

Катерина Трајкова Нурџиева завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазик[6] во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос[7].

Во 1944 година, Катерина Нурџиева со Дванаесеттата македонска бригада „Гоце Делчев“ учествувала во борбите за ослободување на Македонија. По ослободувањето на Штип, Катерина работела повторно како учител, а подоцна била префрлена во Генералниот Штаб во Скопје. По некое време Катерина станала секретар на Методија Андонов- Ченто, по лична препорака на Павел Шатев. По смртта на Методија Андонов- Ченто започнала и агонијата на Катерина и била приморана да се пресели во Горна Џумаја[8]. За нејзиното работење со Ченто и Шатев таа вели:

„1946 година ги баравме своите права. Сега по толку години сум среќна дека правда дојде. Среќна сум што дојдов во градот каде му служев на Ченто. Некогашен пријател на татко ми беше Павле Шатев, со кого 1944 година се најдовме во 12 Македонска народна бригада“

—Катерина Трајкова Нурџиева[9]

Во Горна Џумаја таа нашла работа и се омажила. Со нејзиниот сопруг имаат две ќерки. Сопругот на Катерина починал во 1972 година, а додека нејзините ќерки се отселиле, едната во Русе (Бугарија), а другата во Разлошко (Пиринска Македонија, Бугарија)[10].

Денес, Катерина Нурџиева живее сама во Горна Џумаја. Македонија ѝ има доделено месечна пензија со која преживува и ги преблодува проблемите. Поради здравствените проблеми се лечи во Македонија каде ги посетува македонските болници и купува лекови во пограничните градови[11][12].

На 24 јануари 1997, со прашање бр. 1064 до премиерот Бранко Црвенковски, Катерина Нурџиева побарала да биде рехабилитирана, затоа што била отпуштена од српската власт од првата скопска детска градинка, бидејќи „ги учела децата на бугарски“ и „како Бугарка ја загрозува безбедноста на Македонија“. На 17 јануари 1997, со препорачано писмо бр. 306 го побарала истото и од претседателот Киро Глигоров, со зборовите „Дојдов во Македонија 1943/1944 како просветител, не окупатор... Жални суштества, кои не дале ништо за Македонија, ме отпуштија од должноста директор на првата скопска градинка како Бугарка по српските закони... Залудно чекав сето време да добијам решение за рехабилитирање, кое го побарав од болничкиот кревет. Повторно Македонија ме понижи и за мене стана маќеа. Дали се тоа човековите права во македонската држава?!“ [13]

На 25 февруари 1998 редакторството на бугарскиот весник „Македонија“ започнува иницијатива за собирање на доброволни средства за лечењето на Катерина Нурџиева. [14]

Катерина Нурџиева на градот Делчево му подарила книги за Гоце Делчев, неговата мајка и семејство, лично слики на Гоце Делчев и останати работи поврзани со македонскиот револуционер[15].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]