Љубомир Далчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубомир Далчев
Роден(а)27 декември 1902
Солун,  Османлиско Царство, денес Грција
Починал(а)11 јули 2002
Санивејл,  САД
НационалностМакедонец
Занимањеуметник и вајар

Љубомир Христо Далчев (27 декември 1902, Солун - 11 јули 2002, Санивејл, САД) — бугарски уметник и вајар од македонско потекло.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Далчев е роден на 27 декември 1902 година во Солун во семејството на кукушкиот правник Христо Атанасов Далчев и прилепчанката Викторија Матеева Димшова. Брат е на поетот Атанас Далчев и на архитектот Борис Далчев.

Во 1926 година завршил живопис во Сликарската академија во Софија во класата на проф. Никола Маринов. Две години подоцна завршил скулптура во Римската академија на уметности кај проф. Лупи, во иатиот клас со Алберто Џакомети и Сретен Стојановиќ. Продолжил и завршил специјализација по пластична анатомија кај проф. Анри Мез во Екол де Боз` Арт в Париз во 1929 година. Во 1979 година со сопругата Ана Далчева емигрира во САД.

Добитник е на ордените „Народна Република Бугарија“, II степен (1959), „Кирил и Методиј“, I степен (1963), Димитровска награда (1971) и орден „Стара Планина“, I степен – во 1989 г. Дадено му е почетното звање „Народен уметник“ (1971).

Најпознатото дело на Далчев за Македонија е е познатиот споменик во чест на Гоце Делчев кој се наоѓа во градскиот парк во Скопје.

Починал на 11 јули 2002 во Санивејл, САД.


Галерија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Мавродинов. Любомир Далчев. София: Т. Ф. Чипев, 1942, 52 с.
  2. Гордана Петровска, „За Гоце Делчев нема надлежен“, вестник „Шпиц“. (мртов линк)
  3. Гордана Петровска, „Какви споменици, таква држава“, вестник „Шпиц“, број 437, 15.11.2007.