Прва чеченска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прва чеченска војна

Руски хеликоптер, преземен од страна на чеченските сили во близина на Грозни
Датум 11 декември 1994 – 31 август 1996 (1 година, 264 дена)
Место Чеченија

Делови од Ингушетија, Ставрополски крај и Дагестан

Исход Чеченска победа
  • Повлекување на руските сили
  • Де факто - чеченска независност
Завојувани страни
Русија Русија
Чеченија
Ичкерија
Команданти и водачи
Борис Елцин
Павел Грачев
Анатолиј Куликов
Константин Пуликовски
Анатолиј Романов
Анатолиј Шкирко
Вјачеслав Тихомиров
Генадиј Трошев
Евгениј Родионов
Џохар Дудаев
Аслан Масхадов
Ибн ал-Катаб
Шамил Басајев
Сила
38,000 (декември 1994)
70,500 (February 1995)
Руската проценка од 15.000 војници[1]
Жртви и загуби
Воени сили:
5,732 убиени или исчезнати (официјални податоци)
Цивили: Во текот на двете чеченски војни околу 100,000 етнички Руси (Проценка на чеченски власти)[2][3]

Најмалку 161 убиени надвор од Чеченија [4]

Воени сили: 17,391 убиени или исчезнати (Податоци од 2001)
Цивили:
Во текот на двете чеченски војни од 30,000 до 40,000 Чеченци (Податоци од 2005)[3][5]

Прва чеченска војна — воен конфликт меѓу Руската Федерација и Чеченската Република Ичкерија од декември 1994 до август 1996 година. Конфликтот се водел во Чеченија и неколку населени места во соседните региони на Северен Кавказ со цел да се задржи Чеченија во составот на Руската Федерација. Овој конфликт најчесто се нарекува "Прва чеченска војна", иако името на властите гласи:Мерки за одржување на уставниот поредок на Руската Федерација. Конфликтот се одликува со голем број на жртви меѓу цивилното население, како и на војници, масовен геноцид на руските жители во Чеченија и граѓани од други националности.

И покрај одредени воени успеси на Министерството за внатрешни работи на Русија, овој конфликт станал повод за повлекување на руските сили од Чеченија и независност на Чеченија.

Позадина[уреди | уреди извор]

Во текот на 1991 година, луѓето околу Џохар Дудаев започнале да не го почитуваат локалниот врховен комитет. По распаѓањето на СССР, Дудаев го објавил излегувањето на Чеченија од составот на Руската Федерација и го прогласил создавањето на република Ичкерија. По ова, следувало прекратување на плаќањата на даноци во општиот буџет и им забранил на руските специјални служби да ја посетуваат републиката. Во ноември 1991 година, Борис Елцин испратил воени трупи во Грозни, но истите биле принудени да се повлечат кога силите на Дудаев го опколил аеродромот.

Руската нафта за Чечнија продолжила да се доставува до 1994 година. За нафтата Дудаев откажал да плаќа, и истата започнал да ја продава во странство. Во негова корист останале и голем број на руско оружје, како 42 тенка, 34 пешадиски борбени возила, 260 авиони, 57,000 оружје итн. Чеченија прогласила целосна независност од Москва во 1993 година. Во текот на летото 1994 година започнале воени дејствија помеѓу силите на Дудаев и опозициските сили на повремениот совет. На 26 ноември опозициските сили безуспешно се обиделе да го зазмат објектот каде се наоѓа парламентот. Во исто време Дудаев заробил неколку руски военоначалници.

Во периодот од 1991 до 1994 година, десетици илјади луѓе, главно од етничка припадност, започнале да ја напуштаат Чеченија бидејќи врз истите биле спроведувано насилство и дискриминација против нечеченското население, главно составено од Руси, Украинци и Ерменци[6][7][8]. Чеченската индустрија започнала во голема мера да опаѓа, главно поради протерувањето на руските главни инженери. Во текот на предвоениот период, во март 1992 година имало обид за државен удар од страна на опозицијата, но нивниот обид бил крваво задушен. По еден месец, во април 1992 година, Дудаев вовел директна наметнета претседателска власт, а во јули 1993 година го распуштил парламентот за да избегне можен неуспешен референдум за одделување од Руската Федерација. Така, до крајот на октомври 1992 година, покрај границата со Чеченија биле распоредени руските сили, а од друга страна пак, Дудаев прогласил вонредна состојба и се заканил со општа мобилизација ако руските трупи не се повлечат од границата на Чеченија.

Воени дејствија[уреди | уреди извор]

Во текот на декември 1994 година, руските сили започнале воздушни бомбардирања на Чеченија. На 11 декември 1994 година, пет дена откако Дудаев и Павел Грачев, рускиот министер за одбрана се согласиле за избегнување на воени дејствија, руските сили влегле во републиката со цел да го воспостават уставниот поредок на земјата и да го зачуваат територијалниот интегритет на Руската Федерација.

Битка за Грозни[уреди | уреди извор]

Според процеките, околу 27,000 цивили загинале во првите пет недели од конфликтот. Според рускиот историчар и општественик Дмитриј Волкогонов, во бомбардирањето на руските сили загинале околу 35,000 цивили вклучувајќи и 5,000 деца и дека поголемиот дел од жртвите биле етнички Руси. Додека бројот на убиените чеченски војници не е познат, на руската страна тој број се движи околу 2,000 војници[9]. Крвопролевањето на Грозни ја шокриала цела Русија и надвор од неа, предизвикувајќи остри критики. Меѓународните набљудувачи на ОБСЕ конфликтот го опишале како незамислива катастрофа, додека пак поранешниот советски водач конфликтот го нарекол срамна крвата авантура, а германскиот канцелар Хелмут Кол "чиста лудост"[10].

По падот на Грозни[уреди | уреди извор]

Поглед кон парламентот во Грозни.

По заземањето на Грозни, руските сили полека започнале својата контрола да ја прошируваат околу областите на градот, како и на планините. По ова следувала нова руска офанзива на 15 април по должината на целиот фронт, притоа остварувајќи голем успех. Специјалните единици на ОМОН постепено започнале да ги зазимаат и другите градови во јужниот дел од земјата. Градот Гудермес бил освоен без борби, а по ова паднало и селото Дарго и Беној. Според анализџа на американските служби, загубите на руските сили се движело од околу 2,800 мртви, 10,000 повредени, повеќе од 500 исчезнати или заробени.[11]

Како што воените дејзтвија продолжувале, така чеченските сили започнале да се служат со заложнички дејствија, со кое се обидувале да влијаат врз руската јавност. Во јули 1995 година, една група на чеченски терористи под раковоство на командантот Шамил Басајев под своја контрола зел 1,500 заложници во јужна Русија, во една болница во Будјоновск, каде околу 120 руски цивили загинале пред да биде потпишан прекин на огнот. Ова им овозможило на чеченските сили да ги прегрупираат своите позиции и да се подготват за следната воена операција.

Според извештајот на ООН, чеченските сепаратистички сили во своите редови вклучувале голем број на деца-војници, некои на возраст од 11 години. Освен тоа, во своите редови имало и женски војници[12]. Герилската војна на Чеченците, како и постојаните заседи биле главното оружје во продолжението на војната. Во есента на 1995 година, генералот Анатолиј Романов, федерален командант во Чеченија во тоа време, бил тешко повреден и парализиран во експлозија на бомба во Грозни.

Проширување на војната[уреди | уреди извор]

Според декларацијата на главниот муфтија на Чеченците, Ахмад Кадиров, конфликтот се претворил во Света војна или џихад против православна Русија, повикувајќи слични организации од соседството да се вклучат во војната. Се проценува дека околу 5,000 војници работеле како доброволци, и истите биле добро мотивирани од религиозни или националистички причини.

Следувала Кизларската заложничка криза од 6 јануари 1996 година, кога Салман Радуев зазел една болница заедно со околу 3,700 заложници. Искористувајќи ја ситуацијата, Радуев испратил повик кон руските власти за повлекување на војските од Чеченија и Северен Кавказ. Така, на 18 јануари чеченските сили се вратиле на територијата на Чеченија.

На 9 јануари 1996 година, еден турски брод кој превезувал руски патници вил преземан од страна на чеченците. На 6 март 1996 година, еден патнички кипарски авион бил киднапиран од страна на чеченските сепаратисти.

Чеченска офанзива[уреди | уреди извор]

На 6 март 1996 година, од 1.500 до 2.000 чеченски борци го нападнале Грозни и започнале тридневен напад врз градот, запленувајќи големо количество на оружје и муниција. Исто така, чеченските сили во март го нападнале и Самашки, каде стотина селани биле убиени. Еден месец подоцна, на 16 април арапскиот командант Ибн ал-Катаб уништил голем дел од една руска колона во заседа во близина на Шатој, каде загинале најмалку 53 војници, како и во уште еден напад во близина на Ведено каде загинале 28 војници[13].

Со зголемувањето на бројот на жртвите, војната станала многу непопуларна во Русија. Како што приближувале претседателските избори во 1996 година, така Борис Елцин започнал да бара излез од конфликтот. На 21 април 1996 година бил убиен главниот чеченски командант, Џохар Дудаев. Но и покрај тоа, војната и нападите продолжиле. Елцин дури прогласил и победа во Грозни на 28 мај 1996 година, откако бил потпишан привремен прекин на огнот.

На 6 август 1996 година, три дена пред Елцин официјално да го претстави својот втор мандат како претседател, и време кога поголемиот дел од руските војници се преселиле кон југ за нивна последна офанзива кон планинските предели, чеченските сили започнале ненадеен напад врз градот Грозни.

Битка за Грозни[уреди | уреди извор]

Битката започнала откако чеченските вооружени сили спровеле изненаден напад врз градот Грозни на 6 август 1996 година. Нападот, познат како Нулта операција или Операција Џихад довел до конечен прекин на огнот и крај на Првата чеченска војна.

Бројот на чеченските сили се движел од 1,300 до 3,000 војници. Во рок од една недела, нивниот број се зголемил на 7,000 како резултат на платениците и мобилизацијата на нови војници. Од друга страна, руските федерални сили се состоеле од околу 15,000 до 20,000 војници заедно со огромна воздушна артилериска помош. Многу бргу слеувало и зазимање на градот од страна на чеченските бунтовници. Руските сили првично сметале дека нивните противници ќе го напуштат градот, па главно поради ова не презеле иницијатива за помош на оние кои биле заробени, посебно за единиците на МВР. Првите обиди за ублажување на ситуацијата не биле преземени додека во попладневните часови на 7 август, една воена колона била испратена на помош на опколените руските позиции. Сепак, еден ден претходно, групата предводена од Закаев запленила голем број на муниција.

На 10 август, генералот Олег Лобов бил отпуштен и на негово место бил поставен Александар Лебед. Убеден дека една воена победа во тој момент за Русија е невозможна, тој одлучил да влезе во преговори со сепаратистите. Во ноќта на 11 август 1996 година, Лебед ги започнал преговорите со Алсан Масхадов. На 14 август, чеченските сили речиси целосно го контролирале Грозни. Руските сили одбиле да се вратат во градот и се статиционирале на аеродромот. Во градот останале уште околу 2,000 руски војници, кои во недостиг на храна и муниција биле осудени на пропаст. Под овие околности, Лебед успеал да договори прекин на огнот.

Изненадувачки, на 19 август генералот Поликовски издал ултиматум кон бунтовниците да во рок од 48 часа го напуштат Грозни. Во случај на одбивање, нападите кон градот ќе се одвивале од сите правци со сите расположливи средства. Заканата резултирала со масовна паника меѓу цивилното население. Така, воздушните и артилериск напади започнале во раните утрински часови на 20 август. Во нападите, руските сили уништиле цели станбени блокови и најмалку една болница. Генералниот Лебед, сепак, успеал да се спречи натамошно крвопролевање во Грозни, додека руската офанзива во јужниот дел на планините продолжувала. По враќањето во Чеченија на 20 август, тој наредил прекин на огнот и се вратил на разговори со водачите на бунтовниците, потпомогнати од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.[14] На 22 август 1996 година, Русите се согласиле да ги повлечат сите своите сили во Чеченија. На 30 август 1996 година, Лебед и Масхадов потпишале договор, со кој бил ствен крај на војната.

Московски договор[уреди | уреди извор]

По потпишувањето на договорот за крај на војната, биле потпишени уште два договори помеѓу Чеченија и Русија. Во средината на ноември 1996 година, Елцин и Масхадов потпишале договор за економска соработка и репарација на чеченското население кое било погодено од конфликтот. Во февруари 1997 година, Русија, исто така одобрила амнестија за чеченските сепаратисти кои учествувале во војната во Чеченија во периодот од декември 1994 и септември 1996 година.[15]

Шест месеци по потпишувањето на договорот, на 12 мај 1997 година, новиот чеченски претседател, Аслан Масхадов отпатувал за Москва каде заедно со рускиот претседател Борис Елцин потпишале формален договор за мир меѓу двете земји и чеченскиот претседател се обврзал да дејствува доколку се појават какви било нови чеченски формации.

Сепак, за помалку од две години, некои од поранешните главни соработници на Масхадов, предводени од командантите Шамил Басајев и Ибн ал-Катаб, ја започнале инвазијата во Дагестан во летото 1999 година, а наскоро по ова Русија презела воени мерки врз Дагестан со кое започнала Втората чеченска војна.

Последици[уреди | уреди извор]

Жртви[уреди | уреди извор]

Мртви тела на цивили во Чеченија

Според Генералштабот на руската војска, во конфликтот загинале 3,826 војници, 17,892 биле повредени а 1,906 се водат како исчезнати[16]. Според НВО, авторитетен независен воен неделник во Русија, најмалку 5,362 руски војници загинале за време на војната, 52,000 биле повредени и 3,000 се исчезнати[17]. Според Унијата на мајките чии војници загинале во конфликтот, бројот на руските убиени војници е околу 14,000[18] врз основа на информации од ранетите војници[19]. Во 2009 година, официјалните податоци на руските власти околу бројот на исчезнатите лица од двете војни во Чеченија изнесувал околу 700 луѓе.[20]

Од друга страна пак, се проценува дека најголемиот можен број на жртви од страна на чеченските сили може да достигне до 100,000 од кои повеќето се цивили[21]. Според други проценки, бројот на жртви кај Чеченците се движи од 50,000 до 100,000.[3] Според тогашниот руски министер за внатрешни работи, во конфликтот биле убиени околу 20,000 цивили, а Сергеј Ковалјов смета дека таа бројка се движи околу 50,000 цивили. Александар Лебед тврди дека од 80,000 до 100,000 биле убиени, а околу 240,000 биле повредени во конфликтот. Според чечнските сили, бројотѕ на убиени е околу 100,000 лица[3]. Според рускиот весник Газета, околу 35.000 етнички руски цивили биле убиени од страна на руските сили при бомбардирањето и вооружените дејствија во Чеченија, повеќето од нив за време на бомбардирањето на Грозни[22].

Се проценува дека бројот на чечнските убиени сепаратисти е околу 3,000 војници[23], иако оваа бројка е речиси премала. Според Тони Вуд, новинар и автор, бројот на чеченските убиени војници изнесува околу 4,000[24] Сепак, денеска е невозможно да се утврди точниот број на жртвите од чеченска страна. Според руските власти, нивниот број изнесува околу 15,000 чеченски војници[25]

Затвореници и исчезнатите лица[уреди | уреди извор]

Според Касавуртовскиот договор, двете страни се согласиле за размена на сите затвореници до крајот на годината. Сепак, и покрај оваа заложба, голем дел од затворениците останале принудно во притвор. Според податоците, околу 1,432 лица се сметаат за исчезнати, но од друга страна пак, најмалку 139 чеченски сепаратисти во 1996 година сè уште се наоѓале по руските затвори. Денеска не е познато колку од тие луѓе се живи[26].Кон крајот на средината на јануари 1997 година, помеѓу 700 до 1,000 руски војници и офицери се наоѓале под чеченска контрола[26]. Според Amnesty International, околу 1,058 руски војници биле затворени од страна на чеченските војници, и кои биле подготвени за замена на затвореници[27].

Искористување на децата[уреди | уреди извор]

Чеченско момче во униформа

Според извештајот на ОН, чеченските сепаратистички сили вклучиле голем број деца, некои и помали од 11 години (вклучувајќи и девојчиња), за време на Првата чеченска војна: „На децата војници во Чеченија им беа доделени истите задачи како и на возрасните борци и служеа во борбените редови веднаш по нивното приклучување во вооружените сили“. Во 2004 година, Коалицијата против искористувањето на децата-војници изјави дека во Чеченија, оние под 15 годишна возраст можно е да бидат вклучени во рамките на вооружените групи во војната против Русија, иако е невозможно да се воспостави виртуелна забрана за голем број организации за медиумски и човекови права, коишто се присутни во регионот. Некои деца земаат учество и во самоубиствените бомбардирања.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (руски) Броня горела, как дрова... - Публицистика - Православное воинство - Русское Воскресение; ?> Архивирано на 24 февруари 2008 г.
  2. The New York Times. August 16, 2005 http://www.nytimes.com/2005/08/15/world/europe/15iht-chech.html?_r=1. Посетено на May 2, 2010. Отсутно или празно |title= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Civil and military casualties of the wars in Chechnya Russian-Chechen Friendship Society
  4. 120 in Budyonnovsk, and 41 in Pervomayskoe hostage crisis
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот 2007-10-19. Посетено на 2007-10-19.
  6. O.P. Orlov; V.P. Cherkassov. „Россия — Чечня: Цепь ошибок и преступлений“ (руски). Memorial. Архивирано од изворникот на 2017-02-09. Посетено на 2011-11-05.
  7. Unity Or Separation: Center-periphery Relations in the Former Soviet Union By Daniel R. Kempton, Terry D. Clark p.122
  8. Allah's Mountains: Politics and War in the Russian Caucasus By Sebastian Smith p.134
  9. Faurby, Ib; Märta-Lisa Magnusson (1999). „The Battle(s) of Grozny“. Baltic Defence Review (2): 75–87.
  10. „The First Bloody Battle“. The Chechen Conflict. BBC News. 2000-03-16.
  11. Lessons Learned from Modern Urban Combat U.S. Army
  12. The situation of human rights in the Republic of Chechnya of the Russian Federation United Nations
  13. Russian fighting ceases in Chechnya; Skeptical troops comply with Yeltsin order CNN
  14. Chechen peace talks may resume; But civilian casualties mount in intensified fighting Архивирано на 4 мај 2008 г., CNN, July 22, 1996
  15. First Chechnya War - 1994-1996
  16. „The War in Chechnya“. MN-Files. Mosnews.com. 2007-02-07. Архивирано од изворникот на 2008-03-02.
  17. Saradzhyan, Simon (2005-03-09). „Army Learned Few Lessons From Chechnya“. Moscow Times.
  18. Casualty Figures Jamestown Foundation
  19. „Civil and military casualties of the wars in Chechnya“. Архивирано од изворникот на 2002-12-28. Посетено на 2011-11-06.
  20. [700 Russian servicemen missing in Chechnya - officer], Interfax
  21. The Russian Army in Chechnya Архивирано на 3 март 2011 г. by Pavel Felgenhauer
  22. Do Ethnic Russians Support Putin's War in Chechnya? Архивирано на 3 март 2008 г. The Jamestown Foundation
  23. Khozhev interview
  24. „New Left Review - Tony Wood: The Case for Chechnya“. Архивирано од изворникот на 2011-11-18. Посетено на 2011-11-06.
  25. Knezys, Stasys, and Romaras Sedlickas. The War in Chechnya. 1st ed. College Station: Texas A&M University Press, 1999. 303-304
  26. 26,0 26,1 Missing Persons, Those Forcibly Detained, and Exchanges Human Rights Watch
  27. AI Report 1998: Russian Federation Архивирано на 14 ноември 2007 г. Amnesty International