Дагестанска инвазија (1999)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дагестанска инвазија
Дел од Втора чеченска војна
Датум 7 август 1999 - 28 септември 1999
Место Дагестан, Русија
Исход Руска победа,
Втора чеченска војна
Завојувани страни
Flag of Majlis.png Исламска меѓународна бригада
Flag of Majlis.png Дагестанци
Русија Русија
Команданти и водачи
Flag of Majlis.png Шамил Басаев
Flag of Majlis.png Ибн ал-Катаб
Русија Борис Елцин
Русија Виктор Казанцев
Сила
~1,500 на почетокот,[1]
до 3,000 вкупно во текот
17,000 војници
Жртви и загуби
~2,500 мртви 279 мртви[2]

Дагестанската инвазија, исто така позната ѝ како Дагестанската војна, започнала на 7 август 1999 година кога чеченските сепаратистички групи предводени од Шамил Басаев и Ибн ал-Катаб упаднале во соседен Дагестан давајќи подршка на дагестанското сепаратистичко движење. Војната завршила со огромна победа на Руската Федерација и повлекување на Исламската меѓународна бригада. Дагестанската војна била една од причините за започнување на Втората чеченска војна.

Позадина[уреди]

По издвојување голема победа над Руската Федерација во текот на Првата чеченска војна, Чеченија фе факто станала независна земја. Но во исто време земјата паднала во голема анархија и економски колапс. Владата на Аслан Масхадов не можела да ги толерира или да ги затопли односите со радикалните единици во земјата. Во март 1999 година, Масхадов го распуштил чеченскиот парламент и вовел делови на шеријатскиот закон. И покрај оваа отстапка, екстремистите предводени од Шамил Басаев и арапскиот исламист Ибн ал-Катаб, продолжиле да ја протеруваат владата на Масхадов. Во април 1998 година, оваа радикална група официјално ја изнела својата долгорочна цел, а тоа било создавање на сојуз на Чеченија и Дагестан, и протерување на Русите од целиот Кавказ.

Кон крајот на 1997 година, Багудин Магомедов, лидер на радикалното крило на Вахабистите во Дагестан побегнал во Чеченија. Таму тој воспоставил блиски односи од Ибн ал-Катаб и други лидери на вахабистичката заедница на Чеченија. Во текот на јануари 1999 година, ал-Катаб започнал со формирање на исламска легија составена од странски волонтери. Така започнале серија од инвазии на чеченските сили врз Дагестан. Во април 1999 година, Магомедов поднел барање до исламските патриоти на Кавказ да учествуваат во светата војна (Џихад) и да го завршат истиот со ослободување на Дагестан и Кавказ од рускиот колонијален јарем. Според него, поборниците на таа идеја требало да се пријават во Исламската армија на Кавказ.

Инвазија и руски контранапад[уреди]

На 4 август 1999 година, неколку лица од руското Министерство за внатрешни работи загинале на границата во судир со сепаратистички единици на Кбедов. На 7 август Басаев и ал-Катаб ја започале најавената инвазија во Дагестан со група од околу 1,500 до 2,000 вооружени милитанти, составени главно од исламистички радикали од Чеченија и Дагестан, како и други меѓународни исламистички организации[3].

Ал-Катаб себе си се опишал како главен стратег на операцијата, додека пак Басаев станал командант на истата[3]. Бунтовниците многу бргу ги зазеле селата Ансалта, Рахата и Шадрода и стигнале до селото Тандо во близина на градот Ботлик.[4]. На 10 август тие го објавиле прогласувањето на независна исламска држава Дагестан и во исто време им објавиле војна на предавничката влада во Дагестан, како и на окупационите единици на Русија[1][5][6]

Руската војска прилично бавно одговорила на нападите. Главно поради ова, првичните судири биле помеѓу сепаратистите и дагестанската полиција[5].Басаев и Катаб во зазедените области биле пречекани како ослободители, а од друга страна пак селското мирно население ги прогласиле за окупатори и непожелни религиски фанатици. Така, наместо анти-руско востание, граничните области започнале да се мобилизираат против Басаев и Катаб[1][3].

По ова следувала конечната интервенција на руската влада, започнувајќи со воздушни и артилериски напади. Руските воздухопловни силиз апочнале и бомбардирање на Чеченија. За прв пат пд страсна на руските сили било употребено термобарско оружје против населените места, особено во селото Тандо.[7][8], каде бунтовниците биле потполно блокирани и поразени од страна на руските сили. Бунтовничките линии за снабдување биле целосно отсечени. Тоа им дало време на руските сили да организираа контранапад под раководство на генералот Виктор Казанчев. Освен тоа, во овие напади биле користени Т-90 тенкови за прв пат за време на една операција. Така, на 23 август Басаев и Катаб објавиле повлекување на своите сили од Ботлик[9].

По ова, руските сили продолжиле со воените операции. Во ноќта на 4 септември,едн автомобил-бомба уништила воена станбена зграда во градот Бујнакск, при што загинале 64 лица. На 5 септември, чеченските сили ја започнале својата втора инвазија во реонит на Новолакское, овој пат со поголема сила. Бунтовниците дошле на само пет километри од главниот град. По ова следувале неколку Бомбашки напади на руски станови. Според Басаев, целта на втората инвазија била да се одвлече вниманието на федералните сили. Интензивните борби продолжиле до 12 септември, кога руските сили конечно ги принудиле на исламистите да побегнат назад во Чеченија, иако поединечни вооружени дејствија имало уште некој ден подоцна[10][11][12].

До средината на септември 1999 година, во борбите биле убиени најмалку стотина луѓе. Федералните служби објавиле бројка од 279 мртви и 987 повредени.

Последици[уреди]

По крајот на конфликтот, руските сили започнале со бомбардирање на југоисточна Чеченија, на 23 септември. Аслан Масхадов, сепаратистичкиот водач на Чеченија се спротиставил на инвазијата во Дагестан и наводно понудил да се казнат сторителите. Ова било одбиено од страна на Московски Кремљ и во октомври 1999 година руските сили ја започнале т.н. Бтора чеченска војна.

Инвазијата предизвикала преселување на околу 32,000 дагестански цивили. Според Роберт Бер, сепаратистите извршиле потенцијален геноцид, уништувајќи цели популации на малите етнички групи. Според истиот автор, нападите треба да се осудат како терористички настан бидејчи во истите биле вклучени и напади врз цивилното население[5].

Конспиративна теорија[уреди]

Рускиот бизнисмен Борис Березовски тврдел дека имал разговор со чеченскиот исламистички идеолог Мовлади Удугов шест месеци пред почетокот на инвазијата во Дагестан[13]. Според Березовски, Угудов предложил да започне војна во Дагестан во која ќе бидат инволвирани руските воени сили, и кои би го совладале чеченскиот претседател Масхадов, на кој начин би се создала нова исламсла република во која би спаѓале Чеченија и Ингушетија, и која нова држава ќе биде пријателски расположена кон Русија. Березовски тврди дека тој ја одбил оваа понуда, но бил направен заговор против Басаев од страна на Владимир Путин на тој начин што со создавање на конфликтот ќе биде соборен претседателот на Чеченија. Според договорот, руската армија требало да напредува до реката Терек. Според Березовски, Путин не го почитувал договорот, туку дал дополнителен предизвик за започнување на нова војна[13]. Преписот од записите бил објавен на 10 септември 1999 година.[14]. Дасаев од друга страна пак изјавил дека никогаш не би ја продал Чеченија на Путин и го негирал постоењето на таков дговор[15].

Конфликтот во Дагестан бил оценет од страна на руската новинарка Ана Политковскаја како провокација иницирана од Москва со цел да се започне војна во Чеченија, преку обезбедување на безбеден премин на руските сили[16]. Се наведува уште и дека Александар волошин платил пари на Басаев за да ја предизвика оваа криза[17][18][19], во соработка со ГРУ[20][21][22]. Басаев од друга страна негирал дека има некакви врски со ГРУ[23].

Улога на Березовски[уреди]

Еден член на Комунистичката партија на Руската Федерација, Виктор Илукин, кој служел како заменик-претседател на комитетот за одбрана и кој бил обвинет од страна на ФСБ за ненавремено откривање на информации поврзани околу Борис Березовски и конфликтот. Според него, Борис Березовски ги финансирал чеченските сепаратисти на кој начин се обидувал да ги презеде природните ресурси под своја контрола. Еден од начините за подршка на чеченските сили наводно била киднапирање на цивили и побарување на паричен надоместок. Масхадов и Басаев често се жалеле дека делови од надоместоците често и мистериозно завршувале кај трети лица[24].

Кога ФСБ излегла со обвиненија против Березовски, тој одговорил со обвинување дека ФСБ организирал бомбашки напади и дека планот ќе биде прикажан на ТВ-6 во 2002 година. Сепак, телевизијата била затворена од страна на руската влада, а филмот не бил објавен.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Souleimanov, Emil (December 2005). „Chechnya, Wahhabism and the Invasion of Dagestan“. „Middle East Review of International Affairs“ 9 (4). http://www.webcitation.org/5x3qOuZzo. 
  2. http://www.soldat.ru/doc/casualties/book/chapter7_3.html
  3. 3,0 3,1 3,2 Murphy, Paul (2004). „The Wolves of Islam: Russia and the Faces of Chechen Terror“. Potomac Books Inc.. ISBN 978-1574888300. 
  4. Russians, rebels beef up forces in Dagestan; Militants fire rocket grenades, CNN, August 9, 1999
  5. 5,0 5,1 5,2 Richard Sakwa, уред (2005). „Robert Bruce Ware: Mythology and Political Failure in Chechnya“. „Chechnya: From Past to Future“. Anthem Press. стр. 79–115. ISBN 978-1-84331-164-5. 
  6. Rebels pick Chechen warlord in Dagestan insurgency; Government focuses on crisis in southern Russia, CNN, August 11, 1999
  7. (руски) Справочный материал по объемно-детонирующим боеприпасам ("вакуумным бомбам"), Human Rights Watch, February 2001
  8. Williams, Bryan Glyn (2001). The Russo-Chechen War: A Threat to Stability in the Middle East and Eurasia?. Middle East Policy 8.1.
  9. Rebels say they're out of Dagestan; Russia says war continues, CNN, August 23, 1999
  10. The Security Organs of the Russian Federation (Part III): Putin returns to the organs by Jonathan Littell
  11. [[Richard Sakwa |Sakwa, Richard]] (2008). „Putin, Russia's choice“ (2nd издание). Routledge. стр. 21. ISBN 978-0-415-40765-6. 
  12. Russian Army Operations and Weaponry During Second Military Campaign in Chechnya
  13. 13,0 13,1 Alex Goldfarb, with Marina Litvinenko Death of a Dissident: The Poisoning of Alexander Litvinenko and the Return of the KGB, The Free Press, 2007, ISBN 1-416-55165-4, page 216.
  14. "Death of a Dissident", page 189.
  15. Блоцкий Олег Михайлович. Шамиль Басаев
  16. Politkovskaya, Anna (2003) A Small Corner of Hell: Dispatches from Chechnya
  17. The Second Russo-Chechen War Two Years On - by John B. Dunlop, ACPC, October 17, 200
  18. Paul Klebnikov: Godfather of the Kremlin: The Decline of Russia in the Age of Gangster Capitalism, ISBN 0-15-601330-4
  19. The Operation "Successor" by Vladimir Pribylovsky and Yuriy Felshtinsky (in Russian).
  20. Western leaders betray Aslan Maskhadov - by Andre Glucksmann. Prima-News, March 11, 2005
  21. CHECHEN PARLIAMENTARY SPEAKER: BASAEV WAS G.R.U. OFFICER The Jamestown Foundation, September 08, 2006
  22. Analysis: Has Chechnya's Strongman Signed His Own Death Warrant? - by Liz Fuller, RFE/RL, March 1, 2005
  23. Блоцкий Олег Михайлович. Шамиль Басаев
  24. http://www.businesspress.ru/newspaper/article_mId_33_aId_99279.html