Чеченска Република Ичкерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чеченска Република Ичкерија
Noxçiyn Paçẋalq Noxçiyçö/Içkeria
Нохчийн Пачхьалкх Нохчийчоь
Чеченская Республика Ичкерия
во прогонство

1991 – 2000
 

Знаме Грб
Химна
Химна
Местоположба на Чеченија
Чеченија во реонот на Кавказ
Главен град Грозни
Јазици чеченски
руски (де факто)
Вероисповед суни ислам
Уредување Република (1991-1998), Исламска република (1998-2007), Република (2007-)
Претседател на Ичкерија
 -  1991–1996 Џохар Дудаев 
 -  1996–1997 Зелимхан Жандарбијев 
 -  1997–2005 Аслан Масхадов 
 -  2005–2006 Шеик Абдул Халим 
 -  2006–2007 Дока Умаров
 -  2007–денес Ахмед Закајев
(во егзил)
Историја
 -  Распаѓање на Советскиот Сојуз 7 февруари 1990
 -  Распаѓање на СССР 1 ноември 1991 1991
 -  Прва чеченска војна 11 декември 1994 – 31 август 1996
 -  Втора чеченска војна 26 август 1999 – 16 април 2009 2000
Површина
 -  2002 15300 км²
Население
 -  2002 1103686 
     Густина 72.1 жит/км²
Валута руска рубља
чеченски нахар
(1994)

Чеченска Република Ичкерија (чеченски: Нохчийн Пачхьалкх Нохчийчоь, руски: Чеченская Республика Ичкерия) е име за централниот дел од Чеченија.

Републиката била прогласена кон крајот на 1991 година од страна на Џохар Дудаев. Во времето кога бил признаена независноста, рускиот претседател Борис Елцин одбил да ја признае чеченската независност, како и сите останати земји во светот. Државата од тогаш била де факто независна, до Првата чеченска војна во 1994 кога земјата била окупирана од страна на руските војски до 1996 година, а Дудаев бил убиен. По повлекувањето на руските сили до почетокот на Втората чеченска војна, Чеченија и понатаму уживала техничка независност, сè до нападот на чеченските сили под раководство на Шамил Басајев во соседната руска република Дагестан. Во нападот, Русија одговорила со воена сила и ја започнала Втората чеченска војна. Чеченскиот претседател Аслан Масхадов и неговите сепаратисти побегнале по планините, каде се кријат до денес.

Поранешниот претседател на Грузија, кој бил соборен со воен удар во 1991 година и учествувал во граѓанската војна, ја признал независноста на Ичкерија во 1993 година[1]. Дипломатските односи биле воспоставени од делумно признаениот исламски емирар на Авганистан на владата на Талибанците на 16 јануари 2000 година. Ова признавање било поништено по падот на Талибанците во 2001 година[2]. Сепак и покрај признавањето, Масхадов го отфрлил нивното признавање и изјавил дека за оваа работа Талибанците биле нелегитимни. Ичкерија исто така добила отворена поддршка од страна на балтичките земји, група на украински националисти и Полска. Естонија еднаш гласела за признавање, но чинот никогаш не бил проследен бидејќи следувал притисокот од Русија и про-руските елементи во рамките на ЕУ[3][4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. in 1993, ex –President of Georgia Zviad Gamsakhurdia recognized Chechnya ` s independence.. Архивирано на 21 август 2013 г.,
  2. Are Chechens in Afghanistan? --By Nabi Abdullaev, Dec 14, 2001 Moscow Times
  3. Kari Takamaa and Martti Koskenneimi. The Finnish Yearbook of International Law. p147
  4. Kuzio, Taras. "The Chechen crisis and the 'near abroad'". Central Asian Survey, Volume 14, Issue 4 1995, pages 553-572