Куче
Припитомено куче Период: Late Pleistocene – Recent | |
---|---|
Лабрадор Ретривер | |
припитомен
| |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Потцарство: | Eumetazoa |
Колено: | Хордати |
Потколено: | ‘Рбетници |
Класа: | Цицачи |
Поткласа: | Живородни цицачи |
Ред: | Carnivora |
Подред: | Кучевидни |
Семејство: | Canidae |
Потсемејство: | Caninae |
Племе: | Canini[1] |
Род: | Canis |
Вид: | C. lupus |
Подвид: | C. l. familiaris |
Триномен назив | |
Canis lupus familiaris | |
Синоними | |
|
Куче или пес (Canis lupus familiaris)[2] е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.[3]
Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па сè до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчар. Бојата варира најчесто од бела до сива па сè до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па сè до густи и рапави[4]
Физички одлики
[уреди | уреди извор]Денешните кучешки раси покажуваат повеќе варијанти на големина, изглед и однесување повеќе од кое било друго домашно животно. Иако се далеку од нив, кучињата имаат малку сличности со своите предци, волците. Кучињата покрај сѐ се грабливци, што значи имаат остри заби и цврсти вилици за напаѓање, гризање и кинење на својата храна. Иако со текот на времето како што расите на кучињата сè повеќе се разликуваат сепак сите тие ги имаат истите основни одлики на нивните предци, сивите волци. Тие имаат и цврсти мускули, добри коски, циркулаторен систем кој ги поднесува и трчањето и жилавоста и заби за гризање и кинење.
Вид
[уреди | уреди извор]Како повеќето цицачи, кучињата се дихромати и имаат црвено-зелен вид.[5][6][7] Различни видови на кучиња имаат различни облици и димензии на очите и исто така имаат и различни видови на мрежници на окото.[8] Кучињата со долги носа имаат таканаречени видни линии кои поминуваат низ мрежницата на окото што им дава доста широко видно поле од каде имаат одлична визија, додека тие со пократки носа имаат таканаречени „area centralis“, централни делчиња кои имаат трипати подлабоки нервни завршетоци како тие на видните линии, што има дава подетален вид доста сличен на тој на човекот.
Некои раси, највеќе ’ртовите (загарите), имаат видно поле до 270° (споредувајќи го со видното поле од 180° како што е на човекот), а всушност некои раси поточно тие со пократки носа имаа помало видно поле, скоро 180°.[5][6]
Прва Помош при гризнување од куче
[уреди | уреди извор]Иако вообичаено гризнувањето на куче не е фатално по вашето здравје сепак потребно е да се пружи прва помош на секоја рана што е можно побрзо со цел да не се дозволи да дојде до инфекција.
Како да спречите инфекција?
При мала рана, гребнатинки кои не крварат измијте го гризнатото место со благ сапун и вода а потоа пребришете ја раната со чиста сува крпа. Доколку раната крвари претиснете ја раната со завој или чиста крпа. Откако ќе престане крварењето раната премачкајте ја со антибиотска маст и преврзете ја со чист завој.
Кога да се консултирате со доктор?
Доколку имате рана на вашето лице, нога или рака доколку раната зафаќа голема површина. Докторот ќе провери дали при гризнувањето дошло до оштетување на некој нерв, тетива или коска. Доколку се сомневате дека сте се здобиле со повреда на некој нерв, голем крвен сад, тетива или се сомневате дека имате скршена коска или било која друга сериозна повреда. Доколку раната покажува знаци на инфекција (црвенило, појава на гнојни подрачја, оток) или доколку по гризнувањето се појави треска.
Боја на крзно
[уреди | уреди извор]На сите кучиња бојата на крзното и крзното им се различни тоа зависи од влакната кои можат да бидат долги или кратки а некој може и да немаат влакна зависи какви се кучињата.
Кучето како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Кучето се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Кучето како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Учителот и песот“ - суфиска приказна.[9]
- „Кучето и дервишите“ - суфиска приказна.[10]
- „Песот и куќата“ (српски: Пас и кућа) - српска народна приказна.[11]
- „Верните кучиња на грешка отепани“ - македонска народна приказна.[12]
- „Бесот стивна“ - расказ на уругвајскиот писател Марио Бенедети.[13]
- „Плодност“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[14]
- „Волците и кучињата“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[15]
- „Кучето и шишенцето со мирисна вода“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.[16]
- „Добрите кучиња“ - песна во проза на Шарл Бодлер.[17]
- „Кучката“ — расказ на македонскиот писател Милко Бојковски.[18]
- „Кучешко срце“ - новела на рускиот писател Михаил Булгаков.[19]
- „Ники“ - роман на унгарскиот писател Тибор Дери од 1956 година.[20]
- „Палавото кутре“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[21]
- „Песна за кучката“ - песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1915 година.[22]
- „Петелот, кучето и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[23]
- „Селанецот и кучињата“ - басна на Езоп.[24]
- „Кучето и петелот“ — басна на Езоп.[25]
- „Кучето и неговата сенка“ - басна на Езоп.[26]
- „Кучето со месо во устата“ — басна на Езоп.[27]
- „Не трпи маска“ (српски: Не трпи брњицу) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[28]
- „Никогаш мир“ (српски: Никад мира) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[29]
- „Нашиот Белчо“ (српски: Наш Белота) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[30]
- „Перо и неговиот Каро“ (српски: Пера и његов Каро) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[31]
- „Шарко се одмаздил“ (српски: Шаров се осветио) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.[32]
- „Дабот и кучето“ - роман во стихови на францускиот писател Ремон Кено од 1937 година.[33]
- „Претходен живот“ — краток расказ на македонскиот писател Жарко Кујунџиски.[34]
- „Што значи ав-ав“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[35]
- „Што му е“ — песна на Васил Куноски.[36]
- „Еве како постанав куче“ (руски: Вот как я сделался собакоҋ) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[37]
- „Дневникот на песот филозоф“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.[38]
- „Господарот и кучето“ - расказ на германскиот писател Томас Ман од 1919 година.[39]
- „Кучекутре“ — краток расказ на македонскиот писател Шазим Мехмети.[40]
- „Џукела“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[41]
- „Згазено куче“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.[42]
- „Двете кучиња“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.[43]
- „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.[44]
- „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.[45]
- „Руски ’рт“ (српски: Руски хрт) - збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1979 година.[46]
- „Собир на кучињата во Кносос“ (српски: Zbor pasa u Knososu) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[47]
- „Петтоглава вечерна сказна за куклениот цар со тиква празна врз празните сандаци од мармалад, за црното маче Мау-Мау и за беззабиот пес од плоштад“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[48]
- „Џими“ - песна на рускиот поет Евгениј Рејн.[49]
- „Песната на кучињата“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[50]
- „Кучешко“ - расказ на рускиот писател Захар Прилепин.[51]
- „Кучешкото село“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[52]
- „Кученце“ - расказ на американскиот писател Џорџ Сондерс.[53]
- „Кучка“ - расказ на полскиот писател Анджеј Стасјук.[54]
- „Приказна за добрата кучка (српски: Priča o dobroj kuji)“ - расказ на српскиот писател Бранко Ќопиќ.[55]
- „Кучето Зумбул“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[56]
- „Хермес, кучето и ѕвездата“ - песна во проза од истоимената збирка на полскиот поет Збигњев Херберт.[57]
- „Најпрвин кучето“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[58]
- „Моето кученце Ами“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1991 година.[59]
- „Скапоцено куче“ - расказ на рускиот писател Антон Павлович Чехов.[60]
- „Монолог на кучето вплеткано во историјата“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[61]
- „Нимрод“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[62]
Кучето како тема во популарната музика
[уреди | уреди извор]- „Не го продавам насмеаното куче“ (хрватски: Ne prodajem nasmješenog psa) - песна на хрватската рок-група Азра.[63]
- „Дај му коска на кучето“ (англиски: Giving the dog a bone) - песна на австралиската рок-група АЦ ДЦ (AC DC) од 1980 година.[64]
- „Крзното на кучето“ (англиски: Hair of the Dog) - песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[65]
- „Изеди го твоето куче“ (англиски: Eat your dog) - песна на американската панк-група Бед релиџн (Bad Religion).[66]
- „Загари на љубовта“ (англиски: Hounds of Love) - песна и албум на британската поп-пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1985 година.[67]
- „Дождовни кучиња“ (англиски: Rain Dogs) — песна од истоимениот албум на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[68]
- „Девојките и кучињата“ (англиски: The Girls And The Dogs) — песна на американскиот пејач Скот Вокер (Scott Walker)“ од 1968 година.[69]
- „Како си, куче?“ (англиски: What Up, Dog?) — песна од истоимениот албум на американската поп-група Was (Not Was) од 1988 година.[70]
- „Кучешки живот“ (англиски: Dog's life) — песна на британската рок-група Gentle Giant од 1972 година.[71]
- „Крзното на кучето“ (англиски: Hair Of The Dog) — песна на американската рок-група Green On Red од 1985 година.[72]
- „Куче?“ — песна на македонската рок-група Д’ Далтонс од 2004 година.[73]
- „Waufvw!!!“ — песна од истоимениот албум на македонската рок-група The John од 2012 година.[74]
- „Сакам да бидам твое куче“ — песна на Д Џон.[75]
- „Валкано куче“ (англиски: Dirty Dog) — песна на американската рок-група ЗЗ Топ (ZZ Top) од 1983 година.[76]
- „Валканото старо куче што пие јајца“ (англиски: Dirty Old Egg-Sucking Dog) — песна на американскиот музичар и композитор Џек Клемент (Jack Clement).[77]
- „Црно куче“ (англиски: Black Dog) — песна на британската рок-група Лед Цепелин (Led Zeppelin) од 1971 година.[78]
- „Две кучиња се дупат“ (англиски: Two Dogs Fuckin) — музички албум на хрватската рок-група Лет 3 од 1989 година.[79]
- „Куче на мирот“ (англиски: Peace Dog) — песна на британската рок-група Калт (The Cult) од 1987 година.[80]
- „Слаб пес“ (хрватски: Mršavi pas) — песна на хрватската рок-група Мајке (Majke) од 1993 година.[81]
- „Мачки и кучиња“ (англиски: Cats and Dogs) — албум на австралиската поп-рок група Ментал ез енитинг (Mental As Anything) од 1981 година.[82]
- „Кучето со куче се јаде“ (англиски: Dog eat dog) — песна на американскиот рок-музичар Тед Њуџент (Ted Nugent).[83]
- „Во куче веруваме“ (англиски: In dog we trust) — песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[84]
- „Проклето старо куче“ (англиски: Damned Old Dog) — песна на американската фолк-рок група Роучис (The Roches) од 1979 година.[85]
- „Куче?“ (англиски: Dog) — песна на американската соул-група Sly & The Family Stone од 1967 година.[86]
- „Сакам да бидам твое куче“ (англиски: I wanna be your dog) — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1969 година.[87]
- „’Рт“ (англиски: Greyhound) — песна на американската рок-група The Jon Spencer Blues Explosion! од 1994 година.[88]
Кучето како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Леси се враќа дома“ (англиски: Lassie come home) — американски филм од 1943 година, во режија на Фред М. Вилкокс (Fred M. Wilcox).[89]
- „Волк-самотник“ (српски: Вук самотњак) — југословенски филмод 1972 година, во режија на Обрад Глушчевиќ.[90]
- „Рин Тин Тин“ — бугарско-американски филм од 2007 година, во режија на Дени Лернер (Danny Lerner).[91]
- „Марли и јас“ (англиски: Marley and Me) — американски филм од 2008 година, во режија на Дејвид Франкел.[92]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Минијатурен бел шнауцер
-
Пудла
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Macdonald, David; Claudio Sillero-Zubiri (2004). The Biology and Conservation of Wild Canids. Oxford: Oxford University Press. стр. 45–46. ISBN 0198515561.
- ↑ „ADW: Canis lupus familiaris: Information“. Animaldiversity.ummz.umich.edu. Посетено на 2008-11-05.
- ↑ Coppinger, Ray (2001). Dogs: a Startling New Understanding of Canine Origin, Behavior and Evolution. New York: Scribner. стр. 352. ISBN 0684855305.
- ↑ The Complete dog book : the photograph, history, and official standard of every breed admitted to AKC registration, and the selection, training, breeding, care, and feeding of pure-bred dogs. Publisher New York: Howell Book House, 1992. ISBN 0-87605-464-5
- ↑ 5,0 5,1 A&E Television Networks (1998). Big Dogs, Little Dogs: The companion volume to the A&E special presentation, A Lookout Book, GT Publishing. ISBN 1-57719-353-9 (hardcover).
- ↑ 6,0 6,1 Alderton, David (1984). The Dog, Chartwell Books. ISBN 0-89009-786-0.
- ↑ Jennifer Davis (1998). „Dr. P's Dog Training: Vision in Dogs & People“. Архивирано од изворникот на 2015-02-09. Посетено на 2008-06-06. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Jonica Newby, Caroline Penry-Davey (2003-09-25). „Catalyst: Dogs' Eyes“. Australian Broadcasting Corporation. Посетено на 2006-11-26. Недостасува
|author1=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 53.
- ↑ Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 26.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 145.
- ↑ Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 51-54.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 59-63.
- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 124.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 18.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 23.
- ↑ Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 153-158.
- ↑ Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 8.
- ↑ Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008.
- ↑ Tibor Deri, Niki – Priča o jednom psu. Beograd: Rad, 1988.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 120-122.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 159-160.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 88.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 7.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 87.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 11.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 72.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 70-71.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 69.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 67-68.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 21.
- ↑ Danilo Kiš, „Svojevrsna parodija francuske književnosti“, во: Rejmon Keno, Stilske vežbe. Beograd: Rad, 1977, стр. 124.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 259-260.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 71.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 87.
- ↑ Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 50-51.
- ↑ Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 85-93.
- ↑ Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 135.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 114.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 121.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 30.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 30-31.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 31-32.
- ↑ „Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 50.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 80-83.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 67-68.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 67.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 171-182.
- ↑ Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
- ↑ Džordž Sonders, Deseti decembar. Beograd: Laguna, 2019, str. 35-46.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 375-381.
- ↑ Branko Ćopić, Parohija tužnoga đavola. Beograd: Rad, 1964.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 51-52.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 22.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 270.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 17.
- ↑ Антон Чехов, Изабране приче. Рад, Београд, 1980, стр. 48-51.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 353-355.
- ↑ Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 47-50.
- ↑ Azra, Filigranski pločnici, Komuna, CD 1005.
- ↑ YouTube, Givin the dog a bone - AC/DC (Lyrics) (пристапено на 15 јуни 2017)
- ↑ Bauhaus, Mask, Beggars Banquet BBL 29CD.
- ↑ YouTube, Eat Your Dog - Bad Religion (пристапено на 13 јануари 2017)
- ↑ Kate Bush - Hounds of Love Full Album (пристапено на 9 мај 2017)
- ↑ DISCOGS, Tom Waits – Rain Dogs (пристапено на 20 јули 2019)
- ↑ Scott Walker – Scott 2 (пристапено на 6.12.2023)
- ↑ What Up Dog? (пристапено на 8 ноември 2017)
- ↑ Discogs, Gentle Giant – Octopus (пристапено на 20.11.2022)
- ↑ DISCOGS, Green On Red – Gas Food Lodging(пристапено на 6.11.2022)
- ↑ D’ Daltons, De Luxe. Avalon Produkcija, 027, 2004.
- ↑ The John, Waufvw!!!, PMG Recordings #76, 2012.
- ↑ The John & Space Rebel Gang, PMG Recordings #99.
- ↑ YouTube, ZZ Top ~ Eliminator (Full Album) (пристапено на 18 јуни 2017)
- ↑ Discogs, Johnny Cash – At Folsom Prison (пристапено на 21 февруари 2020)
- ↑ YouTube, Led Zeppelin - Black Dog (Live Video) (пристапено на 22 мај 2017)
- ↑ Let 3 – Two Dogs Fuckin' (пристапено на 1.3.2023)
- ↑ DISCOGS, The Cult – Electric (пристапено на 8 март 2018)
- ↑ YouTube, Majke - Mršavi pas (1993) (пристапено на 12.1.2021)
- ↑ Mental As Anything, Cats & Dogs (пристапено на 6 јули 2017)
- ↑ YouTube, TED NUGENT - Dog Eat Dog (пристапено на 13 јануари 2017)
- ↑ YouTube, Reagan Youth - In Dog We Trust (пристапено на 5 февруари 2018)
- ↑ The Roches – The Roches (пристапено на 10.10.2023)
- ↑ Sly & The Family Stone – A Whole New Thing (пристапено на 30 октомври 2023)
- ↑ YouTube, The Stooges - I Wanna Be Your Dog (пристапено на 13 јануари 2017)
- ↑ Discogs, The Jon Spencer Blues Explosion!* – Orange (пристапено на 6.1.2023)
- ↑ Lassie se vraća kući, američki film - Zlatno doba Hollywooda (1943.) (пристапено на 25.12.2022)
- ↑ РТС, Вук самотњак (пристапено на 19.4.2020)
- ↑ Rin Tin Tin, američko-bugarski film (2007.) (пристапено на 11.4.2023).
- ↑ IMDb, Marley & Me (пристапено на 11.6.2022)
|