Тихоокеански острови

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пацифички острови)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Три поголеми островски групи во Тихиот Океан.

Тихоокеански острови или пацифички острови — поим кој се однесува на островите во Тихиот Океан. Зависно од контекстот, може да ги подразбира земјите и островите во Океанија од заедничко австронезиско потекло, или пак оние подоцна населени од такви народи.

Поимување[уреди | уреди извор]

Поимот „тихоокеански острови“ може да има различни значења. Според едно, ова ја подразбира Океанија во геополитичка смисла.[1][2] Некаде, под поимот се мисли на островите колонизирани од Британците, Французите, Холанѓаните, Американците и Јапонците, како што се Питкерн, Тајван и Борнео.[3] Други пак, ги подразбираат островите од австронезиско потекло како Тајван, Индонезија, Микронезија, Полинезија и островите на Бурма, кои водат потекло од неолитските култури на островот Тајван.[4] Во рамките на Тихиот Океан има многу острови кои не се сметаат за дел од Океанија. Такви се архипелагот Галапагос (Еквадор), Алеутските Острови (Алјаска, САД), Ванкувер (Канада), Сахалин и Курилските Острови (Русија), Тајван и останатите острови на Република Кина. Такви се и Филипините, островите во Јужнокинеското Море, највеќето острови во Индонезија и Јапонија, која се состои од островите во Јапонскиот Архипелаг.

Тихоокеански острови по површина (преку 10.000 км2)[уреди | уреди извор]

На списоков се наведени сите острови сместени во географското подрачје на Тихиот Океан и зафаќаат површина од преку 10.000 квадратни километри.

Име Површина
(км2)
Држава Население Густина
(жит/км2)
Нова Гвинеја 785.753 Индонезија и Папуа Нова Гвинеја 7.500.000 9,5
Хоншу 227.960 Јапонија 103.000.000 451,8
Сулавеси 174.600 Индонезија 18.455.000 105,7
Јужен Остров 145.836 Нов Зеланд 1.038.600 7,1
Северен Остров 111.583 Нов Зеланд 3.393.900 30,4
Лузон 109.965 Филипини 48.520.000 441,2
Минданао 104.530 Филипини 25.281.000 241,9
Тасманија 90.758 Австралија 514.700 5,7
Хокаидо 77.981 Јапонија 5.474.000 70,2
Сахалин 72.493 Русија 580.000 8,0
Тајван 35.883 Република Кина 23.000.000 641
Кјушу 35.640 Јапонија 13.231.000 371,2
Хајнан 35.400 НР Кина 8.900.000 251,4
Нова Британија 35.145 Папуа Нова Гвинеја 513.926 14,6
Ванкувер 31.285 Канада 759.366 24,3
Шикоку 18.800 Јапонија 4.141.955 220,3
Нова Каледонија 16.648 Франција 208.709 12,5
Палаван 12.189 Филипини 430.000 35,3
Вити Леву 10.531 Фиџи 600.000 57,0
Хаваи 10.434 САД 185.079 17,7

Список на острови[уреди | уреди извор]

Тихоокеански острови по континенти[уреди | уреди извор]

Антарктик[уреди | уреди извор]

Азија[уреди | уреди извор]

Средна Америка[уреди | уреди извор]

Северна Америка[уреди | уреди извор]

Океанија[уреди | уреди извор]

Јужна Америка[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. D'Arcy, Paul (March 2006). The People of the Sea: Environment, Identity, and History in Oceania. University Of Hawai'i Press. ISBN 978-0-8248-3297-1. https://www.uhpress.hawaii.edu/p-4123-9780824832971.aspx. посет. 14 декември 2014 г. 
  2. Rapaport, Moshe (April 2013). The Pacific Islands: Environment and Society, Revised Edition. University of Hawai'i Press. ISBN 978-0-8248-6584-9. (бара претплата)
  3. Wright, John K. (јули 1942 г). Pacific Islands. „Geographical Review“ том  32 (3): 481–486. doi:10.2307/210391. (бара претплата)
  4. Blundell, David (јануари 2011 г). Taiwan Austronesian Language Heritage Connecting Pacific Island Peoples: Diplomacy and Values. „IJAPS“ том  7 (1): 75–91. http://ijaps.usm.my/wp-content/uploads/2012/06/DavidBlundell_Languages.pdf. посет. 2 мај 2015 г. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • William Collins Sons & Co Ltd (1983). Collins Atlas of the World (revised 1995 издание). London W6 8JB: HarperCollins. ISBN 0-00-448227-1.