Мариовски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мариовски манастир
Поглед на главната манастирска црква „Св. Никола“
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Никола“
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1095 и 1266 година (XI и XIII век)
Посветен наСвети Никола
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Св. Никола“
Личности
Место
Местоатар на село Манастир, Прилеп, Македонија Македонија
Координати41°09′54″N 21°43′34″E / 41.16500° СГШ; 21.72611° ИГД / 41.16500; 21.72611Координати: 41°09′54″N 21°43′34″E / 41.16500° СГШ; 21.72611° ИГД / 41.16500; 21.72611
Видливи остатоци1 црква, конаци, трпезарија
Оторен за јавностда
Други информации(Прилепечко-витолишка парохија)

Мариовски манастирсредновековен македонски православен христијански манастир кој се наоѓа во селото Манастир во областа Мариово. Сместен е непосредно на самиот крај на селото од јужната страна, на десниот брег високо над реката Црна во Чебренската клисура.

Историја[уреди | уреди извор]

Единствената манастирската црква започнала со градба во 1095 година, а нејзината сегашна градба потекнува од 1266 година. Самиот нејзин фрескоживопис бил изведен пет години подоцна. Според натписот во централниот кораб е наведено дека црквата е подигната во 1095 година од страна на протостраторот Алексиј кој бил роднина - стрико, вујко или тетин на византискиот император Алексиј Комнин[1]. Од подоцнежни истражувања се знае дека црквата била возобновена во 1271 година, од кога датира и целиот живопис со натписите[1]. Имено, црквата ја возобновил игуменот Акакиј кој пред замонашувањето се викал Јоаникиј во 1266 година[2]. Понатамошната историја на манастирот може да се слеи само по некои делумно сочувани фрески на фасадата со еден натпис и три словенски записи испшани со остар предмет на фреските[1]. Живописот на јужната и западната фасада се од XVI век односно од 1506 година, а записите на словенски со остар предмет потекнуваат од 1592 година[1]. Ова укажува дека во манастирот подолго време имало калуѓери кои го познавале словенското писмо, односно биле Македонци или Словени[1]. Ваквите факти пак укажуваат дека манастирот постоел и во него имало монашки живот и во отоманско време и тоа не само од XVI век па натаму, туку и пред XVI век, бидејќи според народното предание турците кон Мариово покажувале особено внимание[1]. Други документи за подоцнежниот период со исклучок на XIX век, не се сочувани. Иконите кои што се наоѓаат денес во црквата се од 19 век, што укажува на обемноста на реставраторските зафати од ова време[1].

Од 2013 година се започнати археолошки истражувања околу манастирската црква и самиот манастир со цел заокружување на сознанијата за објектот.[3] Претходно имало ископувања во текот на 1990 година.

Монашки живот[уреди | уреди извор]

Манастирот отсекогаш имал активен живот во него, а особено неговиот врв во развојот бил во текот на втората фаза во XIII-XIV век. Сепак, состојбата се менувала низ годините, па така кон крајот на XIX век, потполно замрел монашкиот живот.[3] Како последен монах бил Нестор од групата на руската емиграција. Во текот на последниве години, со благослов на владиката Петар Преспанско-пелагониски од 2007, монашкиот живот е повторно обновен и сега е дом на отец Никола. Со обновата на монашкиот живот во стариот средновековен манастир Свети Никола во селото, денес во него постојано живее монашко братство од 3 монаси со игуменот отец Никола и еден искушеник.

Цркви[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Црква „Св. Никола“ - Манастир.

Според архитектонскиот тип на манастирската црква се забележуваат две фази на градба. Постарата црква, од која се забележуваат делови во внатрешноста, е била подигната во 1095 година, а поновата односно сегашната градба била изградена во 1266 година, додека живописана била во 1271 година.[4] Архитектонскиот тип на манастирската црква претставува трикорабна базилика,[5] налик на катедрална црква, каква што е Света Софија во Охрид. Според стилот таа припаѓа на раниот средновековен византиски вид, од кој вклучително со оваа црква има само 4 на подрачјето на Македонија. Карактеристично за манастирската црква е што таа претставува трикорабна базилика која е посветена на три светии: централниот кораб е посветен на Света Богородица, северниот на Свети Архангел Михаил, а јужниот на Свети Никола[6].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Коцо, Димче; Миљковиќ - Пепек, Петар (1958) (на македонски). Манастир. Скопје: Филозофски факултет. стр. 19–29. 
  2. Балабанов, Коста (2009). Блаже Ристовски. уред (на македонски). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1332-1333. 
  3. 3,0 3,1 М., Ка.. „Ќе се доистражува манастирот „Св. Никола“ во Мариово“, „Нова Македонија“ (посет. 28 август 2015 г). (на македонски)
  4. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. Том II, стр. 303 ISBN 978-9989-101-06-9
  5. Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. Том II, стр. 303 ISBN 978-9989-101-06-9
  6. Македонија - цркви и манастири. Географска карта. „Тримакс“ - МПЦ-ОА

Надворешни врски[уреди | уреди извор]