Меморијален музеј „Кузман Јосифоски - Питу“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Меморијален музеј „Кузман Јосифоски - Питу“
Куќа на Кузман Јосифоски - Питу.jpg
Поглед на меморијалниот музеј од улица
Меморијален музеј „Кузман Јосифоски - Питу“ is located in Македонија
Меморијален музеј „Кузман Јосифоски - Питу“
Местоположба во рамки на Македонија
Основан1977
МестоПрилеп, Македонија Македонија
Координати41°20′34″ N; 21°33′37″ E / 41.3426410° СГШ; 21.5602020° ИГД / 41.3426410; 21.5602020
ТипМеморијален музеј / Спомен-куќа
Мреж. местоmuzejprilep.org.mk

Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски - Питу“ — меморијален музеј и спомен-куќа во градот Прилеп, посветена на македонскиот револуционер Кузман Јосифоски - Питу. Меморијалниот музеј се наоѓа на улица „Мара Јосифоска” број 20. Во куќата се родени веќе споменатиот Кузман и првоборците носители на “Партизанска споменица 1941”, неговиот брат Аспарух и неговите сестри Мара и Стефанка. За споменик на културата е прогласена во 1971 година.

Историја и јурисдикција[уреди | уреди извор]

По извршената темелна реконструкција на куќата која е изградена кон крајот на XIX век, како Меморијален музеј “Кузман Јосифоски - Питу” е отворена на 11 октомври 1977 година. До 1979 година овој Меморијален музеј е под надлежност на Самоуправната Интересна Заедница на култура на Општина Прилеп, а со Одлука на Собранието на СИЗ од 8.10.1979 година истиот е припоен кон тогашниот Народен музеј - Прилеп.

Распоред на поставките[уреди | уреди извор]

Музејската историска и етнолошка поставка е сместена во три простории на 60 м2, во кои се прикажани детството и револуционерната дејност на Кузман Јосифоски-Питу.

Во гостинската соба е изложена историската поставка од фотографии од неговото детство, од ученичките денови во основното училиште во Прилеп и Битолската гимназија, како и од времето додека студирал во Белград; писма со историска содржина, преписки со ПК на КПЈ, подоцна ЦК на КПМ и преписки со месни партиски раководства; напредна литература што ја читал во свое време и други експонати.[1] Во посебни витрини се сместени Указот за прогласување на Кузман Јосифоски - Питу за Народен херој бр. 290 од 29 јули 1945 година и неговиот фото-апарат “Кодак”.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Меморијален музеј Кузман Јосифоски - Питу“. Завод и Музеј - Прилеп. Посетено на 17 јуни 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]