Згради на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Згради на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп
“НУ ЗЗСК и МУЗЕЈ ПРИЛЕП“.jpg
Постарата зграда
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Типмузејски, складиштен и канцелариски
Стилстароградски
Адресаул. „Александар Македонски“ бр. 142
ГрадПрилеп
Земја Македонија
Завршена1941 (прва)
1970 (втора)

Згради на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп — управни згради во градот Прилеп, прогласени за културно наследство на Македонија.[1] Во нив е сместен Заводот и музеј, кој се грижи за културно-историските добра на прилепскиот крај и изложува поставки во својот музејски простор.

Историја[уреди | уреди извор]

Зградите се наоѓаат на улица „Александар Македонски“ (старо име „Моша Пијаде“) бр. 142. Едната е изградена од 1939 до 1941 година, а другата во 1970 г.[2] Првично ова била зградата на Општина Прилеп, а со изградбата на новата општинска зграда, тука е сместен Институтот и музеј.[3]

Опис[уреди | уреди извор]

Едната зграда е приземна, со масивни уидови од тула и Дрвен повеќеводен покрив со ќерамиди. Се влегува непосредно од улица. Има голема внатрешна сала преку која која се влегува во изложбениот простор, библиотеката и една канцеларија.[2]

Втората зграда се состои од приземје и кат. Изградена е исто така од полна тула и има дрвен покрив со ќерамиди. Влезот е од задниот двор, а просториите се насочени кон север и запад, и се користат како депоа.[2]

Во рамките на комплексот има и приземни објекти от тула со дрвен покрив и ќерамиди, сместени на југи запад. Тука исто така има депоа и канцеларии.[2]

Градбите имаат украсни елементи фасадите и зачуван ритам на прозорците.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „НУ ЗЗСК и Музеј - Прилеп“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 27 октомври 2017.[мртва врска]
  3. „Почетоци и развој на музејската дејност“. НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп. Посетено на 3 ноември 2017.