Мара Јосифоска - Ѓурѓа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Mara Josifoska - Gjurgja.jpg
Роден 1920
Прилеп, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починал 3 мај 1942
Плетвар
Занимање револуционерка, партизанка


Мара Јосифоска – Ѓурѓа (Прилеп, 1920 - Плетвар, 3 мај 1942) — македонска револуционерка, учесничка во НОБ.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Јосифоска е родена е во Прилеп во 1920 година како најстарата од трите сестри на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу[2]. Уште од младински денови отишла по стапките на брата си Кузман и учествува во раздвижувањата на прилепската младина против големосрпскиот хегемонизам над Македонија. За време на бугарската окупација по 1941 година илегално престојувала во Битола. Поради големата априлска провала во 1942 година, за да се избегнат поголеми последици, месното раководство изготвило план за исфрлање на илегалците во Битола и битолско во партизански одред. На 22 април 1942 година, со формирањето на првиот партизански одред во Битола, кон него се приклучила и Јосифоска. Одредот го носел името „Пелистер“ и бил составен од 21 борец (од битолчани и прилепчани, кои како илегалци жиееле во Битола и битолско). Но неподготвеноста и еуфоријата при формирањето на овој одред довела до тоа да на 30 април 1942 година покрај тоа што во околината на Битола имало голема раздвиженост на бугарски воени и полициски сили, одредот е близу Лавци без да преземе неопходни мерки на претпазливост и да се дислоцира на посигурни правци и локации. Дознавајќи за ова, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев, организирале блокада на месноста, каде што се наоѓал одредот, односно, во месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани неколку илјади лица, војници со офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу Одредот на 3 мај 1942 година веќе бил затворен. Уште во самото утро Одредот ја прифатил борбата и покрај неспремноста со вооружување и со воена обука. Тогаш во месноста „Ореовска корија“ загинале: Елпида Карманди-Бисера (ранета, потоа убиена), Мара Јосифовска-Ѓурга, Димитар Николовски-Таки Даскало, Димче Хаџипоповски, Ордан Михајловски-Оцка и Јоска Јорданоски-Сандански.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Павловски, Јован (1996) (на македонски). Ми-Анова енциклопедија: З-Љ. Скопје: МИ-АН. ISBN 9989613915. 
  2. Кузман Јосифовски-Питу, Време–Живот–Дело (1915–1944), Зборник на прилози од научниот собир одржан во Прилеп, Скопје, 1995