Копришница
Копришница | |
Патоказ за селото | |
Координати 41°20′18″N 22°15′19″E / 41.33833° СГШ; 22.25528° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Демир Капија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1442 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 600 м |
Слава | Ѓурѓовден |
Копришница на општинската карта Атарот на Копришница во рамките на општината | |
Копришница на Ризницата |
Копришница — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Демир Капија, сместено над соседното село Дрен.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2] До селото се стигнува преку земјен пат во лоша состојба, кој започнува од селото Дрен.
Копришница се наоѓа на ниска тераса на огранката Колниш. Во минатото, селската чешма била под селото, а многу чешми имало и во самиот атар.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Богданец, Селиште, Сливите, Јованова Лак, Бука, Џикова Лака, Плоскач и Кочиње.[3]
Селото има збиен тип со разредени дворови.[3]
Моментално, во напуштеното село може да се види само главната селска црква „Св. Ѓорѓи“, како и неколку преостанати куќи.
Историја
Селото е доста старо и отсекогаш било христијанско. Во месноста Селиште, пола час одење долж Копришка Река се сретнуваат грамади.[3]
До почетокот на XIX век, селото било самостојно, но подоцна бесвичките бегови на сила го одзеле, а подоцна го изнајмувале на аги од Кавадарци и Бохула.[3]
Стопанство
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 28,5 км2.[2]
Селаните главно се занимавале со сточарство, правење на ќумур и во мала мера земјоделство. .[3]
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Копришница живееле 90 жители, сите Македонци христијани.[4][5]
Селото е наполно раселено по 1981 година, кога што броело само еден жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Копришница немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 155 | — | 57 | 32 | 30 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Копришница е христијанско македонско село.[3]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
- Староседелци: Ѓурговци (9 к.) и Ѓоровци (2 к.).
- Доселеници: Јаковци (3 к.), доселени се околу 1820 година од селото Оризари; Милошовци (1 к.), доселени се од селото Драчевица околу 1840 година; Лазовци (1 к.) доселени се средината на XIX век од селото Бохула; Струговци (1 к.), доселени се од селото Дреново, а таму средината на XIX век од селото Стар Дрен; Мурџевци (2 к.), доселени се од селото Радња, а таму средината на XIX век од селото Зборско во Меглен; Весковци (1 к.), доселени се во 1890 година исто така од селото Радња, а уште подалечно потекло од Рожден во Мариово; Анадолци (1 к.), доселени се од селото Будур Чифлик, а биле и во Анадолија па од таму името; Доновци (1 к.), доселени се од селото Јанков Чифлик, таму се доселиле од селото Драчевица, а уште подалечно потекло од селото Долни Дисан од 1870 година.
Самоуправа и политика
Во XIX век, Копришница било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Копришница, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Корешница, Кошарка, Человец и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1245 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна продавница во селото Дрен.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[12] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 41 гласач.[13]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Рупова Нива — населба од доцноантичко време
- Цркви[15]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
- Водопади
- Момински Водопади — водопади на Копришка Река над селото
- Реки
- Копришка Река — мала река што тече низ селото
Редовни настани
- Слави[3]
- Ѓурѓовден — главна селска слава
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 157. Посетено на 18 септември 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 286–288.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 155. ISBN 954430424X.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 10 септември 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 232. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано
Надворешни врски
- Копришница на Ризницата ?
|