Договор на Насух-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Договор на Насух Паша)
Прејди на: содржини, барај
Договор на Насух-паша

1612
Потпишан 20 ноември 1612
Потписници  Османлиско Царство
Safavid Flag.svg Персија

Договорот на Насух-паша (персиски: عهدنامه نصوح پاشا, турски: Nasuh Paşa Antlaşması) — мировен договор потпишан на 20 ноември 1612 година помеѓу Османлиското Царство и Сафавидското Царство, преку кој завршила првата фаза од Отоманско-персиската војна (16031618).

Позадина[уреди | уреди извор]

Претходно, шахот Абас Велики морал да го потпише договорот од Цариград од 1590 година кога загубил територии во северозападниот дел на Иран и Кавказ. По решавање на сопствените локални проблеми тој чекал погоден момент кога да си ги врати изгубените територии, а како шанса му се укажала кога на османлискиот престол бил поставен 14-годишниот Ахмед I. Османлиите претходно војувале во долгата и исцрпувачка војна со Светото Римско Царство и имала серија од востанија во Анадолија.

Договор[уреди | уреди извор]

Османлите и покрај тоа што во почетокот на војната имале успех, тие ги изгубиле своите команданти во Дијарбакир. Така Насух-паша морал да се согласи да потпише договор за прекин на војната[1].

Според договорот:

  • Османлиското Царство се согласило да ги врати сите територии кои ги добиле со договорот од Цариград во 1590
  • граничната линија станала линијата според договорот од Амасија од 1555 година
  • за возврат Персија се согласила да плаќа годишен данок 59.000 килограми свила[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Prof.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi vol.III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, 43-44
  2. Shah Abbas however, committed himself to sent 59000 kilograms raw silk annually to the Ottoman King ... lifesciencesite.com