Демократска партија на Србите во Македонија
Демократска партија на Србите во Македонија | |
---|---|
Водач | Иван Стоилковиќ |
Основана | 16 март 1992 |
Штаб | Скопје |
Младина | Младински Форум на ДПСМ |
Жена | Женска Предност на ДПСМ |
Бои | Црвена, бела, сина |
Собрание | 1 / 120 |
Општини | 0 / 80 |
Мрежно место | |
http://www.dpsm.info | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Демократска партија на Србите во Македонија или скратено ДПСМ — политичка партија во Македонија која ги застапува интересите на Србите во Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Демократска партија на Србите во Македонија е формирана на 16 март 1992 година.
Прв претседател на партијата бил Бора Ристиќ, а по неговата смена на таа функција доаѓа Драгиша Милетиќ. На Третиот конгрес на партијата на 15 декември 2001 година за претседател е избран Иван Стоилковиќ.
На парламентарните избори во 2002 година во коалиција со СДСМ, Демократска партија на Србите во Македонија станува парламентарна партија.
На 5 ноември 2005 година на III-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија за претседател на партијата повторно е избран Иван Стоилковиќ.
На Парламентарните избори во 2006 година ДПСМ останува парламентарна партија во опозиција, но заради Бадинтеровото мнозинство останува важен политички фактор во политичкиот живот во Република Македонија.
На вонредните парламентарни избори во 2008 година во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, повторно освојува пратеничко место во парламентот.
15. 11. 2009. на IV-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија за претседател на партијата повторно е избран Иван Стоилковиќ. На последниот V-ти Конгрес на Партијата одржан на 9 ноември 2013 година, Иван Стоилковиќ по третпат е избран за претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.
Партијата останала во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016. На сите избори освоила еден пратенички мандат.
Остварени цели
[уреди | уреди извор]ДПСМ има постигнато голем успех во остварувањето на правата за зачувување на националниот, јазичниот, културниот, верскиот и традиционалниот идентитет на Србите во Македонија.
- 27 јануари – Денот на Свети Сава е прогласен за национален празник на Србите во Македонија.
- Донесен е закон за национални малцинства и отворена Агенција за остварување на правата на малцинствата.
- ДПСМ е иницијатор за промена на изборниот закон кој на српскиот народ во РМ ќе му обезбеди 2 загарантирани места во парламентот.
- ДПСМ ги поддржува активностите на српските невладини организации во Македонија, овозможувајќи амбиент за нивно несметано дејствување.