Владо Ѓорески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владо Ѓорески – Рафик
Влаго Ѓорески во 2000 г.
Роден(а)21 април 1958(1958-04-21)
Битола, СР Македонија СР Македонија
НационалностМакедонец
Познат(а) посценографија, графика, театарски плакати

Владо Ѓорески – Рафик (р. 21 април 1958 во Битола) — сценограф, графички уметник и дизајнер на театарски постери. Гимназија завршил во Битола, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на одделот за Историја на уметност во 1981 година. Студирал на Меѓународниот центар за графички уметности во Љубљана, Словенија[1],[2],[3],[4],[5]. Во 1980 година почнува да волонтира, а во 1981 година се вработува како сликар-изведувач во Народниот театар Битола. Во 1982 година станува кустос по современа уметност во Заводот, музеј и галерија во Битола.

Својата прва самостојна изложба ја имал во 1981 година и оттогаш постојано изложува како самостојно, така и колективно, како во земјава така и во странство. На полето на ликовната критика е присутен пред сè во делот на графиката, не запоставувајќи ги и другите нејзини делови. Неговата артистичка афирмација се покажува и во меѓународни рамки како член на жирија, селектор и стручна консултација:

Член е на Меѓународното жири на Графичкото биенале во Варна, Бугарија.[6] Бил член на Меѓународното жири на Светската галерија на цртежи во Скопје, Република Македонија.[7]

Бил селектор на автори од Македонија претставници на земјата и презентер на збирката на Меѓународното графичко триенале - Битола на Графичкото триенале во Шамалиер (Chamalières), Франција.[8] Исто така на ова триенале тој претставува и уметници од други земји.[9]

Стручна консултација и учество во организирање на 2 то Меѓународно биенале на графиката, Чачак, Србија, 2014

Работа[уреди | уреди извор]

Владо Ѓорески е уметнички директор на Меѓународното графичко триенале во Битола, Република Македонија [10],[11][12] а вработен е како кустос за современа уметност при националната установа Завод и музеј – Битола.

Сликарство[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Како сликар и графичар имал свои самостојни изложби, а учествувал и на голем број колективни изложби во земјава и странство.

Од 2016 до 2020 година учествувал во над сто ликовни изложби по многу земји во светот: Словенија[13],[14],[15], Хрватска[16], Франција[17], Англија[18], Италија[19], Мексико[20], Полска - Графичко триенале Краков - Келце[21],[22], Биенале на минијатурна графика во Лоѓ[23],[24], Русија[25], Јапонија[26], Молдавија[27], Унгарија[28], Австралија[29], Турција[30], Бразил[31], Аргентина[32], Србија[33], Ерменија[34], Романија[35]...

  • Втора меѓународна изложба „Мал графички формат 13х18 – Дигитална дијалог-работилница“, 2014/2015, Коњских, Радомиу, Келце, Буску-Здроју, Полска[36],
  • Музеј на графиката, Пиза (со Паоло Чампини) (Pisa, Museo de la grafica, Italy, et Paolo Ciampini)[37]
  • 9 Светско триенале на графика, 2014, Шамалиер, Франција (9 Trienniale Mondiale de petit format Chamalières, France, 2014)[38]
  • Трибина на графиката, 2014, Музеј на уметноста Клуж (Tribuna Graphic, 2014, Museum of Art Cluj) [39]
  • Оган, вода, земја, 2014, Шумен, Бугарија [40]
  • Оган, вода, земја, 2013, Гурен, Франција [41]
  • Седмо меѓународно графичко триенале Битола, 2012[42]
  • Меѓународни уметнички проекти, 2012, Шумен, Бугарија[43]
  • Шесто меѓународно графичко триенале Битола, 2009[44]
  • Светска галерија на уметност на хартија - Остен, 2009 [45]
  • Четврто меѓународно графичко триенале Битола, 2003 (група Сибелиус)[46]
  • Второ меѓународно биенале на мала графика, 2003, Тетово (група Сибелиус)[47]
  • Самостојна изложба, Прилеп, 2002, 37 МТФ „Војдан Чернодрински“[48]
  • Самостојна изложба, Скопје, 2001, Млад отворен театар
  • Ла Белон, Брисел, 2000 (La Bellone, Bruxelles, 2000)
  • Графичка уметност, Дебрецен, 2000 (Grafikusmuveszek, Debrecen, Hungary, 2000)
  • Графичко биенале, Сеул, 2000 (Print Biennial, Seul, 2000, 12)
  • Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (група Сибелиус)[49]
  • Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (Владо – Миса на ангелите)[50]
  • Балканска изложба на графика, Суботица и Нови Сад, 1999[51]
  • Норвешко меѓународно графичко триенале, Фредрикстад, 1997 (Norwegian international print triennale, Fredrikstad,1997)
  • Самостојна изложба, Битола, 1981[52]

Сценографија[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Владо Ѓорески долги години е присутен на театарската сцена и за неговите сценографии има добиено бројни награди и позитивни критики.[53][54][55][56]

Неговите сценографии се присутни во многу театарски куќи како во земјава така и во странство.

Драмски театар Скопје

  • Хамлет (1997 и 2012)[57][58]
  • Јона Даб [59]
  • Сите лица на Петре Андреевски [60]
  • Архелаос или Еврипид се враќа дома [61]

Турски театар Скопје

  • Ромео и Јулија [62]
  • Гилгамеш [63]
  • Тартиф [64]
  • И јас сум Орхан [65]

Македонски народен театар

  • Делириум за двајца[66]
  • Животот е сон [67]

Народен театар Струмица

  • Досие Стриндберг[68]
  • Последниот ден на Мисирков[69]

Народен театар Прилеп

  • Роберто Зуко[70]
  • Полковникот птица
  • Жена за полковникот [71]
  • Светилник [72]
  • Крпен живот[73]

Народен театар Битола

  • Браќата Карамазови [74]
  • Мајсторот и Маргарита [56]
  • Подземна република[75]
  • Бегалка
  • Домот на Бернарда Алба
  • Notre femme de Paris[76]

Родопски драмски театар „Николај Хајтов“ (Родопски драматичен театър „Николай Хайтов“), Смолен

  • М м е... коj прв почна

Градски театар „Марин Држиќ“ (Gradsko kazalište Marina Držića), Дубровник

  • Браќата Карамазови [77]

Ликовна критика[уреди | уреди извор]

Неговите критички есеи тргнуваат од локалното, битолско ликовно милје и преку балканските простори се протегаат низ целиот свет.

  • Агата Герчен (Agatha Gertchen), Полска[78][79][80]
  • Димитар Кочевски – Мичо[81]
  • Ѓуриќ - Џамоња[82]
  • Леонардо Готлиб, Аргентина [83]
  • Марк Фризинг (Marc Frising), Белгија[84][85]
  • Морис Пастернак (Maurice Pasternak), Белгија[86]
  • Паоло Чампини (Paolo Ciampini), Италија[87]
  • Свето Манев[88][89]
  • Слободан Јевтиќ (Slobodan Jevtic), Франција[90]
  • Татјана Манева[91]

Дизајн на театарски плакати[уреди | уреди извор]

Владо Ѓорески е автор на голем број театарски плакати за кои добивал и бројни награди. Ги изработил плакатите за следниве театарски претстави:

  • „Мајсторот и Маргарита“- Булгаков, Народен театар Битола,
  • „Опера за три гроша“ - Брехт, Народен театар Прилеп,
  • „Дон Кихот“ – Сервантес, Народен театар Штип,
  • „Полицајци“ - Мрожек, Народен театар Охрид,
  • „Браќа Карамазови“ – Достоевски, Градски театар „Марин Држиќ“ Дубровник, Хрватска,
  • „М м е... кој прв почна“ - Дуковски, Родопски театар Смолен, Р. Бугарија, итн.

Оригинални проекти[уреди | уреди извор]

  • Евангелие по сенките (со Владо Цветановски) – Народен театар Битола [92][93]
  • И јас сум Орхан (според делата на Орхан Памук) – Турски театар Скопје [94]
  • Досие Стриндберг – Народен театар „Антон Панов“ – Струмица [95][96]
  • Драматизација и адаптација на „Осмото светско чудо“ од Јордан Плевнеш, Народен театар Битола[97]

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на повеќе од дваесет национални и меѓународни награди за ликовни достигања:

  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2012 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Полицаец“ (Охридски театар) [98]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2011 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Хамлет“ (Драмски театар Скопје) [99]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2010 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Браќа Карамазови“ (Народен театар Битола) [100]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2009 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Последниот ден на Мисирков“ (Народен театар „Антон Панов“ - Струмица) [101]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2008 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Бегалка“ (Народен театар Штип) [102]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2008 – Награда за најдобра сценографија во претставата „Бегалка“ (Народен театар Штип) [102]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2007 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Тартиф“ (Народен театар Штип) [103]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2006 – Награда за сценографија во претставата „Роберто Зуко“ (Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп)[104]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2003 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „На дното“, (Народен театар Битола)[105]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1998 – Награда за сценографија во претставата „Полковникот птица“ (Народен театар Прилеп)[106]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1998 – Награда за најдобар рекламен материјал во претставата „Полковникот птица“ (Народен театар Прилеп)[106]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1996 – Награда за сценографија во претставата „Мајсторот и Маргарита“ (Народен театар Битола)[106]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1994 – Награда за сценографија во претставата „Notre femme de Paris“ (Народен театар Битола)[106]
  • Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1991 – Награда за сценографија во претставата „Подземна република“ (Народен театар Битола)[106]
  • Награда - Премија на Биеналето са современа мешународна графичка уметност, Јаш, Молдавија

[107].

  • Награда - Премија на Меѓународното графичко биенале во Букурешт, Романија[108].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Владо Горески - „Ноктурно“ II, 2019[109]
  • Владо Горески - „Сува игла“II[110]
  • Владо Горески - „Сува игла“I[111]
  • Владо Горески - „Сува игла“IV - Катедрала[112]
  • Владо Горески - „Ноктурно“I[113]
  • Владо Горески - „Сува игла“III[114]
  • Владо Горески - „Сува игла“IV[115]
  • Владо Горески - „Минијатурни графики“[116]
  • Владо Горески - „Минијатурни графики“[117]
  • Владо Горески - „Екс Либрис - Екс Литера“[118]
  • Владо Горески - Владимир Симоновски - „Графики од голем формат“[119]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Academia. edu
  2. vlado goresk
  3. catalogue
  4. Goreski - Littera
  5. Gallery DLUL, Ljubljana
  6. 16th International Print Biennial Varna 2011
  7. Се отвора Светска галерија на цртежи
  8. Neuvième triennale mondiale de l'estampe
  9. Impressioni dalla 8a Triennale di Chamalières
  10. INTERNATIONAL TRIENNIAL OF GRAPHIC ART o BITOLA
  11. Triennial of Graphic Art Bitola, 2018
  12. International Triennial of Graphic Art, Bitola
  13. Slovenija Open to Art
  14. Valvasorjevi mednarodni grafični dnevi
  15. [://www.dlul-drustvo.si/2019/06/15/avanti-grafika-drugic/ AVANTI GRAFIKA!]
  16. Vlado Goreski (Makedonija/Macedonia)
  17. Trienniale mondiale
  18. Dialogue with Nature/ Dialogue
  19. MIRROR – face to face 2017
  20. Prints for Peace-Grabados por la Paz México /
  21. Litho
  22. WYSTAWA
  23. Vlado Goreski
  24. Ex DIGITALIS Salon 2019
  25. Владо Горески
  26. TOKYO INTERNATIONAL
  27. Holocaustului
  28. Holocaust
  29. announce finalists of our 2020
  30. mailartexhibition
  31. Museo de Artes Visuales
  32. X Salón Anual del Bicentenario
  33. 4. medjunarodno trijenale grafike
  34. “Second International Print Biennale Yerevan 2019”
  35. BUCHAREST INTERNATIONAL PRINT BIENNALE – BIPB 2019
  36. / Втора меѓународна изложба „Мал графички формат 13х18 – Дигитална дијалог-работилница“
  37. [Каталог Museo de la grafica]
  38. Каталог Trienniale Mondiale de petit format Chamolières 2014
  39. Каталог Tribuna Graphic ISBN 978-973-1878-02-8
  40. FIRE, WATER, EARTH – BULGARIA
  41. INTERNATIONAL ART PROJECTS - GOURIN
  42. Каталог Седмо меѓународно графичко триенале Битола ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4, COBISS. MK- ID 91928330 стр.332
  43. INTERNATIONAL ART PROJECTS - SHUMEN
  44. Каталог Шесто меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 - 3, COBISS. MK- ID 18451777 стр.151
  45. ОСТЕН СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА ЦРТЕЖ СКОПЈЕ 2009
  46. Каталог Четврто меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 - 3, COBISS. MK- ID 17058113 стр.128
  47. Каталог Второ меѓународно биенале на мала графика
  48. Каталог на 37 Македонски театарски фестивал
  49. Каталог ISBN 9989 - 9896 - 1 – 3 стр.112
  50. Каталог Трето меѓународно графичко триенале Битола ISBN 9989 - 9896 - 1 – 3 стр.161
  51. Каталог Балканска изложба на графика
  52. Студентски збор, Љубен Пауноски, мај 1981
  53. Ристо Стефановски „Театарот во Македонија“, ISBN 978 - 608 - 65513 - 0 - 8, COBISS. MK- ID 92827914, стр.401, 405, 451
  54. Актерството и режијата во македонскиот театар, Зборник на трудови, Приредила: д-р Јелена Лужина ISBN 9989 - 9945 - 2 - - 5, COBISS - ID 0
  55. Иван Ивановски, „Потпелистерски талиини вечери“, Народен театар Битола, 1995, COBISS. MK- ID 20718346
  56. 56,0 56,1 Иван Ивановски, „Битолска театарска хроника“, Народен театар Битола, 2002, COBISS. MK- ID 16678465
  57. http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=eng&tekst=90#.U_GSTqNSmSo
  58. „Хамлет” на Скопския Драмски театър
  59. http://www.mactheatre.edu.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=1&str=11
  60. Институт за театрологија
  61. Премиера на драмскиот текст „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот" на Јордан Плевнеш
  62. Институт за театрологија
  63. Институт за театрологија
  64. Институт за театрологија
  65. Институт за театрологија
  66. Институт за театрологија
  67. Институт за театрологија
  68. Институт за театрологија
  69. Институт за театрологија
  70. Институт за театрологија
  71. Институт за театрологија
  72. Институт за театрологија
  73. Институт за театрологија
  74. Институт за театрологија
  75. Ристе Стефановски „Театарот во Македонија“, ISBN 978-608-65513-0-8, COBISS.MK-ID 92827914, стр. 401 - 405
  76. Иван Ивановски „Битолска театарска хроника“, Народен театар Битола, 2002, COBISS.MK-ID 16678465
  77. U SVIJETU TEATRA...
  78. VII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 9-10
  79. Agata Gertchen: grafika, ISBN 8361424296, 9788361424291, Akademia Sztuk Pięknych. Wydział Artystyczny, 2011
  80. Agata Gertchen texts
  81. Монографија - Димитар Кочевски Мичо, 2008, ISBN 608 - 4526 - 00 - 4, COBISS. MK- ID 74832138
  82. БАЛКАНСКИ ПАРАЛЕЛИ - ДАДО ЃУРИЌ, БАЛКАНСКИОТ ПРОРОК И МОНУМЕНТАЛНОСТА КАЈ ДУШАН ЏАМОЊА
  83. V Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 200
  84. VII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 21
  85. Marc Frising
  86. V Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 206
  87. V Меѓународно графичко триенале Битола 2006, Каталог ISBN 9989 - 2424 - 5 - 3 COBISS. MK- ID 17058113 стр. 212
  88. Монографија Свето Манев, ISBN 978 - 9989 - 196 - 34 - 8, COBISS. MK- ID 79802378 стр. 122, 125, 131
  89. Битолски весник, Битола, 17 11 1982
  90. VII Меѓународно графичко триенале Битола 2012, Каталог ISBN 978 - 608 - 4522 - 16 - 4 , COBISS. MK- ID 91928330 стр. 16
  91. City and Nature by Tatjana Maneva
  92. Списание за книжевност и култура АРТ, стр. 40
  93. Нарастваща фестивалност
  94. И ЈАС СУМ ОРХАН - МУЗЕЈ НА СПОМЕНИТЕ
  95. Премиера на Досие Стриндберг
  96. Театарски гласник
  97. Институт за театрологија
  98. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награди, 2012
  99. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награди, 2011
  100. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награди, 2010
  101. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награди, 2009
  102. 102,0 102,1 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награди, 2008
  103. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награди, 2007
  104. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, награди, 2006
  105. http://www.mactheatre.edu.mk/main/fest_mac_pp.html
  106. 106,0 106,1 106,2 106,3 106,4 Енциклопедија „Театарот на македонската почва“, издание на Факултетот за драмски уметности во Скопје - Институт за театрологија, 2002 година, CD-ROM
  107. Premiu Special - Vlado Goreski, Macedonia
  108. BIENALA INTERNAŢIONALĂ DE GRAVURĂ
  109. Vlado Goreski ,Nocturne II, 2019
  110. Vlado Goreski ,Drypoint II
  111. Vlado Goreski ,Drypoint I
  112. Vlado Goreski ,Drypoint VI, Cathedral - 2
  113. Vlado Goreski - Nocturne I, variations
  114. Vlado Goreski ,Drypoint III
  115. Vlado Goreski ,Drypoint IV
  116. Vlado Goreski „ Miniature Graphic Works„ 2018
  117. [1]
  118. Vlado Goreski Ex Libris Ex Littera
  119. [2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]