Прејди на содржината

Меѓународно графичко триенале Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Меѓународно графичко триенале Битола - ИГТ Битола
Основан1991
МестоБитола, Македонија Македонија
ТипСовремено светско графичко творештво
ДиректорВладо Ѓорески
Мреж. местоhttps://archive.today/20130124203312/http://www.graphicmk.com/index.php
Податотека:6 Меѓународно графичко триенале.jpg
‘ Меѓународно графичко триенале Битола

Меѓународно графичко триенале Битола - ИГТ Битола — меѓународна ликовна манифестација, која има за цел да го популаризира и афирмира современото графичко ликовно творештво.

Формирано е во 1991 година во Битола, Република Македонија, оттогаш е најголема графичка ликовна манифестација во Македонија. По иницијатива на Владо Ѓорески и Љубен Пауноски а оддобрено и поткрепено од претседателот на Р Македонија, Министерството за култура на Р Македонија - Скопје и Оптина битола.Во досегашниот период свое учество имале бројни уметници од светот[1][2].

Забележано е како една од позначајните ликовно-графички манифестации во Македонија и пошироко[3][4][5][6][7].

Покрај самата манифестација, која се случува на секоја трета година, обележано со отворање на поопсежни изложби, Меѓународното графичко триенале, организира и меѓународни проекти, во соработка со други графички центри во светот: на „ 9-тото Триенале на светските оригинални гравури и печат во Шамолиер“ ("9 la Triennale Mondiale de l’Estampe et de la Gravure Originale -Chamalières“), Франција, беше афирмативно претставено и презентирано во нивниот каталог[8]. Во Италија, ја организира меѓународната изложба: „Огледало - Лице в лице Изложба на македонски и италијански автори“ Винченца, Италија, (MIRROR – Face to Face: Italian and Macedonian Artists Exposition 2016 to Vicenza“)[9]. Во Битола го организирал проектот - „Современите полски графичари“[10] и бројни други.

Меѓународното графичко триенале Битола, објавува обемни каталози за секоја манифестација пооделно[11][12].

Меѓународното графичко триенале Битола, е ликовно случување со културолошко, уметничко, образовно значење.

Нејзин раководител е Владо Ѓорески

Историја

[уреди | уреди извор]
Година Број на учесници Број на држави кои учествувале Каталог
1994 - Прво меѓународно графичко триенале Битола40754број на страници: 416; формат: 210 Х 230 мм; печат црно бел; предговор Борис Петковски, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - Динка[13][14]
1997 - Второ меѓународно графичко триенале Битола62873број на страници: 195; формат: 210 Х 290 мм; печат колор; предговор Лилјана Христова, ликовно решение на каталогот и плакатот Константин Танчев - Динка[14]
2000 - Трето меѓународно графичко триенале Битола42662број на страници: 240; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][15][16].
2003 - Четврто меѓународно графичко триенале Битола54670број на страници: 252; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][15][17].
2006 - Петто меѓународно графичко триенале Битола57262број на страници: 228; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески, Христо Бојаџиев [14][18][19].
2009 - Шесто меѓународно графичко триенале Битола75049број на страници: 358; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески[20][21][22].
2012 - Седмо меѓународно графичко триенале Битола75064број на страници: 349; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Владо Ѓорески[20][21][23].
2015 - Осмо меѓународно графичко триенале Битола91092број на страници: 472; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор Ѓорески[20][24][25].
2018 - Деветто меѓународно графичко триенале Битола1200156број на страници: 1001; формат: 220 Х 200 мм; печат колор; предговор Владо Ѓорески, ликовно решение на каталогот и плакатот Тодор Ѓорески[26][27][28].

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Битолското графичко триенале стигна до Венециското биенале“. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на 2019-03-30.
  2. Меѓународно графичко триенале Битола
  3. „EUROPE“. Архивирано од изворникот на 2021-03-01. Посетено на 2019-03-30.
  4. ТРИЕНАЛЕ[мртва врска]
  5. The information resource for printmakers
  6. Графичка уметност[мртва врска]
  7. „museedupetitformat“. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на 2019-03-30.
  8. „mondialestampe“. Архивирано од изворникот на 2019-03-30. Посетено на 2019-03-30.
  9. MIRROR – Face to Face
  10. Современите полски графичари [мртва врска]
  11. 9th International Triennial of Graphic Art Bitola
  12. Catalogue for 8th International Triennial of Graphic Art, Bitola
  13. Меѓународното графичко триенале се одржува од 1994
  14. 1 2 3 4 5 CIP - Каталогизација и публикација, Матична и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Битола, 76.036(100)060.64)/ CIP
  15. 1 2 ISBN 9989- 9896-1-3
  16. 4. Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  17. 4. Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  18. ISBN 9989- 242-5-3
  19. 5 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  20. 1 2 3 CIP - Каталогизација и публикација, Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 76.037/038(060.64)/ CIP
  21. 1 2 ISBN 978- 608-4522-16-4
  22. 6 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  23. 7 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  24. ISBN 978- 608-4754-03-9
  25. 8 Меѓународно графичко триенале Битола[мртва врска]
  26. CIP - Каталогизација и публикација, Национална и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје, 76.037/038 (100) (060.64)/ CIP
  27. ISBN 978- 608-245-279-1
  28. 9 Меѓународно графичко триенале Битола