Пиреј (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
„Пиреј“  
Пиреј.jpg
Корица на книгата.
Автор Петре М. Андреевски
Изработувач на
корицата
Александар Саздов
Земја Македонија Македонија
Јазик Македонија македонски
Жанр(ови) историски, социјален
Издавач Издавачка куќа „Три“, Табернакул и др.
Издадена 1980 (оригинал)
Медиум печатено издание, 140 х 205 mm (И.К. „Три“)
Страници 252 (И.К. „Три“)
ISBN 978-608-4577-01-0

Пиреј е македонски роман напишан од Петре М. Андреевски. Романот за прв пат бил издаден во 1980 година во СР Македонија и многу набрзо станал еден од најчитаните македонски романи во поновата македонска книжевна ера. Пиреј денес е прифатена како еден култен македонски роман[1].

Име[уреди]

Во врска со името на книгата, Петре М. Андреевски на почетокот на романот запишал[2]:

Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.

Содржина[уреди]

Приказната која го покрива периодот на Балканските војни, Првата Светска војна и повоениот период, ги следи главните политички збиднувања на Балканот кон крајот на владеењето на Отоманската Империја како и нивното влијание врз едно македонско село и брачниот пар Јон и Велика. Бедата, војната, неукоста, болестите, глад и студ. Ништо на светот не може да го одземе мајчинското од мајка и ништо не може да боли повеќе од загуба на чедо. Оваа книга кажува многу, за животот, за нашата земја, за времето кое е опишано, но она кое најмногу ме погоди мене, она кое ме доведе до солзи е токму мајката Велика. Едно по едно таа ги губи своите чеда, а нема моќ да направи ништо за да го запре тоа.[3]

Наводи[уреди]

  1. Петре М. Андреевски, Пиреј. на официјалната страница на И.К. „Три“.
  2. Андреевски, М. Петре, Пиреј, Скопје, 1980.
  3. Пиреј од Петре М. Андреевски на sakamknigi.mk

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]