Википедија:Избрана снимка/2019/јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: VI
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрана снимка е онаа содржина која корисниците на Ризницата ја сметаат за најквалитетна согласно правилата за избрани слики и снимки на Ризницата. Овие содржини се прикажуваат на Главната страница.

Доколку викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден да биде избрана содржина која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на снимка, т.е. содржината мора да биде изгласана за квалитет, содржината мора да има регулирани авторски права.

Предлагачот на снимката потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под содржината исто така оди на главната страница, и ја опишува содржината или нејзините посебности.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.

Избрана содржина е содржината која на Ризницата била избрана за снимка на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на Главната страница треба да биде избрана содржина која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:

  • содржината која добила најмногу гласови {{за}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, содржини која има добиено помалку гласови {{против}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, содржини која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, содржини која е избрана на Ризницата.

Избраната содржини се поставува на Главната страница. Архива на избрани снимки прикажани на Главната страница во текот на месец јули 2019 година.


1 јули 2019 2 јули 2019

Дендритска клетка како повлекува кондиум на растојание од 9 μм, но не го зафаќа во себе.

Потопена катедрала (1910) од Клод Дебиси во изведба на Иван Илиќ.
3 јули 2019 4 јули 2019

Љамигоси (2016) — краток анимиран филм од серијалот Каминанди на Задолжбината Блендер.

Робинзон Крусо — рачно обоен филм од 1902 г. во режија на Жорж Мелјес, според истоимениот роман на Даниел Дефо.
5 јули 2019 6 јули 2019

Покривна градина врз Градскиот дом на Чикаго.

Приказна за орачот од Кочанско, раскажана на месниот штипско-кочански дијалект.
7 јули 2019 8 јули 2019

Возење на беспилотно летало како „лебдечка даска“ претставено во Париз, 2016 г.

Симфонија бр. 40 во ге-мол, KV. 550, IV став, од В. А. Моцарт.
9 јули 2019 10 јули 2019

Показен прилог посветен на Француска Баскија.

Две капибари (близнаци) со родител. Херберштајнска зоолошка градина, Штубенберг, Австрија.
11 јули 2019 12 јули 2019

I став од делото Огледала (1904–05) на Морис Равел.

Целосно затемнување на Сонцето на 2 јули 2019 г. гледано од опсерваторијата „Ла Сиља“, Чиле. Следното вакво затемнување од ова место ќе биде видливо дури во 2231 г.
13 јули 2019 14 јули 2019

Авион на превозникот УПС како полетува од меѓународниот аеродром во Портланд, Орегон.

Опит кој ги покажува дехидратационите својства на концентрираната сулфурна киселина. Изедено на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје.
15 јули 2019 16 јули 2019

Што е тоа Криејтив комонс?

Раст на босилек (забрзана снимка).
17 јули 2019 18 јули 2019

Крунисувањето на рускиот цар Николај II на 14 мај 1896 г.

Граѓани во Англија го прославуваат крајот на Првата светска војна, 11 ноември 1918 г.
19 јули 2019 20 јули 2019

Англискиот воздухопловец Ејми Џонсон раскажува за штотуку завршениот самостоен лет од Англија до Австралија (5-28 мај 1930).

На денешен ден пред 50 години е изведена мисијата „Аполо 11“ која ги донела првите луѓе на Месечината.
21 јули 2019 22 јули 2019

Баронот Лизвејн објаснува како работи Британскиот парламент.

Паробродот „Бил Помладиот“ — нема комедија со Бастер Китон од 1928 г.
23 јули 2019 24 јули 2019

Забрзана снимка на сообраќај во Козвеј Беј — едно од најпрометните места во Хонгконг.

Крајбрежната стража на САД пресретнува на наркоподморница во меѓународни води, Источен Тихи Океан.
25 јули 2019 26 јули 2019

Операција „Крстопат“ — американски атомски проби на атолот Бикини, 25 јули 1946 г.

Сираци на бурата — нем филм од 1921 г. во режија на Д.В. Грифит.
27 јули 2019 28 јули 2019

За малата авганска заедница во Колката, Индија, присутна преку сто години.

Мува од видот Palloptera umbellatarum кај Марбург, Хесен, Германија.
29 јули 2019 30 јули 2019

Ѕвездородното подрачје Волк 3 во соѕвездието Скорпија. Снимено од опсерваторијата „Ла Сиља“ во Чиле.

Батоџуцу (抜刀術) — јапонска вештина на извлекување на катаната од корица.
31 јули 2019

Работа на предложен одечки механизам со Кланова спојка.

Намена[уреди извор]

  • Избрана снимка на главната страница за месец јули 2019 година.
  • thumb=yes — прикажува снимка во рамка
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за поставање на снимката лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара снимката на денот