Википедија:Избрана снимка/2016/јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
2009: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2010: VI
2016: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2017: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2018: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII
2019: I • II • III • IV • V • VI • VII • VIII • IX • X • XI • XII

Избрана снимка е онаа содржина која корисниците на Ризницата ја сметаат за најквалитетна согласно правилата за избрани слики и снимки на Ризницата. Овие содржини се прикажуваат на Главната страница.

Доколку викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на главната страница за одреден ден да биде избрана содржина која е од посебно значење за неа поведува постапка согласно правилата за избор на снимка, т.е. содржината мора да биде изгласана за квалитет, содржината мора да има регулирани авторски права.

Предлагачот на снимката потребно е на страницата за разговор да предложи и предлог кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Текстот кој ќе го предложи во описот под содржината исто така оди на главната страница, и ја опишува содржината или нејзините посебности.

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните предлошки: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува 6 часа пред почетокот на денот на објавувањето.

Избрана содржина е содржината која на Ризницата била избрана за снимка на денот освен ако викизаедницата која создава на и ја користи Википедија на македонски јазик смета дека е потребно на Главната страница треба да биде избрана содржина која е од посебно значење тогаш за избрана се смета:

  • содржината која добила најмногу гласови {{за}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, содржини која има добиено помалку гласови {{против}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}} и {{против}}, содржини која има добиено помалку гласови {{воздржан}};
  • доколку повеќе предложени содржини добиле ист број гласови {{за}}, {{против}} и {{воздржан}}, или доколку никој не гласал, содржини која е избрана на Ризницата.

Избраната содржини се поставува на Главната страница. Архива на избрани снимки прикажани на Главната страница во текот на месец јули 2016 година.


1 јули 2016 2 јули 2016

3Д-анимација која го покажува Вториот Фриетов закон на современата остеопатија.

Епизодата „Шерлок Холмс и тајното оружје“ (1943) со Бејзил Ретбон и Најџел Брус.
3 јули 2016 4 јули 2016

Ракун во паркот „Омега“ во Квебек, Канада.

Анимација на вселенското летало „Јунона“ во орбитата на Јупитер.
5 јули 2016 6 јули 2016

Палење на фигура на бик (торито) на Празникот на светлата и музиката во Сантјаго Сапотитлан кај градот Мексико.

Хеликоптер „АгустаВестланд AW119 Коала“ (OH-HVN) на финската гранична патрола.
7 јули 2016 8 јули 2016

„Утро“ од Едвард Григ во изведба на Народниот симфониски орјкестар на Чешка.

Бревтањето на Јупитер снимено со вселенската сонда „Јунона“. Оваа појава е предизвикана од надојдените надзвучни сончеви ветришта кои се загреваат, па се забавуваат од силната магнетосфера на планетата.
9 јули 2016 10 јули 2016

Водоскок пред дворецот Линдерхоф во југозападна Баварија, Германија. Ова е најмалиот од трите дворци изградени од баварскиот крал Лудвиг II и единствениот завршен за време на неговиот живот.

Немиот филм „Скитник“ на Чарли Чаплин претставен во киносалите на 10 јули 1916 г, пред точно еден век.
11 јули 2016 12 јули 2016

Отворање и затворање на Свивачкиот мост во Падингтонскиот басен, Лондон.

Вест од 12 јули 1962 г. за пуштањето на „Телстар 1“ — првиот сателит за телевизија, телефон и брз проток на податоци.
13 јули 2016 14 јули 2016

Елени лопатари (Dama dama) во паркот „Омега“ во Квебек, Канада.

Разнесување на кукла на Јуда на IV Картонски панаѓур во Санта Марија ла Рибера, во градот Мексико на 26 март 2016 г.
15 јули 2016 16 јули 2016

Прогласување на независноста на Филипините на 15 јули 1946 г. На свеченоста говорат претседателот Мануел Рохас и американскиот генерал Даглас Мекартур.

Саксофонистот Давид Ернандо ја изведува „Каприче бр. 5“ од Николо Паганини.
17 јули 2016 18 јули 2016

Палавански клунорози (Anthracoceros marchei) во Лусон, Филипини.

Визенскиот вијадукт (1192 м, Давос, Граубинден, Швајцарија).
19 јули 2016 20 јули 2016

Реакции на птици при средба со беспилотно летало. Северен Тексас, САД.

Тридимензионалниот печатачПруша и3 МК2“ (Prusa i3 MK2) како прозиведува делови за нови печатачи.
21 јули 2016 22 јули 2016

Приклештувач со надворешен навој од типот W како се вовлекува во вретенестото лежиште од повлекувач, приклештувајќи го, па ослободувајќи ја осовината.

Дрвосечeн комбајн „Комацу 941“ на задача.
23 јули 2016 24 јули 2016

Млади снежни леопарди (Uncia uncia) во Салцбуршката зоолошка градина, Австрија.

Бомбардирањето на Хамбург (операција „Гомора“) од 24 јули до 3 август 1943 г. во кое загинале 45-50.000 цивили.
25 јули 2016 26 јули 2016

Батскиот покриен мост на реката Амонусук во Бат, Њу Хемпшир, САД, изграден во 1833 г.

Реставрираниот филм „Страв и копнеж“ (1953), првото остварување на Стенли Кјубрик. Режисерот се обидел да ги уништи сите постоечки ленти, но не успеал.
27 јули 2016 28 јули 2016

Поглед на рушевините на замокот во Халс, кај Пасау, Долна Баварија, Германија, од беспилотно летало.

Човеколик робот|Човеколикиот робот]] АСИМО како игра.
29 јули 2016 30 јули 2016

Гејша како игра во бањата (онсен) „Јуданака“.

Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер објавува дека го зазел Суецкиот Канал. Вест од 30 јули 1956 г.
31 јули 2016

Планински предел во Јута, САД. Прелет со беспилотно летало.

Функција[уреди извор]

  • Избрана снимка на главната страница за месец јули 2016 година.
  • thumb=yes — прикажува снимка во рамка
  • title=yes — приказ на насловот (само ако се користи thumb=yes)
  • caption=no — не прикажувај опис
  • float=left/right — за позиционирање на снимката лево или десно (по основно = left)
  • day — датум за кој се бара снимката на денот