Гејша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гејша

Гејши, Геико или Геиџи се традиционални, женски Јапонски забавувачи, чии вештини вклучуваат изведба на различни јапонски уметности, како што се класична музика и танцување.

Поим[уреди]

Зборот гејша, како и сите именки во јапонскиот јазик, нема посебни форми за еднина и множина во англискиот јазик. Зборот е составен од две канји, 芸 (геи), што значи „уметност“ и ша, 者 што значи „личност“ или „оној што прави“. Најбуквалниот превод на зборот „гејша“ би бил „уметник“ или „уметник на изведба“. Друго име за гејша кое што се употребува во Јапонија е геико, со кое обично се нарекуваат гејшите од западна Јапонија, вклучувајќи го и Кијото. Гејшите почетнички се нарекуваат маико (舞子 или 舞妓)во буквален превод значи дете на танцот) или хангиоку, (半玉),„полускапоцен камен“ (што значи дека тие се платени за половина помалку од целосната гејша), или со побуквалниот термин о-шаку, 御酌,што во буквален превод означува „оној што налева (алкохол)“. Белата шминка, детално украсеното кимоно и фризура на една маико е вистинската претстава за поимот гејша. Жената која влегува во заедницата на гејшите не мора да започне како маико и има можност да ја започне својата кариера како целосна гејша. Се смета дека жената над 21 година е препремногу возрасна за да биде маико и станува целосна гејша по нејзиното влегување во заедницата на гејшите. Меѓутоа, тие што поминуваат низ фазата на маико уживаат поголем престиж подоцна во нивните професионални животи. Во Киото се наоѓаат единствените модерни хангиоку кои што можат да започнат со учење пред да наполнат осумнаесет години. На тој начин, во просек, хангиоку во Токио (кои обично започнуваат на возраст од 18 години) се малку повозрасни од нивните современички во Кијото (кои обично започнуваат на 15 години). Од историски аспект, гејшата често ја започнува најраната фаза на нејзината обука на најмала возраст, понекогаш дури и на возраст од 3 или 5 години. Раните фази на обучување на гејшата, шикоми (служител) и минараи (почетник набљудувач) траеле со години, што е значително подолго отколку во денешно време. Се смета дека гејшата живее во посебна реалност, која што се нарекува карјукаи или „светот на цвеќето и врбата.“ Пред да исчезнат, куртизаните биле разнобојни „цветови“, а гејшите се „врби“ поради нивната остроумност, сила и грациозност.

Историја[уреди]

Потекло[уреди]

Во раните периоди на јапонската историја постоеле женски забавувачи: сабуруко (девојки што служат) најчесто биле девојки чии што семејства биле раселени поради битките во доцните 600-ти. Некои од овие сабуруко девојки ги продавале нивните тела, додека други кои биле подобро образовани заработувале за живот како забавувачи на собири од висока класа. Откако империскиот суд во 794 година го поместил главниот град во Хеиан-кио, градот станал дом на елита која е опседната со убавина и се создале услови за формирање на културата на гејшите. Се појавиле вешти изведувачки, како што се танчерките Ширабуоши. Традицонална Јапонија нудела сексуални задоволства (не е Шинто табу) и мажите не се труделе да им бидат верни на своите жени. Идеалната сопруга била скромна мајка и раководител на домот и, според обичаите на Конфучие, љубовта имала споредна важност. За сексуално уживање и романтични моменти, мажите не оделе кај нивните жени, туку кај куртизаните. Во 16 век се изградени квартови опкружени со ѕидови, а во 17 век биле изградени шогунате, означени како „квартови на задоволство“ во кои „иујо“ („танчерки“) биле класифицирани и лиценцирани, а проституцијата надвор од нив била нелегална. Највисока класа на иујо биле претходничките на гејшите, наречени „Оиран“, комбинација од актерка и проститутка, кои на почетокот настапувале на сцени поставени во сувото речно корито на Камо во Кијото. Тие изведувале еротични танци и пародии, а оваа нова уметност била именувана како кабуку, со значење „да бидеш див и скандалозен“ . Танцовите биле наречени „кабуки“, а тоа го означило почетокот на кабуки театарот.

Појавување на гејшите во 18 век[уреди]

Овие квартови на задоволство набрзо се претвориле во гламурозни центри за забава и нуделе повеќе од секс. Високо образованите куртизани од овие области ги забавувале нивните клиенти со танцување, пеење и свирење. Некои биле познати поети и калиграфи. Со текот на времето, секоја од нив била специјализирана и се појавила новата професија која имала чисто забавен карактер. Првите забавувачи од квартовите на задоволството, наречени гејши, се појавиле пред крајот на осумнаесетиот век. Првите гејши биле мажи кои ги забавувале своите клиенти додека чекале да ги видат најпопуларните и талентирани куртизани (оиран). Предвесници на женските гејши биле тинејџерите одорико (девојки кои танцуваат): скапо-обучени за да бидат девствени танчерки за изнајмување. Во 80-тите години од 17 век, тие биле популано платени забавувачи во приватните домови на високата класа на самураи, иако многу од нив до почетокот на 18 век се насочиле кон проституцијата. Оние кои што не биле повеќе тинејџерки (и кои не можеле да се облекуваат во стилот на одорико) присвоиле други имиња – едно од нив било „гејша“, според машките забавувачи. Првата жена се нарекла гејша во 1750 година и била проститутка Фукагава. Таа била вешта пејачка и танчерка-шамисен, наречена Кикуја, која претставувала невиден успех, со што ги направила неверојатно популарни женските гејши од Фукагавите од 1750 година. Како што се распространувале во 60-тите и 70-тите години од 18 век, многу од нив почнале да работат само како забавувачки (наместо проститутки), често со истото воведување како и машката гејша.

Развој на културата на гејшите[уреди]

Гејшата кои што работеле во квартовите на задоволството во суштина биле затворани и строго им било забрането да продаваат сексуални услуги, со цел да се заштити бизнисот на Оиран. Додека лиценцираните куртизани постоеле за да ги задоволат сексуалните потреби на мажите, гејшите махи создале посебен сегмент како уметници и начитани придружнички. До 1800 година, да се биде гејша било занимавање на жената (иако сѐ уште има неколку машки гејши кои работат денес.) На крајот, наконтените Оирани почнале да излегуваат од мода и станале помалку популатни отколку девојките, „ики“, и модерните гејши. До 1830 година, создадениот стил на гејша бил подрржан од модерните жени низ општеството. Постоеле многу различни класификации и рангирања на гејшите. Некои жени имале секс со своите муштериите, додека други ги забавувале строго со своите уметнички форми. Проституцијата била легализирана до 1900-тите и на тој начин почнала да се проширува во многу квартови низ Јапонија.

Втората Светска Војна довела до пад на уметноста на гејшите, бидејќи голем дел од жените морале да работат во фабриките или да одат на други места за да работат за Јапонија. Исто така, името на гејшата го загуби статусот во тој период, бидејќи пред Американските војници проститутките почнале да се нарекуваат себе си „гејша девојки“. Во 1944 година, сѐ што припаѓало на светот на гејшите било принудено да се затвори, вклучувајќи ги чајџилниците, баровите и куќите, а сите вработени морале да работат во фабриките. Истите биле отворени една година подоцна; само мал дел од жените кои што се вратиле како гејши одлучиле да го отфрлат влијанието на Западот и да им се вратат на традиционалните начини на забава и живот. „Сликата за гејшите е формирана за време на феудалното минато на Јапонија и ова е сликата што тие мораат да ја одржат за да останат гејши“. Гејшите што се вратиле биле оние кои требало да ги вратат назад традиционалните стандарди во професијата, сепак со зголемени права за гејшите. Нема сомнеж дека принудениот секс и наддавањето за невиноста на гејшите се појавиле во периодот пред Втората Светска Војна... Откако Јапонија ја изгуби војната, гејшите се разместиле и професијата почнала да губи од својата вредност. Кога тие повторно се собрале за време на Окупацијата и почнале да цветаат во 60-тите години од 20 век, за време на повоениот економски бум на Јапонија, светот на гејшите се променил. Во модерна Јапонија, девојките не се продавале за договорени услуги, ниту пак биле придудени да влезат во сексуални врски. Денес, сексуалниот живот на гејшата е нејзина приватност. -Лиза Далби „Дали тие или тие не„ (Liza Dalby, Do They or Don’t They)

Пред војната, девственоста на маико се ставала на аукција (во оригинал „мизуаге“) – тоа било забрането во 1959 година, но било сосема нормално во 90-тите години од 20 век, а било настан „на ограничена основа“ во 2001 година. Во нејзината книга, Гејша – Животот, Минеко Ивасаки вели: „Јас живеев во карјукаи во 60-тите и 70-тите години на 20 век, време кога Јапонија беше подложена на радикална трансформација од пост-феудално во модерно општество. Но, јас постоев во одделен свет, специјално кралство чија мисија и идентитен зависеа од заштитувањето на временски-зачуваните традиции на минатото.“

Рангирање[уреди]

На врвот на сложениот систем за рангирање на гејшите се наоѓаат големите дами од Кијото. Гокагаи од Кијото се неговите пет области на гејши, исто така познати како ханамахи („градови на цвеќињата“). Гион Кобу, Понтохо и Камишихикен го имаат највисокиот статус; тие се многу скапи и се посетувани од моќни бизнисмени и политичари (често се смета дека Гион Кабу го има највисокиот ранг). Другите Геико од другите два ханамахи (Гион Хигаши и Мијагава-хо) имаат висок престиж, но се смета дека се еден ранг подолу.

Од другата страна на спектарот се гејшите од жешките извори. Овие гејши работат во спа-одморалиштата и поголемиот дел од Јапонците ги изедначуваат со обичните проститутки. Обично тие се грижат за далеку понеекслузивни господари и се многу поефтини. Ако нивниот приход се надополни со продавање на сексуални услуги, тие се значително поразлични од обичните проститутки; како и сите гејши, тие се обучени според уметноста на јапонските танци и музика. Сепак, гејшите ханамахи се ужаснуваат доколку се категоризирани заедно со гејшите од жешките извори.

Фази на обука[уреди]

Традиционално, гејшите започниваат со нивната обука на многу мала возраст. Некои девојки се поврзан со куќите на гејшите (окија) уште како деца. Овие девојки се нарекувале хангиоку и имале околу девет години. Тоа не беше случај на угледните области и исчезна во 50-тите години од 20 век со забраната на детскиот труд. Ќерките на гејшите често и самите се одгледувани како гејши, обично како наслдници (атотори, што значи „наследник“) или улога на ќерка (мусуме-бун) на окија.

Маико во суштина е ученик и според тоа е врзана со договор за нејзината окија. Окијата ја снабдува со храна, кимона, оби, и други алати од нејзиниот занает. Нејзината обука е многу скапа, а нејзиниот долг мора да ѝ биде отплатен на окијата со нејзината заработка. Оваа отплата може да продолжи и откако маико ќе стане целосно развиена гејша и тогаш само откако нејзините долгови ќе бидат подмирени таа има дозвола да се иссели за дда живее и работи независно.

Маико ја започнува нејзината формална обука за работата како минараи, што во буквален превод значи „учење со гледање“. Пред да го направи ова, таа мора да најде онее-сан („постара сестра“: постара гејша која ќе ја има улогата на нејзин учител). Онее-сан ја има одговорноста да ја донесе кај озашики, да седи и да гледа како онее-сан работи. Ова е начинот на кој што таа ќе има увид за работата и ќе бара можни клиенти. Иако минараи се присутни на озашики (банкети на кои гостите ги послужува гејша), тие не учествуваат на повисоко ниво. Нивното кимоно, понакитено од кимоното на маико, зборува наместо тие. Минараи може да биде изнајмена за забави, но обично не се поканети (сепак добредојдени) гости на забавите на кои присуствуваат нивните онее-сан. Тие наплатуваат само една третина од обичниот бакшиш. Минараи обично работи со одредна чајџилница (минараи-јаја) и учи од окаа-сан (во буквален превод „мајка“, сопственичката на куќата). Од неа, тие учат техники како што се разговор и играње игри, кои не ги учат на училиште. Оваа фаза трае околу есен месец.

По краток период започнува завршната фаза од обуката и учениците се нарекуваат „маико“. Маико (во буквален превод „девојка што танцува“) се гејши ученички и оваа фаза може да трае со години. Маико учат од постарата гејша-учител и ги следат во сите нивни обврски. Врската на онее-сан и имоуто-сан (во буквален превод „постара сестра/помлада сестра“) е важна. Онее-сан ја учи нејзината маико сѐ за работата во ханамахи. Онее-сан ја учи на правилните начини на служење на чај, играње шамисен, танцување, секојдневен разговор и многу други вештини. Онее-сан помага во одбрањето на новото професионално име на маико со канји или симболи кои се поврзани со нејзиното име.

Има три поважни елементи во обуката на маико. Првиот е обука за формална уметност. Тоа се изведува во специјални училишта за гејши кои ги има во секоја ханамахи. Вториот елемент е обука за забавување кое маико го учи во различни чајџилници и забави со набљудување на нејзината онее-сан. Третиот е општествена вештина на управување со сложената општествена мрежа на ханамахи. Тоа се изведува на улиците. Формални поздравувања, подароци и посети се најважните делови на која било општествена структура на Јапонија и за маико, тие се важни за таа да изгради мрежа на поддршка која ѝ е потребна за да преживее како гејша.

Маико се смета за една од највпечатливите глетки од јапонскиот туризам и изгледаат многу поразлично од целосно квалифицираната гејша. Тие се врвот на традиционалната јапонска женственост. Јаката со светлоцрвени реси од кимоното на маикото виси многу слободно врз грбот со цел да го нагласи задниот дел од вратот кој се смета за главна ерогена зона во јапонската сексуалност. Таа става од истата бела шминка за лицето и на задниот дел од вратот, оставајќи две или понекогаш три дела од откриена гола кожа. Нејзиното кимоно е светло и шарено внимателно врзано оби кое виси по нејзините глуждови. Таа се движи со многу мали чекори и носи традиционални дрвени чевли наречени окобо, кои се високи околу десет сантиметри. Постојат пет различни видови на фризури кои ги носат маико, кои ги обележуваат различните фази на нејзиното учење. Фризурата „Нихонгами“ со ленти за украсување на коса „канзаши“ е најтесно поврзана со маико, кои поминуваат многу часови секоја недела кај фризерот и спијат на перници со дупка за да го зачуваат украсениот изглед. Кај маико може да се појави ќелавост на темето предизвикана од триењето со Канзаши лентите и влечењето на косата додека се подготвува фризурата. Ова се поврзува со женственоста на маико, бидејќи потекнува од извлечен јазол во фризурата офуку која маико ја носи по нејзиното мизуаге или прво сексуално искуство (пред кое се носи девствената фризура варешинобу). Од 20 до 22 години, маико се унапредува во целосно-развиена гејша во церемонија наречена ерикае (завртување на јаката). Тоа може да се случи до две до пет години од нејзиниот живот како маико или хангиоку, во зависност од возраста на која дебитирала. Таа сега наплатува целосна сума за нејзиното време. Гејшите остануваат така сѐ додека не се пензионираат.

Доминација на жената во општеството на гејшите[уреди]

Најголемата индустрија во Јапонија не е изградба на бродови, изработка на култивирани бисери или производство на радиа или камери, туку забавата. Терминот гејша буквално се преведува со значење на „забавувач“. Во светот терминот гејша има многу различни толкувања; некои западни земји мислат дека гејшите се проститутки или придружнички на луѓето од високата класа. Дури и некои јапонски граѓани ги гледаат гејшите на тој начин поради гејшите од пониската класа кои ги продаваат своите тела и работат како проститутки. Најголемата погрешна претстава за гејшите е дека тие им даваат сексуални услуги на своите клиенти; најексклузивните гејши не го прават тоа. Нивниот сексуален живот и љубов обично се разликуваат од нивниот професионален живот. Успешната гејша може да го воодушеви својот клиент со музика, танц и разговор. „Гејшите не се покорни и понизни, но всушност тие се едни од најсилните жени во Јапонија кои се финансиски и емотивно успешни, а такви се веќе со традиција.“

Во моментот нема западен еквивалент за гејшата – тие се навистина најбеспрекорната форма на јапонската уметност. -Кенет Чампеон,

Гејшите ги учат традиционалните вештини на танцување и инструменти и држат висок социјален статус. Гејшите се самостојни жени, иако тие можеби имаат многу љубовници или момчиња кои лично ги избираат и кои финансиски ги издржуваат.

Врски со машките гости[уреди]

Привлечноста на гејшата од висок ранг за нејзиниот гостин историски е доста поразлична од привлечноста на неговата жена. Идеалната гејша ги покажувала своите вештини, додека идеалната сопруга била скромна. Идеалната гејша изгледала безгрижно, додека идеалната сопруга мрачно и одговорно. Гејшите понекогаш се венчаат со своите клиенти, но тогаш тие мораат да се повлечат; не постои венчана гејша.

Гејшите понекогаш грациозно флертуваат со своите (често занесени) гости, но тие секогаш се контролираат во границите на гостопримството. Во текот на многуте години поминати во учење тие учат како да се прилагодат на различни ситуации и личности, владеејќи со уметноста на домаќин.

Матријахално општество[уреди]

Жените во општеството на гејшите се едни од најуспешните деловни жени во Јапонија. Во општеството на гејшите жените управуваат со сѐ. Светот на гејшите ќе престане да постои без беспрекорните деловни вештини на жените кои ги поседуваат чајџилниците. Сопственичките на чајџилниците се претприемачи, чијашто услуга на гејшата е навистина потребна за глаткото функционирање на општеството. Мажите не многу често заземаат зависни позиции како што се фризери, стилисти (за облекување на маико потребна е значителна сила) и сметководители, меѓутоа мажите имаат ограничена улога во општеството на гејшите.

Системот на гејшите е основан, всушност, за да се поттикне независноста и економската самостојност на жената. Тоа беше неговата замислена цел и системот всушност го постигна тоа навистина извонредно во јапонското општество, каде што има само неколку насоки според кои жените можат да го постигнат тој вид на независност. -Минеко Ивасаки (наводно, најуспешната гејша на сите времиња) во интервју за Бостон Феникс

Поголемиот дел од жените биле сопруги кои не работеле надвор од нивните семејни обврски. Станувањето гејша било начик на кој жените се издржувале себе си без да стане нечија сопруга. Жените гејши живеат во строго матријахално општество. Жените доминираат. Жените управуваат со кужите на гејши, тие се наставнички, тие управуваат со чајџилниците, тие ги поддржуваат амбициозните гејши и тие водат сметка за финансиите на гејшите. Единствената поголема улога која ја играат мажите во општеството на гејшите е онаа на гостин, иако понекогаш и жените исто така ја имаат таа улога.

Од историски аспект, јапонските феминисти ги гледаат гејшите како експлоатирани жени, но некои модерни гејши се сметаат себе си за слободни феминисти. „Ние го пронајдуваме нашиот начи, без да извршуваме семејни обврски. Нели и феминистите се заложуваат за тоа?“ Овие жени доста млади ги напуштаат своите семејства со цел да се посветат на својата уметност. Тие веруваат дека мажите можат да имаат свој живот, секогаш контролирано, па зошто да не и жените? Исто така, тие „станале умешни во употребата на нивниот свилен шарм за да ги вртат нивните мажи околу малиот прст... да манипулираат со глупавите, несвесни мажи... да направат еден маж да поверува дека тој е единствениот кој ги има брилијантните идеи“. Не сите гејши се идентификуваат себе си со феминизмот и постои грижа дека традицијата на гејшите го забавува напредокот на жените во Јапонија.

Погрешни гледишта[уреди]

Постојат многу погрешни сфаќања за вистината за гејшите, поради бурното минато на занаетчиите, проститутките о квартовите на задоволството во Јапонија. „Светот на гејшите, светот на „цветот и врбата“, се многу посебно општества кои се опкружени со мистерија. Митовите кои се создадени од надворешни ликови за околината и начинот на живеење во светот на гејшите, во најголеми дел со создадени без да се проверат. и поради тоа што тоа е доста приватен, елитен свет, поголемиот дел од луѓето не се чиувствуваат пријатно додека зборуваат за него.“

Проституцијата беше легална во Јапонија сѐ до крајот на дваесетиот век, што е уште една причина поради која луѓето се погрешно информирани дека гејшите им нудат сексуални услуги на клиентите. Значењето за гејшата и проститутката почна значително да се меша поради големиот број на професионални проститутки кои им давале услуги на војниците по Втората Светска Војна и се облекувале како „гејши“; во периодот кога само неколку вистиснки гејши можеле да работат, лажните гејши го присвоиле името на зборот во очите на многу странци.

Модерни гејши[уреди]

Модерните гејши сѐ уште живеат во традиционални куќи за гејши наречени окија во области наречени ханамахи (花街,градови на цвеќињата), делумно за време на нивнотo учење. Многу искусни гејши се доволно успешни за да изберат да живеат независно. Елегантниот свет со висока култура во кој припаѓаат гејшите се нарекува карукаи (花柳界,„светот на цвеќето и врбата“).

Пред дваесетиот век обучувањето на гејшите започнувало кога девојчето има околу четири години. Денес, девојките одат на училиште додека се тинејџерки и тогаш лично донесуваат одлука дали да станат гејши. Младите жени кои сакаат да бидат гејши денес најчесто започнуваат со нивната обука откако ќе завршат основно, средно образование, дури и факултет. Многу жени ја започнуваат нивната кариера кога се веќе возрасни.

Гејшите сѐ уште учат да свират на традиционалните инструменти: шамисен, шакунахи и тапани, а исто така учат и игри, традиционални песни, краснопис, традиционални јапонски танци, церемонии со чај, литература и поезија. Танчерките кои ја црпат нивната уметност од буто (класичен јапонски танц) се обучувани во училиштето Ханајаги, чиишто врвни танчери настапуваат меѓународно. Ихиноне Сахико кореографирала и изведувала традиционални танци во традиционални дворски костуми, кои се одликувале со бавни, формални и елегантни движења од тој класичен период од јапонската култура во кој се обучувале гејшите.

Со набљудувањето на другите гејши и со помошта на сопственикот на чајџилницата, ученичкитр исто така станувале вешти во односите со клиенти и во сложеното традиционално опкружување со одбирање и носење на кимоно, свилена наметка со должина до подот украсена со нејасни, сложени дизајни која во пределот на половината е прицврстена со појас кој се нарекува оби.

Се смета дека денес традицијата на гејшите е најцврста во Кијото, вклучувајќи го и Гион Кобу. Гејшите во овие обасти се познати како геико. Во Токио, постојат ханамахи во Шимбаши, Асакуса и Кагуразака кои се исто така познати. Денес во модерна Јапонија, гејшите и маико се ретка глетка надвор од ханамахи. Во 20-тите години од 20 век, во Јапонија постоеле околу 80 000 гејши, но денес има многу помалку. Точниот број му е непознат на странците и се проценува да е од 1000 до 2000 гејши, најмногу во прибежиштето на гардот Атами. Најчести глетки се туристите кои плаќаат за да бидат облечени како маико.

Бавната економија, намалениот интерес за традиционалните уметности, ексклузивната природа на светот на цвеќето и врбата и високите цени за да бидете забавувани од гејша придонеле за намалување на интересот за традицијата.

Гејшите често се изнајмуваат за да присуствуваат на забави и собири, традиционално во чајџилници (茶屋, Чашицу|окаја) или во традиционални јапонски ресторанти (ријотеи). Цената што се наплатува за времето на гејшата се нарекува сенкодаи (線香代,цена на миризливи стапчиња) или гиокудаи (玉代,„цена на накит“). Во Кијото повеќе се употребуваат термините охана (お花) и ханадаи (花代) со значење „цени на цвеќе“. Клиентот склучува договор со канцеларијата на унијата на гејшите (検番, кенбан), која го има распоредот на секоја гејша и ги закаѓуба нејзините состаноци и за забава и за обука.

Во 2007 година, првата бела гејша дебитираше под името „Сајуки“ во областа Асакуса во Токио.


Уметности[уреди]

Гејшите го започнуваат нивното учење за музиката и танците кога се доста млади и го продолжуваат низ нивниот живот. Гејшите можат да работат и во нивните осумдесети и деведесети и од нив се очекува да вежбаат секој ден, дури и по седумдесет години искуство.

Зборот „гејша“ во буквален превод значи „уметник“ и во доцниот осумнаесети век опишувал палета од јапонски уметнички: широ, забавувачка; кероби, гимнастичарка, кидо, гејша која стои на влезот на карневалите; или јоро, проститутка и тип на жена со која се мешале професионалните гејши со години.

Танцот на гејшата потекнува од танцот кој се изведувал на сцената кабуки. „Дивите и екстравагантни“ танци претворени во посуптилна, стилизирана и контролирана форма на танц. Танцот е екстремно дисциплиниран, слично како и таи-чи. Во секој танц се употребуваат гестови за да се раскаже приказна и само познавачот може да го разбере скриениот симболизам. На пример, краток гест со дланката претставува читање на љубовно писмо, држењето на крајот од марамчето во устата значи кокетирање и долгите ракави од накитеното кимоно често се употребуваат за да симболизираат бришење на солзи.

Танците се придружувани си традиционална јапонска музика. Основен инструмент е шамисен. Во 1750 година бил воведен шамисен во културата на гејшите и бил употребуван од јапонските уметнички со години. Овој шамисен кој потекнува од Окинава, е инструмент со три жици кој наликува на бенџо и се свири со перце (трзалица). Има доста посебен, меланхоличен звук кој често е придружуван од флејта. Овој инструмент е опишан како „меланхолија“, бидејќи во традиционалната шамисен музика постојат само мали третини и шестини. Сите гејши мораат да научат да свират на шамисен, иако за да се научи тоа се потребни години. Заедно со шамисенот и флејтата, гејшите исто така учат да свират на ко-цизуми, мал тапан за на рамо во форма на песочн часовник и голем таико (тапан). Некои гејши не само што танцуваат и свират, туку и пишуваат убави, меланхолични поеми. Други сликаат или компонираат музика.


Гејшите и проституцијата[уреди]

Постои збунетост околу природата на професијата на гејшите. Голем број на луѓе кои не се Јапонци ги сметаат гејшите за проститутки. Меѓутоа, овластените гејши не се обврзуваат за платени сексуални услуги со клиенти. Нивната цел е да го забавуваат низниот клиент, без разлика дали тоа ќе биде со танцување, рецитирање на стихови, свирење на музички инструменти или водење на краток разговор. Ангажманите на гејшите може да вклучуваат и флертување со мажи и интересни навестувања; како и да е, клиентите знаат дека не може да се очекува ништо повеќе. Во социјалниот стил кој е вообичаен во Јапонија, мажите се забавуваат со илузијата за она што никогаш нема да се случи.

Гејшите биле изедначувани со куртизаните од високата класа во периодот Едо, познати како оиран, од кои што тие потекнале. Како и гејшите, и оиран имале накитени фризури и бела шминка, но оиран го врзувале нивниот појас напред. Се сметало дека оби се врзува на тој начин за да може полесно да се отстрани, иако антропологистот Лиза Далби вели дека тоа било така поради навиката на мажените жени во тој период. Проституцијата била легална за време на периодот Едо. Проститутките како што се оиран работеле во обградени области кои имале дозвола од владата. Во седумнаесетиот век оиран понекогаш вработувале мажи наречени „гејши“ за да изведуваат точки на нивните забави. Според тоа, првите гејши биле мажи. Во доцниот осумнаесети век жените кои што танцувале и биле наречени „одорико“ и новите популарни женски гејши започнале да ги забавуваат мажите на банкето во области кои немале дозвола. Некои биле апсени за нелегална проституција и испратени во квартовите кои имале дозвола, каде што била јасна разликата помеѓу гејшите и проститутките, а на претходните им било забрането да продаваат сексуални услуги. Во спротивно, „гејшите махи“, кои работеле надвор од областите кои имале дозвола, често се обрврзувале на нелегална проституција.

Во 1872 година, по обновата Меији, новата влада донесе закон кој ги ослободува проститутките (шоги) и гејшите (геиџи). Формулирањето на овој статут било предмет на контроверзии. Некои службеници сметале дека проститутките и гејшите работеле на различни краеви од истата професија – продавање на сексуални услуги – и дека, според тоа, сите проститутки треба да се нарекуваат „гејши“. На крајот, владата одлучила да ја одржи линијата помеѓу двете групи, објаснувајќи дека гејшите се попрефинети и не треба да се мешаат со асоцијација на проститутки.

Исто така, гејшите кои работеле во градовите онсен, како што е Атами, се наречени гејши онсен. На гејшите онсен им се припишувала лоша репутација поради преовладување на проститутките во тие градови, кои што се претставувале како „гејши“, исто како и груби гласини за танцувачките рутини како што е Шалоу Ривер (во која „танчерите“ го подигнуваат здолништето од своето кимоно сѐ повисоко и повисоко). Спротивно од овие „гејши за една ноќ“, вистинските гејши орсен се, всушност, компетентни танчерки и музичари. Меѓутоа, автобиографијата на Сајо Масуда, гејша онсен, која што работела во Нагано Префектур во четириесетите години од дваесетиот век, открива дека во минатото, таквите жени често биле под интензивен притисок да продаваат сексуални услуги.

Лични врски и дана[уреди]

Гејшите се сами; оние кои што ќе одлучат да се венчаат мораат да се повлечат од професијата.

Во минатото било традиција вистинската гејша да земе дана, или патрон. Дана бил богат маж, понекогаш оженет, кој имал средства за ги поддржи големите трошоци поврзани со традиционалната обука и трошоците на гејшите. Тоа понекогаш се случува и денес, но многу ретко. Гејшата и нејзиниот дана можат, но и не мора, да бидат во врска, но интимноста никогаш не се сметала за награда поради финансиската поддршка на избраниот дана. Традиционалните состаноци и вредности со таквата врска се многу сложени и не се правилно сфатени, дури и од многу Јапонци.

Иако е вистина дека гејшата е слободна да има лични врски со мажите кои ги запонава во нејзината работа, некои врски се внимателно избрани и не се вообичаени. Ханамахи се труди да биде многу тесно поврзана заедница и не се поигрува со добрата репутација на гејшите.

Девојки-гејши[уреди]

„Девојките гејши“ биле Јапонки кои работеле како проститутки за време на Сојузната Окупација на Јапонија. Тие скоро ексклузивно ги услужувале америкаснките војници кои биле сместени во земјата и им се обраќале со „девојки гијша“ (погрешен изговор).

Овие жени облекувале кимоно и го имитирале изгледот на гејшите. Американците кои не биле запознаени со јапонската култура не можеле да ја најдат разликата помеѓу вистинските гејши и овие костумирани проститутки. Се вели дека кратко по нивното доаѓање во 1945 година, американските окупатори се собрале во Гинза и извикувале во еден глас, „Сакаме девојки гијша!“

На крајот, терминот „девојка гејша“ станал општо име за секоја јапонска проститутка или работничка во мизу шобаи и вклучувало служителки во барови и улични придружувачки.

Истражувачите шпекулираат дека девојките гејши се виновни за погрешното толкување на Западот дека сите гејши се обврзани на проституција.

Мизуаге[уреди]

Мизуаге (水揚げ) е церемонија во која учествува маико (гејша-ученик) за да го означи нејзиното созревање. Мизуаге во буквален превод значи „издигнување на водите“ и неговото првобитно значење е истоварување на риба од брод. Со текот на времето, зборот означувал пари собрани од бизнисот за забава. Оваа транзиција често се случува на дваесет години. Гејшата потоа мора да биде способна да застане на силата на нејзините сопствени уметнички изведби и да ја напушти нејзината „постара сестра“.

За време на периодот Едо куртизаните кои улествувале во мизуаге биле спонзорирани од патрон кој го имал правото да ја одземе нивната невиност. Во 1959 година тоа било прогласено за нелегално. Сите маико морале да поминат низ таа церемонија со цел да станат вистински гејши. Откако функција на мизуаге патронот е завршена (или одземање на невиноста на младата маико), тој не смеел да има понатамошни врски со девојката.

За мизуаге на една маико се добивала голема сума на пари која се употребувала за претставување на нејзиното дебитирање како гејша. Церемонијалното одземање на невиноста на Гешјшите не само што било комерцијална трансакција, туку и обред на преминување: Вистинската гејша била софистицирана „професионална жена“ од која се очекува да има буквално познавање за спротивниот пол.

Технички, мизуаге е нелегално. Сепак, тоа е едно од оние нешта кои иако официјално се негирани, сепак без сомнение се случуваат тајно. Штом ученичката маико ќе ја надмине возраста на сознавање, тие одлучувале дали ќе имаат мизуаге или не, и повеќе не е задолжително да се одземе невиноста за да се достигне до возраста на гејша. -Лиза Далби, Ист Винд Мелтс д Ајс (Liza Dalby, East Wind Melts the Ice)


Изглед[уреди]

Изгледот на гејшата се менува со текот на нејзината кариера, од младешката, пренакитена маико, до посериозниот изглед на постара, вистниска гејша. Различните фризури и игли за коса означуваат различни фази од развојот на младата девојка и важен е секој детал, дури и да незначаен, како што е должината на веѓите. Младите имаат кратки веѓи, додека долгите веѓи означуваат зрелост.

Шминка[уреди]

Денес, традиционалната шминка на гејшите-ученици е една од нивните најпрепознатливи карактеристики, иако вистинските гејши во принцип носат бела шминка на лицето која е карактеристична за маико само за време на специјални изведби.

Традиционалната шминка на гејшата-ученик се одликува со густа бела основа со црвен кармин и црвено и црно нагласување на пределот околу очите и веѓите. На почетокот белата маса била изработувана од графит, но по откривањето дека ја труе кожата и предизвикува ужасни проблеми на кожата и грбот на постарите гејши кон крајот на ерата Меији, таа била заменета со пудра од ориз.

Нанесувањето на шминката тешко се усовршува и претставува процес кој одзема доста време. Шминката се нанесува пред облекувањето со цел да се избегне валкање на кимоното. Прво, на кожата се нанесува восочна или мрсна супстанција, наречена бинтсуке-абура. Потоа, во вода се меша бела пудра и откако ќе се добие паста се нанесува со бамбусова четка почнувајќи од вратот па нагоре. Белата шминла го покрива лицето, вратот и градите, со две или три непокриени области (формирајќи W или V облик, обично традиционален W-облик) кои се оставаат лево на задниот дел од вратот, за да ја нагласат таа традиционална област, и линија од гола кожа околу косата, која создава илузија на маска.

Откако основниот слој е нанесен, со сунѓер се поминува низ целото лице, врат, гради, заден дел од вратот, за да се отстрани вишокот на влажност и да се изедначи основата. Со следниот чекор се исцртуваат очите и веѓите. Традиционално, се употребувал јаглен, но денес се употребува модерна козметика. Веѓите и надворешните агли на очите се исцртуваат со црна линија со остар јаглен; маико исто така нанесува црвена линија околу нејзините очи.

Усните се исцртуваат со мала четка. Бојата се чува во малечко пакување и се растопува во вода. Се додава и кристализиран шеќер за да им даде на уснитe блескав изглед. Гејшата ретко ги исцртува и двете усни во западен стил, бидејќи белата боја создава оптичка илузија и целосното исцртување на усните прави тие да изгледаат премногу големо. Долната усна се исцртува делумно, додека горната се остава целосно бела кај маико во нејзината прва година, по што и горната усна исто така се исцртува. Новите целосни гејши целосно ги исцртуваат ссамо нивните горни усни. Поголемиот дел од гејшите целосно ја исцртуваат горната усна, а на долната исцртуваат само искривена линија, која што не го следи обликот на усната. Гејшите ги заобиколуваат долните усни за да создадат илузија на пупка од цвеќе.

Некои маико кои се во последната фаза на нивната обука понекогаш за кратко нанесуваат црна боја на нивните заби. Тоа било честа појава кај жените во Јапонија кои биле во брак и, пред тоа, во империскиот суд, но останува како таква само во некои области. Таа постапка се практикува делумно поради жолтиот изглед на необоените заби во контраст на белата шминка; нанесувањето на црна боја на забите значи дека тие „исчезнуваат“ во мракот на отворената уста. Оваа илузија, секако, е поистакната од далечина.

Во првите три години маико ја носи оваа тешка шминка скоро секогаш. Во нејзиниот почеток маико добива помош за нејзината шминка или од нејзината онее-сан, или „постара сестра“ (искусна гејша која е нејзин ментор), или од окаа-сан, или „мајката“ на нејзината куќа. По овој период, таа сама ја нанесува шминката. Откако маико работи три години, таа ја менува нејзината шминка во поSUBDUED стил. Причината за тоа е нејзината зрелост, а поедноставниот стил ја покажува нејзината природна убавина. Сепак, гејшата нанесува бела шминка за формални настани. Гејшите кои имаат повеќе од триесет години нанесуваат бела шминка само за оние посебни танци кои го бараат тоа.

Облека[уреди]

Гејшите секогаш носат кимоно. Гејшите-ученички носат доста шарено кимоно со екстравагантен појас. Појасот секогаш е во посветла боја од кимоното што таа го носи со цел да даде извесен егзотичен баланс. Маико го носат појасот во стил „дарари“ (појас што виси). Постарите гејши носат по дискретни шари и стило (најчесто појасот е врзан со поедноставен јазол, кој го практикуваат жените во брак познат како „таико мусуби“, или (太鼓結び) „цилиндричен јазол“.

Кимоното на гејшата-ученик, освен тешкиот појас, има ракави во облик на џеб, наречени „фури“, кои се влечат до подот. За време на танците или изведбите, ученичката мора повеќе пати да ги завитка ракавите околу нејзините раце за да го избегне паѓањето.

Бојата, шарите и стилот на кимоното зависи од сезоната и настанот на кој присуствува гејшата. Во зима, гејшите можат да се видат во хаори со должина од три четвртини, обрабена со рачно обоена свила преку нивното кимоно. Обрабените кнона се носат во постудените периоди, додека обичното кимоно за време на летото. За да се заврши едно кимоно се потребни од две до три години, поради сликањето и украсувањето.

Геико носи црвено или розево нагајубан, или под-кимоно. Маико носи црвено под-кимоно со бели шари. Појасот на младата маико е претежно црвен со бели, сребрени или златни украси. Од две до три години од нејзиното учење, црвениот појас е целосно икрасен со бели шарки (ако се набљудува од предната страна) за да ја покаже нејзината возраст. Кога веќе има околу 20 години, нејзиниот појас преминува од црвена во бела боја.

Гејшите носат рамни сандали, зори, додека се надвор од куќата, а додека се во неа носат само таби (бели чорапи со разделени прсти). Кога е студено, гејшите носат високи, дрвени цокули, наречени гета. Маико носи специјални дрвени цокули, познати како окобо.

Според работните закони, девојките не смеат да го започнат учењето во светот на гејшите пред осумнаесте години (со исклучок на Кијото, каде што петнаесетгодишни девојки стануваат маико-ученик со полно работно време), но пред тоа тие почнуваа на возраст од единаесет или дванаесет години за веќе на осумнаесет да бидат вистински гејши. Минеко Ивасаки, инспиративниот лик за „Мемоарите на една гејша“ на Артур Голден, објаснува: „Перфекцијата е целосната идеја. Поради тоа ни е потребна толку долга обука. Ние не можеме да им наплатуваме на гостите за да гледаат во несовршеност. Мора да биде перфектно.“

Фризури[уреди]

Фризурите на гејшите се менувале низ историјата. Во минатото, жените ги носеле нивните коси пониско, додека во други периоди високо средени. За време на седумнаесетот век, жените почнале повторно високо да ги средуваат своите коси и во тој период се развила трдаиционалната фризура шимада, вид на традиционална пунџа (шињон), која ја носат поголемиот дел од вистинските гејши.

Постојат четири видови на шимада: шимада така, висока пунџа која обично ја носат млади, невенчани жени; шимада цубуши, порамна пунџа која обично ја носат постарите жени; иувата, пунџа која обично е прицврстена со парче обоен памучен креп; и фризура која наликува на поделена праска, која ја носат само маико. Таа фризура понекогаш се нарекува „Моноваре“, или „поделена праска“. Познати се и фризурите: Офуку, Кацујама, Јако-шимада и Сако. Маико од Мијагава-чо и Понточо носи дополнителни шест фризури, на чело со Сако, вклучувајќи ги Умемодоки, Ошидори но Хина, Кикугасане и Осафуне.

Овие фризури се декорирани со накитени чешли и игли за коса (канзаши). Во седумнаесетиот век и по обновата Меији, шнолите за коса биле големи и нападни, обично повеќе украсени кај жените од повисоката класа. По периодот на обновата Меији и во модерната ера повеќе се употребувале помали и помалку нападни чешли за коса.

Гејшите спиеле со мали потпори (такамакура) под нивните вратови, наместо шерници, за да можат совршено да ја одржат нивната фризура. За да се зајакнат оваа навика, нивните ментори истурале ориз околу основата на потпората. Ако гејшата се лизне од потпората додека таа спие, оризот ќе се залепи на кремата од нејзината коса. Дури и ако нема никакви оштетувања, маико ја средува својата коса секоја недела. Многу модерни гејши употребуваат перики во своите професионални животи, додека маико ја употребуваат сопствената коса. И двете групи редовно се третирани од високо обучени стилисти. Традиционалните фризури претставуваат уметност која полека изумира. Со текот на времето, фризурата може да предизвика ќелавост на темето на главата.

Во популарната култура[уреди]

Зголемениот интерес за гејшите и нивниот егзотичен изглед создал различни популарни културни феномени и во Јапонија и на Западот. Интересот на Западот за гејшите се зголеми со романот од 1997 година и филмот од 2005 година Мемоарите на една гејша и автобиографијата на поранешната гејша Ивасаки Минеко, насловена како Гејшата од Гион.


Фотографии[уреди]

  • Девојка го наследува животот на Маико(гејша-ученик) (2007) од Наојуки Огино во галеријата на Канон во Јапонија;
  • Патувањето на една гејша (2008) Фотографии од Наојуки Огино, текст на Комомо, ISBN 978-4-7700-3067-2, Kodasha International
  • Гејшата од Потончо (1954) од П.Д. Перкинс. Фотографии од Френсис Хаар. Објавени од Токио Њус Сервис

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]