Робинзон Крусо
Од Википедија
Робинзон Крусо (англиски: Robinson Crusoe) е роман од Даниел Дефо, првпат објавен во Англија во 1719. и се смета за прв англиски роман. Книгата е замислена автобиографија на насловниот лик, англичанец кој преживеал бродолом и останал да живее 28 години на пуст тропски остров во близина на Венецуела. Таму се сретнал со домородци, заробеници и побуненици, пред да биде спасен и вратен во родната Англија.
Се верува дека приказната е инспирирана од вистинско искуство на Александер Селкирк, шкотски морнар кој живеел повеќе од четири години на некој тропски остров во близина на Чиле.
Книгата го доживеала првото издание на 25. април 1719. Нејзиниот целосен наслов бил „Животот и изненадувачките авантури на Робинзон Крусо од Јорк, морнар кој живеел дваесет и осум години сам на ненаселен остров на крајбрежјето на Америка, близу до устието на големата река Ориноко; откако бил исфрлен на брегот од бродолом, додека сите други загинале освен него. Со осврт на тоа како најпосле чудно бил донесен од пиратите. Напишано од него.“.
Книгата веднаш наишла на позитивен и универзален прием. Пред истекот на годинатa биле отпечатени четири изданија, а неколку години постигнала поголема читаност од било која книга напишана на англиски. До крајот на 19. век ниедна книга во историјата на западната литература немала толку изданија, преводи и адаптации како Робинзон Крусо.[1]
Содржина |
[уреди] Приказна
[уреди] Патување кон непознатото
Со својата преголема желба, Робинзон - како лекомислен и непослушен син, заминува од дома и се качува на брод заедно со останатите морнари. Бродот испловува на 1 септември 1651 година, кога Робинзон има осумнаесет години. Пред да излезат од устието Хамбер, задувал силен ветер и голема бура го зафатила бродот. Додека траела бурата Робинсон се каел што ги напуштил своите родители и си ветил дека ако преживее ќе се врати дома. За кратко време бурата стивнала и тие пристигнале во Јармут. Но таму Роминзон заборавил на своите ветувања и мисли за брзо враќање дома. Наместо да се врати во Јорк, Робинсон заминал за Лондон кадешто запознал еден постар капетан кој му прадложил да патува со него. Тоа патување во Африка и Нова Гвинеја било единственото среќно патување за Робинсон. Но по враќањето во Англија стариот капетан починал, и Робинсон бил принуден своето второ патување да го изведе без неговата помош. На тоа патување Робинсон бил заробен од пирати - Турци од Салех. Откако живеел неколку години како роб во Мароко се запознал со едно момче по име Ксури и заедно успеале да побегнат. Пловеле долго време со чунот се додека не здогледале еден португалски кораб кој ги однел во Бразилија. Таму Робинзон останал неколку години и направил плантажа со шеќерна трска. Живеел среќно се до моментот кога повторно се качил на кораб.Коработ тргнал на 1 септември 1659 година (истиот ден во кој 8 години порано побегнал од дома). После дванаесетиот ден од нивната пловидба задувал силен ветер и голема гура го зафатила коработ. Коработ не ги издржал силните бранови и ветерот и се распарчил. Робинзон бил во бесвест, а кога се освестил сватил дека е единствениот преживеан во бродоломот. Откривајќи дека се наоѓа на пуст остров, Робинзон Крусо како да ја гледа смртта пред очи. Без храна и вода, без облека и оружје, изнемоштен и завиен во таинственост, тој се покајува што ги напуштил родителите и својата татковина, но веќе е доцна. Во неговите очи се станува непирајтел - шумењето на дрвјата, крикот на вознимирената птица, острите очи на непознато животно. Очекувајки во секој момент да биде распарчен од некој крволочен ѕвер, а не мајќи никаква можност да го напушти островот, Робинзон Крусо останува во оваа дивина, подготвувајќи да се одбрани од секаков непријател.
[уреди] Преживување на островот
Од оштетениот брод, успева да ги земе залихите на храна, облеката, оружјето, барутот, алатките и се она што може да го искористи за создавање на свој дом. Охрабрен почнува да го создава необичното живеалиште, да го осигури од секва опасност и полека почнува да го открива таинствениот остров.
Преку ловот обезбедува месна храна, од некулкуте семки јачмен и ориз (кои му се истурија на земјата набрзо по пристигнувањето на островот) добива жито, а од фатените диви кози и јариња создава свое мало стадо. Робинзон Крусо се помирува од самотијата, наоѓа некакво свое спокојство, надевајќи дека еден ден, додека сѐ уште е жив, ќе биде откриен и спасен.
[уреди] Појавувањето на човекојадците
Појавувањето на дивите луѓе од други земји, човекојадците кои доловуваат на брегот на пустиот остров да ги изедат своите жртви, кај Робинзон создава страв и гнасење. Но, потоа со спасувањето на жртвата на човекојадците, што Робинзон го нарече Петкан, се раѓа нова надеж за спасување од пустелијата. Робинзон почнува да го учи петкан да комуницира и да се однесува пристојно. Петкан е единствениот голем и верен пријател на Робинзон Крусо по бродоломот.
[уреди] Робинзон на пат кон дома
Едни побунети морнари се побуниле против капетанот на еден англиски брод, и ги довеле на островот. Робинзон, заедно со Петкан, повторно го покажува својот воинствен талент и ги ослободува капетанот, неговиот помошник и уште еден патник. Потоа сите заедно ги заробуваат побунетите морнари и го освојуваат бродот со кој тргнуваат на пат кон Англија. Робинзон Крусо по цели 28 години заробен на тој проколнат остров, конечно се враќа дома во цивилизацијата. Под негова команда, што ја почитуваат покаените бунтовни морнари, бродот се одалечува од пустиот остров и конечно испловува кон Англија.
[уреди] Краток опис на Даниел Дефо
Писателот на овој роман исполент со многу авантури и доживувања Даниел Дефо бил талентиран журналист, политичар, трговец и основач на релистичкиот роман на новиот век.
[уреди] Извадок од романот „Робинзон Крусо“-Даниел Дефо
„ Наскоро откако се доселив на островот, оденаш ми текна дека ќе ми се измеша времето и дури и ќе престанам да ги разлкувам неделите од далечните дни, ако не направам календар. Календарот го направив вака: Со секира изделкав голема греда и ја забив во песокот на брегот. На истото она место каде што ме исфрли бурата, а врз оној столб заковав накрсно една штица на која со јадри букви ги изрежав селдните зборови „Овде прв пат стапив на 30 септември 1659 година“ Оттогаш секој ден на столбот делкав по една реска во вид на куса цртичка. По секој шест цртички правев една подолга - тоа означуваше недела, а реската што го означуваше првиот ден од секој месец, ја правев уште подолга. На тој начин го водев мојот календар, одбележувајќи ги дните, неделите, месеците и годините.“