Бикини (атол)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Маршалските Острови

Во Тихиот Океан се наоѓа и атолот Бикини кој е дел од Маршаловите Острови. Знамето на Бикини е засновано на знамето на САД. Покрај црвено-белите риги содржи и 23 ѕвезди кои ги претставуваат островите на Бикини Атолот. Трите црни ѕвезди во горниот десен агол ги симболизираат трите острови кои исчезнале при тестирањето на 15 мегатонската атомска бомба на 1 март 1954 г. Двете црни ѕвезди во долниот десен агол ги претставуваат двата острова на кои жителите на Бикини биле присилно евакуирани. Употребата на истиот дизајн како и американското знаме е со цел да ја прикаже одговорноста која владата на Соединетите држави по атомските тестови ја имаат кон Бикинијанците. На знамето пишува и OTEMJEJ REJ ILO BEIN ANIJ (Сè е во божји раце) за да потсетува на барањето на владата на САД островот привремено да го изнајми за доброто на човештвото.

Поврзано[уреди]