Малоелап

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Малоелап

Сателитска снимка на Малоелап.
Малоелап се наоѓа во Маршалски Острови
Малоелап (Маршалски Острови)
Географија
Местоположба Тихи Океан
Координати 8°45′00″ СГШ 171°04′00″ ИГД / 
Архипелаг Ратачки Острови
Вкупно острови 71
Површина 9,8 км2
Земја
Демографија
Население 856 (1999)
Народности Маршалци

Малоелап (маршалски: M̧aļo-eļap[1]) е корален атол составен од 71 мало островче во Тихиот Океан. Атолот е дел од Ратачките Острови во Маршалските Острови и воедно атолот сочинува една од општините во државата. Атолот има вкупна копнена површина од 9.8 километри квадратни, а има лагуна од 972 километри квадратни. Атолот се наоѓа северно од Аур. Според податоците од 1999 година, атолот имал население од 856 жители. Најголеми островчиња на толот се Тароа, административен центар на атолот, и Кабен. Покрај овие две, уште и Ајрук, Волот и Џанг се населени.

Историја[уреди]

Како и останатите Маршалски Острови, така и за овој атол Германија тврдела дека е под нејзина управа. По Првата светска војна атолот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Атолот станал дел од независни Маршалски Острови во 1986.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]