Уџеланг

Сателитска снимка на Уџеланг. |
Уџеланг (Маршалски Острови)
|
| Географија |
| Местоположба |
Тихи Океан |
| Координати |
9°49′20″ СГШ 160°54′00″ ИГД / 9.822222, 160.9 |
| Архипелаг |
Ралички Острови |
| Вкупно острови |
30 |
| Површина |
1,86 км2 |
| Земја |
|
|
| Демографија |
| Население |
0 |
Уџеланг (маршалски: Wūjlan̄[1]) е ненаселен корален атол во Тихиот Океан составен од 30 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот има вкупна површина од 1.86 километри квадратни и лагуна од 185.94 километри квадратни. Атолот е на 217 км југоисточно од Еневетак, под чија општина и се наоѓа атолот.
Историја [уреди]
Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава. Атолот станал емиграциски центар на луѓето од Еневетак (преселување поради нуклеарни тестирања од Западните Сили), па така во 1947 имал население од 145 а во 1973 342 жители. Сепак населението се вратило на Еневетак во 1980 година и островот повторно станал ненаселен.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]