Вото
Од Википедија, слободната енциклопедија
Сателитска снимка на Вото. |
|
|
|
|
| Географија | |
|---|---|
| Местоположба | Тихи Океан |
| Координати | |
| Архипелаг | Ралички Острови |
| Вкупно острови | 13 |
| Површина | 4,33 км2 |
| Земја | |
| Демографија | |
| Население | 160 (1998) |
| Народности | Маршалци |
Вото (маршалски: Wōtto[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 13 мали островчиња. Атолот сочинува една од општините во Маршалските Острови и е дел од Раличките Острови. Вкупната површина на атолот е 4.33 километри квадратни, а лагуната има 94.92 километри квадратни. Името значи „влез низ гребен“ или „далечен остров“. Според податоците од 1998 година, на атолот живееле 160 жители.
Содржина |
Историја [уреди]
Островот бил порано именуван како Шанцов Остров, по Јохан Еберхард фон Шанц, откривач на островот во 1835[2]. Во 1884 година атолот бил под германска управа, по Првата светска војна под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.
Наводи [уреди]
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
||||||||||||||