Ајлинглаплап

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Ајлинглаплап

Сателитска снимка на атолот.
Ајлинглаплап се наоѓа во Маршалски Острови
Ајлинглаплап (Маршалски Острови)
Географија
Местоположба Тихи Океан
Координати 7°24′ СГШ 168°45′ ИГД / 
Архипелаг Ралички Острови
Вкупно острови 56
Површина 14,7 км2
Земја
Демографија
Население 1959 (1998)
Народности Маршалци

Ајлинглаплап (маршалски: Aelōn̄ļapļap) или Ајлинглапалап е корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот е составен од 56 мали островчиња и воедно претставува една од општините во државата. Ајлинглаплап се наоѓа152 километри северозападно од Џалуит. Атолот има вкупна површина од 14.7 километри квадратни, а во средината има лагуна која има површина од 750 километри квадратни. Економијата на атолот е зависна од плантажи со кокос. Според податоците од 1999 година, на атолот живееле 1.959 жители. Името на атолот во превод значи „најголем атол“ и името е пврзано со верувањето дека најголемите легенди на Маршалците потекнуваат од овој атол. На атолот има четири населени места: Воџа, Џех, Ајрок и Боуџ.

Содржина

Историја [уреди]

Германија во 1884 тврдела дела Ајлингалаплап е под нивна контрола, како и останатите Маршалски Острови. По Првата светска војна островот бил под јапонска управа, а по Втората светска војна под американска управа. Со независноста на Маршалските Острови, атолот станал дел од новата држава.

Инфраструктура [уреди]

На атолот има 3 писти, кои се во надлежност на Air Marshall Islands:

Поврзано [уреди]

Надворешни врски [уреди]